Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : БАЛ НА ДУХОВИ

It's time to get real about prayer - Bear Woznick :: Deep ...

                                                   БАЛ НА ДУХОВИ!

Хороров го ветив, од X причини доцни, забави ама не и заборави! Бидејќи медицинскиот хорор е на цена, и мојот таков ќе биде. Ако овој не ви биде доволен, кажете слободно јас имам уште во прво лице и од други бранши!
–  На мои 3,5 години неколку дена после погребот на мојот чичко, мојата мајка беше хоспитализирана. Бевме на одмор во Охрид и одеднаш од никаде, на мајка ми и се слоши. Моравме да се вратиме назад дома. Бледо се сеќавам на чичко ми, знам мајка ми и татко ми ме носеа на посета кај него во Државна болница. Почина млад на 35 години, работеше во ОХИС во погон за производство на жива. Живата што ја вдишувал му ги уништија бубрезите. Многумина навреме предупредени си дале отказ! Чичко ми е прво лице во Р. Македонија заведен со такво оштетување на бубрезите. Во учебниците на Медицинскиот факултет студентите по предметот нефрологија учат за него со име и презиме. Кога бирав тема за дипломска работа, се надоврзав на мојата семинарска од трета година на студии. Приватизацијата на ОХИС, дипломската му ја посветив на чичко ми, на татко ми кој некогаш таму работел на кратко, но и на друг чичко кој таму работеше како правник и 22 години беше инвалид-бубрезите му откажаа, мораше да оди на дијализа. Сретнав многу колеги на чичко ми, кои ми ја разбраа намерата и несебично ми помогнаа со информации за мојата дипломска да биде одлична.
– Мајка ми ја хоспитализираа, ние дома јас, брат ми и татко ми се снаоѓавме. Татко ми одеше на работа, мене ме чуваше брат ми. Имаше денови кога и нас не носеше со него на работа. Шетавме со брат ми низ ходниците на старата зграда на ПТТ со округлите прозорци. Koja сеуште ја краси улицата Орце Николов, како сведок за едно време. Имаше добри тетки и чичковци, кој денот ни го правеа интересен. Имаше и Директори кои не гоштеваа во канцелариите, како ВИП гости да сме. Ги помнам сите, повеќето не се живи но овој мој хорор посветен e на сите нив. Не можам никаде свеќа да им запалам, затоа овде низ солзи ќе ги отпоздравувам.

Татко ми не се снаоѓаше баш најдобро, толку супа во остатокот од животот не стигнав да изедам. Пола од алиштата беа ишарани со сите бои што се нашле во машината. Мајка ми беспомошна бледа и ослабена, кога ме здогледа не исчешлана со згужван и избоен фустан, образите и заруменија. Да не бевме јас и брат ми, од денешна перспектива мислам дека ќе го задавеше татко ми. Но на посетите почна да доаѓаат и блиски роднини,пријатели…. На една од посетите две роднини сега покојни, разговараат меѓу себе, јас дете малку поголема од син ми. Трчам околу нив и слушам, видија душичка едвај стои, страшно е, греота за децата, ќе умре! Кога ме здогледаа дека гледам во нив, занемеа и почнаа да ме гушкаат и бакнуваат. Тоа умре, долго време ми одѕвонуваше во главата, не знаев што е, што значи, но по изразот на нивните лица знаев дека е нешто лошо. Со денови од тогаш дури мајка ми не оздраве и не се врати дома, немав мир. Собните папучи на мајка ми ги чував под креветот, и кога и да помислев на неа ги гушкав и така успевав да заспијам. Татко ми се чудеше секое утро, кога ќе ме видеше заспана со папучите во раце. Имаше ноќи кога сон не ме фаќаше, глумев дека спијам. Брат ми од како ќе заспиеше, со папучите во раце на прсти се искрадував до прозорецот, и со саати гледав во месечината и ѕвездите.
– Но еден викенд го осетив првиот шамар од животот. Реши татко ми да не прошета до вилаетот, неговото родно место. Каде имавме куќа, но и остатокот од најблиските роднини имаа свои. Ние децата се игравме, трчавме, јас помала од другите, не можејќи да ги стигнам паднав во кал. Омилениот фустан на мајка ми го скинав, бев како прасе извалкана. Татко ми како секој маж, проблемот помисли да го реши со „преџи муко на другог“. Реши да побара некоја од стрините да ме избања и фустанот да го испере. Помнам го молев да не одиме, но тој ме фати за рака и тргнавме во поход. Отидовме во куќата кај првата стрина, ја замоли но таа кажа дека има работа, „немам време извини“. Го влечев да не оди кај втората, се сокрив одзади него да не ги гледам в очи, и втората го кажа истото. Стигнавме и до третата истиот изговор. Четвртата беше малку подалку од нашиот атар, таа ни беше последен спас. Не остави татко ми да ја доврши речницата, ја виде тагата во моите очи. Ме зема во раце и ме изгушка како што само таа знаеше. Ме избања, ме исчешла ми врза реп,фустанот го испра, ми направи ручек. Од како се најадов, ми раскажуваше приказни седејќи и во скутот. Тоа е мојата стрина Даница душа од човек, премногу го сакаше татко ми, и сите нас. Овие шамари тогаш ме научија да го гледам во луѓето и она скриеното, гледајќи им во очи да им ја видиш душата, да го разбереш молкот и она што не е кажано и премолчено. Стрина ми Даница беше хероина на моето детство, има посебно место во моето срце и душа. Почина далечната 2001, жената која прва ме видела и држела во раце. Жената која ми раскажуваше какво бебе сум била, ми кажуваше и како ме благословувала. Ех Данице моја, и мојот пат како и твојот беше Одисеја, со многу трње а малку орхидеи, почивај во мир душо мој!
– Мајка ми се опоравуваше, беше подобро и еден ден ни се врати дома. Со подароци за мене и брат ми. Помнам имаше сплетено чанти, ја научиле цимерките од болничката соба. Од некои посебни конци, за неа и иста таква помала за мене. Животот си врвел, следно на што се сеќавам од далечното минато е јас на пет години. Од нигде никаде, бидејќи не одев во градинка добив овча сипаница, и брат ми го заразив. Полесно поминав за разлика од него. Но за многу кратко време не помнам дали било недела или две, заболев од морбили. Овојпат само јас! Долго време горев од температура, бев затворена во соба, само мајка ми и татко ми ги гледав. Не знам колку долго! Можеби повеќе од две недели, во близина живееа ромски семејства. Некои од нив загрижени што не ме гледаат, дојдоа да се распрашаат.

Го слушав муабетот, од мојата соба. Наводно имало некакви зрнца кои се продавале на Бит пазар, тие ќе ми помогнеле да ги исфрлам морбилите и температурата ќе ми спласнела. Како велеа, детето гори од температура бидејќи не може да се исфрли. Ослабен и е имунитетот, многу и се собра после една сипаница, друга на ред. Следниот ден ги донесоа тие зрнца, мајка ми никогаш не ми ги даде. Јас успеав да се изборам ги прележав морбилите. Првиот ден можеби после еден месец, кога излегов надвор веќе беше лето. Никој не можеше да ме препознае бев коски и кожа, како на фронт да сум била. Личев како од Етиопија да сум дошла. Децата се играа, трчаа, скокаа…..Јас немав толку сила, се ми беше премногу брзо, се изморив за кратко и си заминав. Многумина помислија дека нешто ми згрешиле, дојдоа дома кај мене. Јас лежев тие седа, се трудеа да ме расположат. Не траеше долго тоа мое адаптирање, се вратив назад на детските лудории. Иако долго време изгледав анорексично. Колку и да биле опасни морбилите со толку ослабен имунитет ги победив. Имам доживотен имунитет, син ми беше заштитен како бебе. Морбилите се враќаат, заради тоа што некој глуми Господ, оди против природата. Денес сите мајки се вакцинирани, вакцините не нудат доживотен имунитет. Затоа за време на бременост или дури дојат не можат да ги заштитат бебињата свои, бидејќи морбили немаа прележано. Природата е совршена, беспрекорно функционира. Тој што не создал се погрижил за се.
– Година ипол пред да дознаме сите дома дека татко ми е болен, ме прогонуваше едно чудно предчувство дека на некој од двајцата родители нешто ќе им се случи. Многу чудно, тоа чувство се појавуваше во моменти кога без среќна и весела. Почнав да се плашам за нив, татко ми често патуваше дури не си дојдеше дома немаше мир за мене. Не знаев што може да му се случи, најчесто помислував на сообраќајка, никогаш ниту на крајот на паметот не помислив на болест. Тој во животот имаше своја девиза „ дај Боже никогаш да немаш работа со доктори, цариници и адвокати-судии“. Него му се падна да се дружи и стане најдобар пријател со првите прозвани. Ги имаше најдобрите доктори. Месец дена пред да биде хоспитализиран видливо беше дека има голема мака. Но татко ми беше човек кој никогаш во својот 49 годишен живот не бил болен од ништо. Татко ми не знаеше што е настинка, забоболка, главоболка. Сознанието од доктор во простории на Неуромедика дека е болен од најлошо, верувам дека му било како некој да извршил атентат врз него. Ни призна дека подолго време (никогаш не ни кажа колку долго) имал крвава столица. Мислел дека е болен од истата болест како неговите браќа. Гледајќи го едниот како три пати неделно оди на дијализа, сметал дека е подобро да умре.
– Се растрчавме да бараме каде да оди на лекување овде или во друга држава. Бевме советувани овде да се оперира, а за пост оперативното лекување да се одлучиме некаде надвор. На 9-ти Јуни 1996 г. беше примен во Воената болница. Денови поминуваа, но докторите и началникот не избегнуваа. Никој ништо не сакаше да каже. Подоцна ни стана јасно, лицата како татко ми со таков карцином од 4-ти степен никој не сака да оперира. Таквите како татко ми ги отпишуваат веднаш! Зошто операцијата и целиот третман е на товар на фондот, на државата, не плаќате ништо. Тоа е суровата вистина! Но татко ми беше човек кој имаше доста познаници, школски другар му беше во тоа време заменик министер за одбрана. Самиот помислил дека спас му е другар му, од говорницата во болницата му се јавил, да дојде да поразговараат. Тој дошол и по тоа што дознав подоцна од докторите, го построил началникот и сите доктори и им наредил да го чуваат другар му. Се што можат да направат, за да го спасат. После посетата ни се јави дома, договоривме да се сретнеме сите во болница. Го запознав тој човек, од очите му се читаше тагата. Неколку неделни претходно прославија годишнина од матура. Цело време повторуваше не можам да поверувам дека ова е вистина. На заминување не изгушка брат ми и мене, ни кажа во сигурни раце е не грижете се.
– Јас ги баталив испитите и книгите, секој ден од утро до вечер седев во Универзитетската библиотека и читав за таа тешка болест. На паузите одев кај него на посета. Ги научив сите тајни влезови, во секое време можев да влезам и да го видам. Еден ден одам во болница тој гори од температура бев пресреќна, од тоа што го имав прочитано многу добар знак. Успеав да го убедам дека не е ништо страшно, дека е за добро, сестрите ги молев да не му даваат антибиотик. Но дојде најстрашниот ден за него колоноскопија, како ми кажуваа неговите цимер, го најдовме паднат на под како се витка од болки. Јас тој ден кој бил страшен за него горев од температура и не го посетив. Подоцна самиот велеше „кога тогаш не умрев никогаш нема да умрам“. Почнаа да го потготвуваат за операција, се договори и тимот главен беше хирургот д-р. Коста Секуловски. Денот „Д“ беше 24 Јуни, ден кога почина чичко ми. Операцијата траеше 4,5 часа. Јас отидов гладна, се поздравив со татко ми пред да го внесат во операционата сала. Застанав пред еден столб на 3 кат и почнав да ја читам Хипократовата заклетва која го красеше ѕидот. Помина еден доктор, ме удри по рамото и ми вели џабе читаш ова не важи. Јас застанав пред прозорот и од таму не се помрднав се додека не ни јавија дека завршила операцијата. Со денови се молев да се случи чудо. Имав купено православен молитвеник, од дното на душата очекував и се молев чудо да се случи. Карциномот на дебелото црево беше на незгодно место, сите не припремаа дека можеби ќе треба кеса да носи. Јас тоа го отврлив од самиот почеток, тоа татко ми ќе го убиеше на самиот старт. Сите молитви што ги научив на памет цели 4 часа непрекинато ги кажував. Докторот што ме удри по рамо се појави повторно, ни вели Вие го чекате Борис.
– Се стрчав накај салата излегуваат докторите еден по ден сите пресреќни, гушкања и солзи измешани чувства. На мајка ми и дозволија да го посети. Мене и брат ми д-р Секуловски не прими во кабинет, видно беше револтиран. Најискрено ќе ви кажам ни рече: „секогаш се вадам од кожа кога ќе ми дојде пациент, интелектуалец образован, а дозволил да се запушти“. Имам добра и лоша вест! Добрата е дека успеавме дебелото црево да го споиме. Лошата е што се обидов црниот дроб да го оперирам, очекував само едниот лобус да е зафатен. Ни објасни дека црниот дроб е единствен орган кој се регенерира сам, но кај татко ми двата лобуси беа разрешетани. Затоа операцијата толку траше и затоа имаше 52 конци. Го чуваа и одлично се грижеа за него. Роденденот негов 50 на 19 Август Преображение го прослави во болница. На 12 Септември конечно си дојде дома. Исклучително тежок ден и за мене и за него. Во животот мој, само со татко ми се разбиравме со поглед. Разбрав тогаш дека сака да молчи, одеше на ТВ репортажа за Венеција. Гледавме, слушавме и молчевме. Тишината ме убиваше ме болеше, ама ја почитував неговата желба. Вечерта ме гушна и ми вели: „денес не ми беше ден за муабет“, тоа не беше својствено за него! Тој беше весел по темперамент, кај одеше сонцето со себе го носеше.
– Отпусната листа ја сокрив, само јас и брат ми знаевме каде е. Бевме договорени НИКОГАШ да не ја види и да не ја прочита. Се трудевме со брат ми да го убедиме, дека сега му треба терапија за да му зајакне имунитетот. Ако ја прочиташе отпусната листа во која на три места пишуваше карцином, никогаш немаше да прифати лекување, ќе се откажеше. Докторите го посетија дома ни ја донесоа најрадосната вест тогаш, патохистолочкиот наод покажа дека дел од малигните клетки успеал неговиот организам-неговиот имун систем да ги убие. Му препорачуваа лекување надвор. Ние го имавме резервирано Загреб, му велеа: „ако треба денес да одиш, оди вчера. Овде ниту под разно да не се лекуваш“. Пријателите негови му го најдоа најдобриот онколок-радиолог Прим. д-р. Егидио Чепулиќ,тогашен Председател на Хрватската лекарска комора. Лекувањето и болничкото сместување за мајка и татко ми, пријателите го финансираа. Наш трошок беа авионските карти за двајцата. На првата средба со докторот замина брат ми, вети докторот дека ќе направи се што може, врсници беа со татко ми. Имуно терапија веќе не се практикувало, единствен понуден избор беше хемотерапија( предвидени беа 6 дози). Ја прими тогаш првата доза. Докторот му дал насоки на брат ми, со назнака во секое време на денот и ноќта да му се јавиме. Се вратија дома, се беше добро и татко ми се чувствуваше добро.
–  После два дена во доцните вечерни часови, сите присуствувавме на хорор сцена. Татко ми се виткаше од болки на подот, бараше да му помогнеме. Се гледавме со брат ми и одлучивме да му се јавиме на докторот. Тој само што го слушна брат ми, му вели ве очекував да се јавите, ве мислев. Му кажа дека тоа е реакција од хемотерапијата, ни препорача да го однесеме на дежурен лекар да му стават инекција против болки и дека ќе му помине. После тоа терапиите навидум беа побезболни! Тој ја изгуби косата, ослабе и остаре пред време, личеше на своите 50 како старец од 100 години. Активен беше, возеше автомобил, работеше се додека силата тоа му го дозволуваше. Јас го ставив факултетот на мирување, проценив дека мајка ми сама не може тој терет да го поднесе. Дека семејството ќе ми се распадне, целото време го поминував со татко ми. Ништо друго не ме интересираше, тој беше мојот центар на светот. Гледав фудбал со него, го анимирав колку можев, за да не се чувствува осамено додека брат ми работи за сите. Јас сум бев како медицинска сестра и психолог, сите резултати ги средував анализирав и препраќав на докторот. Тој од кожа се вадеше што во тоа време, не знаеа овде асална крвна слика да направат. За тумор маркери ич муабет да не правиме. За да не губиме време таму, ме научи како три дена пред договорената терапија да му ја собирам урина. Како истата да ја измиксирам во мало шишенце, да ја запакувам и да му ја однесат.
–  После четвртата терапија се виде напредокот, докторот пресреќен го гушка татко ми и му вели: „некој треба да чести, дали јас или ти“. Но на аеродромите почнаа проблеми да му прават, човекот во живо и на слика не се совпаѓаше. Тој за да не докажува дека не е криминалец му ја побарал отпусната листа на брат ми, неколку часа пред да ги однесеме на аеродром. Не знам дали брат ми си прости во животот, јас кога дознав што направил ќе го задавев. Татко ми по кажувањето на мајка ми, три пати ја прочитал отпусната листа. Капка крв, вели немаш во него. По добиените резултати докторот збеснал, ја тргнал мајка ми на страна да поразговараат што му се случило на татко ми, што јадел, што правел? На мајка ми и текнало, му кажала ништо посебно, се што јадеше и правеше досега. Но, му кажала за отпусната листа. Тој се расплакал и рекол, значи сепак психата. Сега се зависи од него, дали ќе се предаде или ќе се бори. Татко ми се врати, тоа беа неколку дена пред нова година, глумеше дека незнае ништо.Од очите му ја читав болката, зошто јас, што згрешив? Цело време ми повторуваше сакав само да живеам, ништо друго не ми треба.
– Стигнавме и до последната терапија, резултатите разочарувачки. За да не го исцрпува, докторот одлучи да му пушти само инфузија. Да не се разочара дека е отпишан. Званичната медицина татко ми го отпиша. На 14 Јануари ден пред мојот роденден во раните утрински часови докторот разговараше со брат ми. Му кажа многу ми жал, направив се што можев, верувајте ми дека и мајка ми да беше во прашање не можам да и помогнам. Многу побожен човек, нон стоп велеше помагам јас, ама треба и Господ да помогне. 15 Јануари полнев 23 години, бев бескрајно тажна и несреќна, од кожа ми доаѓаше да се извадам. Ги пречекавме на аеродром со мајка ми. Татко ми ни одглуми среќа, дека е добар и дека се ќе биде најдобро. Иако знаеше дека е отпишан. Тоа го констатирав дома кога го славевме мојот роденден, не знам само што славевме? Го пушти Лео Мартин кого го обожуваше ја помнан и нумерата „Дани“ побара пиво да се напие и танцуваа со мајка ми. Се гледавме со брат ми, очите ни се полнеа со солзи на сите, никој не заплака сите се гледавме и се лажевме! Имавме долга ноќ јас и брат ми, цело време му повторував, што ќе правиме, ќе дигнеме рака од него? Ние сме му спасот, ако ние се откажеме од него готов е и тој и ние. За чудо чичко ми се јави утрето ден да се слушне со татко ми, низ разговор ми кажа дека има некој човек кој прави некои тинктури но живе во Пирава, Валандовско. Чичко ми е ветеринар по професија, стрина ми акушерка, а помалиот братучед доктор. Ова за да не рече некој бабини деветини, прости луѓе.

– Почнавме со третманите на тој човек, татко ми никогаш не го запозна, муабетеа само по телефон. За чудо тргнаа резултатите, му порасна косата беше пресреќен. Редовно се слушаше со доктор Чепулиќ, се радуваше и тој, велеше значи сепак чудо се случи. Договоривме посета кај него, НО, се потврди дека карциномот е подмолен убиец. Почнаа органите да откажуваат, марамицата што ги покрива внатрешните органи се полнеше со вода. Стомакот му беше како на трудница од 9 месец, иако беше коски и кожа. Неколку пати го носевме на Клиника да му вадат вода. Како за беља секогаш ни се погодуваше еден неписмен примариус и секогаш велеше нема ништо, не го малтретирајте човекот. За да по него стажант му извади 5 литра вода на татко ми. Дојдоа потопли денови, тој помалку и отежнато се движеше, секогаш со придружба. Го изнесовме во двор за да може да биде покрај нас иако лежеше на креветче. Од ден на ден беше се полошо,на тогашен Духовден мајка ми ручек правеше, брат ми живата ограда ја кроеше. Јас во пауза од неговата терапија и се што таа подразбираше цедење сокови итн. Спремам испит за некогаш во иднина.

Ме викна да седнам до него, тешко му беше да говори, имаше кнедла во грлото. Тоа не беше мојот татко, карпа од човек, кого никогаш го немав видено да плаче. Ме фати за раце и почна да плаче, ми вели:„ секој ден го молам Бога за да оздравам, тебе да ти помогнам. Должен сум ти за ова што го правиш за мене“. Не знам од каде најдов сила, го тешев дека ќе оздрави и дека мене ништо друго не ми треба само тој да е покрај мене“. Јас му бев слаба точка, татина мезимица бев. Оваа последна година ме викаше Тинко синко, ти ми вредиш за седум синови, брат ми од кожа се вадеше за тоа.
– Недела две подоцна се јави доктор Чепулиќ, бил на некој семинар на Лекарските комори во Охрид. Но испланирал и еден ден да дојде во Скопје да го посети татко ми, само требаше ние да отидеме да го земеме. Татко ми беше пресреќен кога се слушна со докторот, уште посреќен дека ќе му дојде дома. Отидовме со брат ми во Охрид, не сакајќи бевме сведоци на еден валкан муабет, на масата беше нашиот тогашен председател на Лекарската комора еден невропсихијатар и уште неколку наши „врвни“ доктори. Доктор Чепулиќ ја виде вџашеноста во моите и во очите на брат ми, се извинуваше дека не сакајќи не изложил на нешто. Но и ете да видиме што се крие зад кулисите, какви валкани игри се водат. Со татко ми кога се видоа двајцата се расплакаа, се гушкаа и плачеа. Тогаш му кажа: „ Борис не можев да разберам зошто се малтретираш и доаѓаш во Загреб, зарем таму немаат лекари? Денес сфатив дека Вие со медицината сте 50 години назад“. Си муабетеа долго , имаше уште некој состанок овде во Скопје, брат ми отиде со докторот, мене доста ми беше оној од Охрид. Доцна вечерта јас и брат ми го испративме на аеродром, таму имавме време да помуабетиме. Не гушна со брат ми и ни рече:„ деца пуштете го да си оди, знам дека ви е тешко, скратете му ги маките. Ни ги опиша фазите што следат, како да препознаеме дека е крај.
– Доаѓаа уште полоши денови, тој човек знам дека имал ужасни болки, никогаш уста не отвори. После онаа сцена од првата терапија, тој собираше се во себе за да не не плаши. За ублажување на болки му препишаа синтетички морфиум капки. Но за да стигнеш до нив требаше документи од тоа колку е висок, боја на очи, на чевли, карикирам ама да се дограбиш до спаносното шишенче беше како 7 на лото да си добил. Првото мое огнено крштевање во поход за тој лек беше хорор. Да не пресече еден шеф во градска аптека ќе останев без волшебниот лек. Знаев дека дома без него не смеам да се вратам. Одејќи низ паркот жена гледав весели и насмејани лица, се прашував знаат ли овие луѓе што е животот? Си помислив и јас бев среќна некогаш, некој тогаш бил тажен, таков е животот! Максимална доза беа 20 капки, никогаш не му дадов толку. Ако му дадев толку, после назад не ќе можев да го вратам. Само една ноќ во 04:00 изутрина, дојде и ме замоли да му дадам од капките да му поминат болките.
– Еден ден бевме сами и си ја отвори душата ми кажа: „не знам што носи денот, што носи ноќта. Јас си заминувам, овде веќе не ми се живее.Таму е многу поубаво, од тебе барам три работи да ми исполниш. Двете ги слушнав и му ветив дека ќе му ги исполнам, иако мене тие ништо нема да ми значат, ако ги имам без него. За третата не му дозволив да ја изусти. Му реков можеш да побараш се што сакаш се ќе направам,не барај свадба да правам, невеста да бидам и да играм. Свадба без тебе за мене нема“. Двајцата плачевме како мали деца, брат ми прв се врати не затекна расплакани,никогаш не му кажав што зборувавме. После тоа татко ми стана неподвижен го внесовме внатре, една недела пред да почине сонував како ме напушта. Дента почна да се гуши, бараше да викнеме брза помош. Не припреми доктор Чепулиќ, но и не советуваше кога ќе настапи комата на црниот дроб да не правиме ништо, дека само ќе му ги продолжиме маките. Немавме срце да не му ја исполниме желбата. Викнавме брза помош му дадоа инфузија го освежија, тој ги благослови сестрите, тие расплакани си заминаа.
–  Го изгуби и гласот последното што го побара од мене беше јогурт, се мачеше со цевчето, дали некоја капка голтна не сум сигурна. После тоа мајка ми се трудеше да ме држи настрана од него, да не сум се исплашела, реалноста беше друга таа беше преплашена. Како со ѓавол се борев со неа, успевав да го поминувам денот со него. Навечер не ми дозволуваа, брат ми и мајка ми го чуваа наизменично. Почнав да го молам Бога ако неможеш да му помогнеш на ова твое чедо, барем не го мачи повеќе. Таа ми е единствена битка која во животот ја изгубив, за други можеби сум се повлекла сметајќи дека не вреди да се борам. За него и на крајот на светот ќе отидев за да го спасам, лекот и под дрва и под камења ќе го барав. Остана уште да ги поделам годините што ми останаа со него, но Господ таква математика нема. Не се раѓаме сите задно, и не си одиме сите задно. Мора да остане некој за да тагува. Дојде таа Недела 13 Јули, јас која спиев како топ во 03:15 некоја сила ме разбуди извика СТАНУВАЈ. Изрипав од креветот се стричав во неговата соба, сите беа околу него. Штом застанав и го погалив по глава мојата душа ме напушти, креветот се помрдна. Ми се помрдна тлото под нозете, бев како ранета птица. Некои делови ќе ги сочувам за некогаш, кога не ќе имам што да правам, да напишам мемоари.
–  Се снаоѓавме низ животот како знаме и умееме. Некогаш подобро, некогаш полошо, кога како. Брат ми реши да чува куче женка доберман, јас и бев кума и го дадов најубавото име Астра. Многу температента, интелигентна, брат ми не штедеше пари за неа. Најдобра храна, тој не одеше на лекар, ама за Астра се мораше да има. И направи бокс со сите салтанати, немаш срце да ја однесе ушите да и ги исечат и во лангети да и бидат. Затоа наша Астра беше доберманка со ушиња како на секо куче. Редовно ја шетавме на Водно, алфа женка беше и не ни успеја да ја спариме. Сите дечковци ги тепаше, дури и на инвитро ја носевме. Не ни успеја таа мисија. Брат ми стана за прв пат татко, тогаш почна крајот на Астра. Сите ја одалечуваа од внук ми, таа знаеше дека брат ми не е веќе само нејзин. И таа се радуваше на бебето, ама свати дека е вишок. Ретко седеше во боксот нејзин, поготово летно време. Тоа лето го преседе во бокс, ретко излегуваше, ниту топка играше, ништо. Срцето и препукна. Есента почнавме по лекари да ја носиме, ветеринарот ни кажа дека доберманите се големи емотивци. Проблем им е срцето кое од силна траума им клапнува како торба. Стануваше коски и кожа, се полнеш со вода, ја носевме редовно на ветринар да и ја вадат. Астра не врати назад на голготата со татко ми. На 13 Ноември 2009 Астра почина, живееше само 4 години. Бројот 13 ептен ми е малер, тој студен сенски ден со брат ми станавме и гробари. Ја однесовме над нашата куќа во подножјето на Водно да ја закопаме. Едвај успејавме после неколку саати да ја ископаме дупката, земјата беше замрзната. Исто и ние премрзнати, расплакани и претепани. Знам под кои елки ја закопавме, од дворот се гледаат, од таму ја носевме на прошетка. Јас после тоа никогаш не поминав покрај таа патека, срцето ме препукна.
– Како поминуваа годините мојата поленска алергија се повеќе ме совладуваше. Животот стануваше неподнослив, дојдов до стадиум да не можам ноќе да спијам, почнав да се гушам. Знаев дека ако не најдам чаре, не ми гине асма. Успејав да најдам ефикасна терапија. Но многу чудно секоја пролет ме фаќаше грип од кој ми доаѓаше од тераса да се фрлам. Еднаш нозете ми се одзедоа, две недели се борев со две дози амоксиклав. Следната година повторно грип со неподнослива болка на коските, но и на синусите, повраќање на цревата од кашлањето кое не сопираше. Постојано велев не дај Боже повторно да поминам низ ова, ако дојде се фрлам од тераса. Од како станав мајка истиот се врати во многу полоша варијанта. Неколку дена пред Нова 2019 година, син ми се разболе. Вадеш заби и закачи грип. Деновите и ноќите на хорор личеа, и јас се разболев како никогаш претходно. Едвај на нозе стоев, грозница ме тресеше, синусите до раб на лудило ме доведуваа. Две недели се борев до исцрпување. Испив три дози сумамед. Тогаш се појави епидемијата со морбили, добив порака на вибер без МРП син ми не може да посетува градинка. Плаќаме за местото редовно, му го чуваме со надеж дека еден ден повторно ќе тргне во градинка.
–  Од тогаш тргна мојата нова голгота, на 46 години сум млада пензионерка која седи дома и го чува синот. И како тоа лудило да не беше доволно, сега имаме смртоносен вирус. Од се што доживеав и преживав во животот ова шоуво за мене е игра за мали деца. Одамна научив да не се плашам. И кога животот ми доделуваше лимони, научив дека треба да се потрудам најубава лимонада да правам. Кога животот ќе ми удреше шамар во едниот образ, да го понудам и другиот. Кога некој сакаше да ме лиши од многу работи, да му дадам се, зошто душата не може да ми ја земе. Кога некој ми глумеше пријател, иако знаев дека на првата кривина ќе ме издаде, сепак да уживам во неговата дружба. Зошто научив дека ништо во животот не е случајно. Се си има свое зошто и затоа. Долго време во животот очајував дека од X причини студиите морав да ги одложам на подолго време. Тоа што сакав највеќе беше да учам. Подоцна сватив дека за време на паузата, јас животот го студирав. Во крајот од каде што ми се корените велат:„свака школа се плаќа“. Јас мојата ја платив и ја претплатив. Понекогаш не сакав да бидам силна, но морав. Додека не научив како да бидам силна. И кога научив како да бидам силна , тогаш го запознаваш и тоа што си го „пропуштил“ низ борбата и низ сите тешки патувања. Доаѓаат вакви години кога гледаш сино таму каде што сите гледаат бело. Кога не ти е гајле за права и закони. Доаѓаат вакви години кога гледаш се и со затворени очи, кога слушаш и тоа што не е изговорено.
– После се да ме застрашуваш со вирус треба да си луд. Оние „доктори“ кои сеат страв од сите страни и плачат колку е тешко, сами ја избравте професијата така? Маж ми не е доктор, секој ден од работа појадува во 14 часот, иако е дома. Не се знае кога работи кога одмора, ниту делник ниту неделник. Насмеан и смирен е, никој што му се јавил од колегите не го навредил или телефон да им затвори. Дури и на одмор кога сме биле, гледал да им помогне. Од друга страна ако толку е страшна состојбата по болниците, нема Вие господа да имате време селфи слики да правите. Средени како за на модна ревија. Знам јас колку време имав кога се грижев за татко ми! Немав време косата да ја исчешлам. Од друга страна правите доктори никогаш нема да дозволат да те преплашат, напротив големи психолози се, ти влеваат надеж за живот, за борба. Оние што сеат страв и паника, платени се за тоа солидно. Одамна нели на 6,5 сфатив дека не сме вечни, колку и да сакаше брат ми да ме утеше, тоа го разбрав на потежок начин.
– Но некој сега и овде, сака да глуми „Господ“. Како велат стрпете се ќе има ново утре, нова пролет итн. За некого ова ќе биде последно независно од вирусот, сите кога се раѓаме ни се пали свеќата, таа гори низ животот наш, оној момент кога ќе догори одиме во царството небесно. Вилипче и бандата знаат на кого кога ќе му догори свеќата? Што така широкоградо тресат глупости! Не знам ниту јас дали утре ден ќе го дочекам, уште колку ми остануваат да уживам во дружба со најмилите со најсаканите? Знае уште колку и останува на мајка ми, свекор ми и свекрва ми да се порадуваат на внучињата? Никој не знае, така? Ама затоа се трудат да не отуѓат, да не одродат. Ајде сите тие врвни доктори хирурзи, невропсихијатри што сеат страв и паника од како добро ќе им го подмачкаат џебот. Нека дојдат да му објаснат на мојот три годишен син зошто седи затворен, зошто не може да оди кај бабите? Цел ден врескаше пред вратата, си облекол јакна и патики. Комшивката го чула како плаче ни ѕвони на врата расплакана, ми вели душата ми се тресе од мака, ме расплака кога го чув како плаче по баба му. Го зема на гости кај неа да се поигра со кучето и да се смири. Мајка ми не додржа на телефон, и неа ја расплака кога го чу како ја бара. Со бабите се гледаме на viber како во Австралија да живееме. Животот си врви луѓе умираат, деца се раѓаат, ама ние живееме во луда ненормалност и сето тоа е небитно.
– Затоа имаме лудило до бесвест, се носат мерки за наметнување моќ. Немаат никаква врска со борбата против вирусот. Преку страдањето луѓето се подведуваат под моќта на тие кои ги владеат. Моќта се состои во нанесување на болка и понижување. Односно човечкиот дух да се разбие на парчиња, а потоа да се состави во посакуваниот облик. Она што сега ни се случува е демонстрирање на моќ. Неможност да се одаде почит на покојните, гробиштата обезбедени со воени возила и вооружени војници. Се прашувам кого штитат? Покојните од нас, или нас од покојните? Кои се ти војници која мајка ги родила што забраниле на мајка да го посети гробот на своето чедо? Па еден дечко денес 10 полицајци го приведоа зошто вчера бил на гробишта? Многу јаки мажи сте, наместо да застанете на страна на народот вие одбравме изроди да бидете? Младоста ми помина на гробиштата во Бутел, имаше денови кога требаше да одлучам дали ќе одам на испит или на гробишта. Тоа гробно место со крв е платено, на времето беше како ново YUGO да си купил. Милион пати кандилата и вазните ни беа украдени. Шетаат секакви крадци, манијаци, кучиња, никој ниту ги чува гробиштата ниту ги одржува. Ако подолго време не отидете од ѓубре нема да го препознаете гробното место. Пред некоја година донесоа луд закон повторно да ги купуваме гробните места, не биле наши.
–  Има годишна такса за одржување но џабе, АД БУТЕЛ е криминална банда која профитира на маката на луѓето. Имав прилика да го посетам Мирогој во Загреб. Тие гробишта за мене се синоним за рај. Без прекорно средени, ѓубре нема шанси да видите, имаат машина која собира ѓубре. Вработен персонал кој ги чисти гробовите, луѓето одат само почит да одадат. А не канти и џогери да носат и да чистат. Но ние сме многу далеку од некој цивилизиран свет. Овде сите се поклонуваат на законите на Дон Корлеоне. За Духовден планирав син ми да го однесам на гроб кај дедо му, често прашува каде дедо му Борис живее, каде спие. Ова е прва задушница да има забрана, далечната 2001 не беше забранета посета. Годинава како стојат работиве прашање е дали на Павловден ќе можеме да одбележиме 23 години како татко ми е починат? Вилипче и тимот си игра играчки со нас. Скопје празно во карантил, цело Скопје е во внатрешноста, но за чудо во Понеделник се ќе биде добро. Зошто се иживуват со луѓето? Ги прашувам оние умните, послушните колкав ви е прагот на толеранција, кога ќе ви пукне филмот? Бидејќи од вас зависи дали ќе не биде, или ќе ја пропуштиме иднината како на времето ЈАЈЦЕ што го пропуштија некои? Па си кажуваат како си средувале плакари, што се си направиле по дома! Тоа сега е најважно, селото гори баба се чешла! Па велат: „ го молиме Бил Гејтс во чипот за Балкан да стави основно образование“. Деца вам чипот одамна ви е ставен, прашање е сега дали некој ќе дојде, да ви го исклучи! Бидејќи хунтата на власт мисли дека е Господ, оваа 2020 година за мене е фејк! Штом се толку моќни, на сите да ни додадат плус една година живот! Од се што оваа предавничка власт спроведува, фашизам и диктатура на дело, мене не ми личи да колнам и покрај тоа што душата ми плаче и срцето ми колне, но устава ова ќе го изговори:

– ГОСПОД Е СЕМОЌЕН И СЕ ГЛЕДА, НЕКА ПЛАЌА ПО ДЕЛАТА НИВНИ! АМИН! –

– Зошто овде на земјата маршираат безмилосните слуги на темнината и на таткото на лагата, кои немаат почит ниту кон починатите ниту кон живите! –

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment