Колумни

Атина Белески: АМАН ТЕ ЛУЃЕ, ШТО ПРАВИТЕ ПОБОГУ?!

ЕБР во Вевчани апси, тепа народ и пресреќна од како го растури Вевчанскиот карневал, си замина!!!
Колку и да сака човек смирен да остане, не е возможно! Нема ден да не помине со скандал, не ден што пишувам, во еден ден по неколку скандали, човек не возможно е се’ да испрати. Оваа Влада ги надмина сите претходни по ИДИОТИЗАМ!

Кој ве плаќа полицајци од ЕБР? Народот или некој си Премиер и министер од својот џеб, со свои пари за свој кеиф? Кому му служите вие и чии сте? Овие што ги млатите и приведувате не се криминалци, погрешно ве учеле очигледно, затоа сте така криво насадени, криминалците ги пуштате на слобода, промашувате или едноставно не смеете да ги апсите! Ама сила на чесен народ, истренирани сте да покажувате!
👉Вака не чувате, вака ни ја чувате татковината, од кого не чувате, самите од себе не чувате?! Тие што ги млатите и апсите, браќа и сестри ви се, Македонци се како вас! Награда ќе добиете сега? Покачување на плата или напредување во кариера? Кои идиоти сте вие, одродени од родот свој? Мирно ќе спиете, денес, утре, задутре…..?!
👉Многумина ме прашуваат зошто ЕБР, бидејќи Струга е дел од Агендата STRONG CITIES при ООН од 2015 година, ете затоа!
Си плукнавте во лице на себе и на се’ што е Македонско, вие не сте Македонци!
Вие сте квислинзи – крвници, удривте на нашата традиција, на нашите обичаи! Истото беше пред Божиќ, апсени Македонци од бадникарски оган, апсени верници и свештеник за Божиќ, литургиите биле проблем, лажичката за причест! Се’ што е Македонско да се уништи, да не постои, чунки граѓани и граѓанки сме, народ, религија и обичаи не постојат, и не смеат да постојат Христијанството и Православието!
👉Спомнете ми уште еднаш, “едно општество за сите”, кога ќе дојдат верските празници на другите конфесии! Не сум националист, верски фанатик, сакам мир и соживот, ама како да не беше доволно Велигден 2020, Духовден 2020, Божиќ 2020, Нова година, Божиќ 2021, кај ќе ви оди душата ИЗРОДИ?! Јас со душа ќе ви ги чекам ПАРАДИТЕ НА ГОРДОСТА, и сатанистичките изложби, за да еднаш за секогаш расчистиме кој е хомофоб!
👉Вечерва се изнагледав слики од скопски меани, каде наши сограѓани, испоседнати на астали по осум до десет души, без дистанца, вртат погачи за паричката да ја пронајдат! Толку од мерките и протоколите за смртоносниот вирус! Селективната правда, НЕ Е ПРАВДА!
👉Ова не оди на арно, и колку и да сакам, нема да заврши со убаво!
👉 Ги чекам со душа оние за кои сум теоретичарка на заговор и фејсбук експерт, бујрум еднаш за секогаш да се отераме у бестрага и никогаш веќе да не се сретнеме!
👉Седете по дома, сеир гледајте и чекајте чудо да се случи, прицот спасител да се појави во пет минути до дванаесет часот вечерва, пред да почнете оркестрирано Стара Нова т.е. Православна Нова година да честитате!
👉Терајте си ги сите адети, вие сте од оние кои со златна лажичка јадат, додека другите гинат и се жртвуваат за вас! Лажни верници, фејсбук верници, за вас знам дека традицијата и обичаите се назадни и пагански, оти вие сте прогресивните, оние кои се спремни од се’ да се откажат, па и од себе си, во името на општото светско лудило, оти сте конформисти и сте по модата! Како ќе ви свирнат, така ќе заиграте и запеете, бидејќи сте во тек со светските трендови!
👉Не примам честитки, немам што да славам, душата ми трепери, а срцето ми тагува, одминете ме слободно!
👉НА 13.01.2021 ЏОРЏ ОРВЕЛ ВОСКРЕСНА ВО МАКЕДОНИЈА!

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment