Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: ДАЛИ КРАЈОТ ВАКА МИРИСА

🎯ДАЛИ КРАЈОТ ВАКА МИРИСА?!🎯

⚠️Новинарот Александар Чомовски, добитникот на годинешнава награда “Крсте Петков – Мисирков” која ја доделува ЗНМ, не така одамна изјави: “Концептот Македонски јазик како единствен службен јазик е фашизоиден.” И така помалку недоветно, повеќе од половина свет го направи фашиозоиден, меѓи кои и нашиот најголем стратешки партнер. Далеку од тоа дека светот и после “победата” над фашизмот, 75 години после неа не живее во фашизам! Правата што ги уживаат етничките заедници после Рамковниот договор од 2001 година се идентични со правата што ги уживаат малцинствата во најголем број држави во светот! Ако Македонија е фашизоидна, тогаш Албанија, Бугарија, Грција и Франција во кои не’ е дозволено во официјална комуникација да се говори на никаков друг јазик, се демократични?!
⚠️Одлуката на министерот за правда Бојан Маричиќ да забрани употреба на зборот Македонија е очигледно врвно достигнување на високо демократското (фашистичко) општество во кое егзистираме!
⚠️ Кога во еден ден 70 текстилни работници остануваат без работа, со најава за нови отпуштања тоа е демократија така?! Премиерот излегува со изјава дека Мини шенгенот има решение за се! Ако случајно некој од Кочани остане без работа наскоро ќе може да замине на печалба во Белград, во Суботица и обратно кога некој од Белград или Ниш ќе остане без работа ќе дојде на печалба во Куманово, во Струмица. Уште се прашувам ако толку е совршен тој проект и мед и млеко тече во него, зошто некој од Скопје треба да оди во Врање на работа, а некој од Лозница во Крива Паланка, ова е некаква размена на работници, размена на искуства?! Што ќе стане со нивните семејства, што ќе стане со смислата на бракот и семејството како заедници?!
⚠️ Фашизам или демократија е кога заколнати борци за слобода и правда, кои маршираа по улиците, кршеа и бојадисуваа, кои срушија режим, пред минатата година маршираа судството да го ослободат, врхушките на Цивил медиа, на Frontline, да не ги спомнувам Вистиномер и останатите фактчекерски – цензурски инсталации, истите тие се изживуваат со новинарот Фурхан Салиу и една фоторепортерка? Вистината поитаа да ја замолкнат со кривична пријава, нападот од секогаш бил најдобра одбрана на кукавиците, газолижачите и безрбетниците во недостиг на контрааргументи. По истите стапки чекори и поглавицата на НВО Маргини, Ирена Цветковиќ во недостиг на контрааргументи да го одбрани воведувањето на ССО во образовниот процес, од позиција на моќ и некаква еднаквост кој во нашава банана држава е злоупотребена флоскула (се’ што е против ССО се третира како говор на омраза), поднесе тужба против здружение на граѓани и членови на некои политички партии за говор на омраза и нетрпеливост кон некои родово поинакви категории на лица, притоа прекршувајќи низа на правила и прописи, заборавајќи дека никој нема ништо против категоријата граѓани чии права ги застапува и брани, туку дека ние како возрасни личност имаме обврска да се бориме и да ги браните правата на сопствените чеда, дека имаме законско право да не се согласиме со наставниот план и програма. Дали во “новото нормално”, се што е вон секој памет е посакувана и очекувана реакција?! Новинарите се само пропангандисти и заведени марионетки, за одредени прашања и теми строго забрането им е да потикнат расправа? Или ние имаме не’ квалитетен новинарски кадар? Дали во Македонија, фашизмот и демократијата си ги променија улогите?!
⚠️И за чудо ја нема советничката на Зоран Заев, проф.д-р.Татјана Стојановска – Иванова професор по предметот социјална патологија, да ја разреши дилемата дали здружението шири дезинформации и лажни вести или заколнатите НВО борци за словода и правда? Бидејќи е експерт во изготвување на предметните програми за граѓанско образование за осмо одделение, девето одделение и средно образование. Член е на Советот за образование на возрасни на Р.М, член на Управниот одбор на МОБ делегирана од Град Скопје, координатор на проекти од Град Скопје и министерството за култура, десна рака на бившиот Премиер во егзил за формирање на студиска група на Филозофскиот факултет – семејни студии, годинава дипломираа првите семејни стручњаци. Понатаму почитуваната нека ја разјасни дилемата, дали е сменета дефиницијата за бракот и семејството во учебникот по социологија за втора година средно образование: “Семејството е логичка последица на бракот, а бракот е општествено признаен однос помеѓу двајца возрасни, најчесто помеѓу еден маж и една жена”, дефиниција која е во спротивност со законот за семејство во Македонија! Понатаму да го разјасни притисокот кој се врши врз родителите од страна на наставниот кадар чии деца се шесто одделение, да прифатат и потпишат нивните чеда да изучуваат ССО надвор од наративот кој оди во јавноста, дека ССО ќе се изучува факултативно – слободен избор на родителите, и тоа за почеток во деветто одделение и само во 4 основни училишта! Родителите кои подлегнале на притисокот, како подарок добиле комплет за интимна нега на своите деца! Од друга страна, во неколку Скопски училишта се организираат работилници за родители, на кои ќе се изучува како да бидеш родител! Сега засега доброволно е пријавивањето, при што заинтересираниот родител одговара на долг и обемен прашалник – алгоритам, а како награда добива ваучер од 300,00 денари од Тинекс маркет. Ваквата пракса е нормална само за демократските општества, а сосема не позната за фашизоидните?!
⚠️Само во демократските општества слободите и правата на одредени групи – категории на граѓани имаат поголема вредност и за нив треба жилаво да се бориме сите?! Родовата еднаквост била светскиот проблем број еден, затоа професорите од институтот за родови студии при Филозофскиот факултет, учествуваа во изработка на стратегијата за родова еднаквост на Град Скопје и акциски план за период од 2016 – 2021 година, исто така се активен чинител во изработка на новиот законот за еднакви можности. Институтот е партнер на ЈУ Завод за социјални дејности, како и со други организации од цивилниот сектор во обезбедувањето поддршка и експертиза. Институтот одржува интезивна и успешна соработка со голем број невладини организации. Професорите се редовни членови на седниците на Комисијата за еднакви можности во Собранието на Р.М, прашувам исти привилегии уживаат сите граѓански здруженија, здруженија на болни од милион болести, здруженија на инвалиди, борци, самохрани родители, дискриминирани – маргинализирани категории на граѓани, каде се тие, каде се нивните права и слободи? Тие граѓани од кој ред се, и дали воопшто ќе стигнат на дневен ред?
⚠️ Помина една година од двете клучни недели од кои здравјето и животот ни зависеа. Годината помина, но двете клучни недели сеуште траат. Помина година од кога почнавте да се плашите од смртта, во суштина ве исплашија да живеете, успеавте да прокоцкате една година живот! Уште колку сте спремни да прокоцкате, молчејќи и криејќи се како глувци? Во првата слободна прилика, обавезно да го прочитате романот ” Глувци и луѓе” на Џон Стајнбек.
⚠️Во време на интернет, на ваква брзина на пренос на информациите луѓето како хипнотизирани слушаат и гледаат ТВ канали, на кои оди црна хроника, реална некрофилска шоу програма, која умот им го пере! За што тогаш служи интернетот, побогу?! Живееме во време кога политичари ни ја кројат здравствената политика, кога вистината е цензурирана и се говори за некакви “теоретичари на заговор”, очекувајќи дека цензурата – задушената слобода на говор, недостигот на дијалог да донесе нешто ново, подобро и прогресивно?! Убаво би било да се потсетиме на Нинбершкиот процес и кодекс! Злосторствата во Нинберг еден октомври пред 75 години, беа групирани во три категории:
– злосторство против мирот;
– воено злосторство и
– злосторство против човештвото (врз луѓето не’ смеат да се вршат експерименти).
Од принципи најзначајни се следните одредби на Статутот:
– виновникот не го ослободува констатацијата дека работел по наредба на претпоставениот;
– при судењето на било кој член, на било која група или организација, Судот таа група или организација може да ја прогласи за злосторничка.
⚠️ За месец дена ќе се наврши една година од како Џон Магуфили Претседател на Танзанија школуван хемичар и математичар, јавно обелодени дека козата и папајата се позитивни на корона вирусот. И на 5-ти мај 2020 ги протера претставниците на СЗО од Танзанија! Минатиот месец изненадно почина од срцев застој. Тој 5-ти мај 2020 и Претседателот на Бурунди Pierre Nkurunziza ги протера претставниците на СЗО од својата држава. Еден месец подоцна почина од срцев застој. Потполно идентично како далечниот април 2010 кога во авионска несреќа почина Претседателот на Полска Лех Качински, неговиот грев беше што 2009 година за време на свинскиот грип одби да набави вакцини!
Но сепак, сета оваа сурова реалност и ваквото поврзување на фактите е својствено само за теоретичарите на заговори и фејсбук експерт!
⚠️Помина една година од логдауните, за кои есенва излегоа првите научни студии кои ја потврдија нивната не учинковотост. Но некои луѓе никако да излезат и да се ослободат од сопствените ментални карантини, па својата психоза и параноја сакаат да ја оправдаат како нормална. Помина година дена од како вирусот коси се пред себе април, мај и јуни, поготово пред и за време на Христијански празници. Ќе направам споредба помеѓу Македонија и Словенија. Словенија има поголема смртност на милион жители, до пред неколку недели и таму смртноста на дневна основа беше многу висока. Во Словенија рестораните и кафаните не работат скоро шест месеци, ставен е клуч на врата на сите угостителски објекти без исклучок. Шест месеци имаа полициски час од 22:00 – 05:00 часот со забрана за движење од еден во друг регион ( со многу ретки краткотрајни исклучоци), понатаму во (банка, аптека, пошта, јавен превоз) строго влегува одреден број на луѓе. И кај нив сега се воведе нов по рестриктивен логдаун, две држави со дијаметрално спротивен пристап а сосема идентичен резултат. Ова само е потврда на мојата констатација дали во прашање е вирус, доколку се работи за вирус вредностите на леукоцитите и линфоцитите во крвта треба да се покачени, кај ковид тоа не е случај, туку нешто многу токсично го напаѓа човековиот организам!
⚠️Ајде да видиме каква беше состојбата кај нас, пред некоја недела кога се воведе полицискиот час од 22:00 до 05:00 истиот не важеше за одредени ВИП личности, мораше Премиерот да интервенира да бидат пропуштени да ја преминат границата на Деве Баир. Понатаму, за викенд Македонски граѓани одеа во соседна Србија да се вакцинираат. Ова е само потврда дека овие мерки немаат никаква врска со сузбивањето на трансмисијата на вирусот. Есенва Белгискиот министер за здравство, на новинарско прашање дека рестриктивните мерки не ги дале очекуваните резултати, отворено кажа дека мерките немаат никаква врска со сузбивањето на трансмисијата на вирусот, туку имаат за цел да предизвикаат психолошки шокови кај луѓето. За ова неколку пати напишав и го потенцирав, ги повикав нашите новинари да не молчат, да ги пренесуваат ваквите информации и да се присетат што учеа по предметот социјална психологија, да се присетат на Гистав ле Бон и на неговата “психологија на толпата”!
⚠️Преживеавме една сурова и тешка година во која се уверивме дека човечкиот живот не вреди ниту пет банки, кога починаа луѓе колку од три Скопски земјотреси, спасителот наши оние на кои лани ова време сите му аплаудираа си договарал набавка на спасоносните вакцини преку посредници за да си лапне провизија. Плус и без грижа на совест, морал и етика му потпишал на производителот дека нема да сноси одговорност доколку се појават не сакани последици кај пациентите. Понатаму, онака шалабајзерски си плукна на сопственото медицинско искуство, углед и кредибилитет од како осамна видеото во кое преку мобилен, без маска, капа, ракавици и мантил оперира отворен череп! Среде пандемија владини финкционери прославуваа родендени, годишнини од брак на егзотични дестинации бидејќи биле ептен евтини, скоро за без пари. Ама здравствените работници не смеат да помислат ниту на ден одмор, тогаш добиваат или отказ или затворање на ординацијата. Тоа што во меѓувреме многу матични лекари заминаа во пензија и граѓаните се оставени на милост и немилост среде пандемија без лекарска грижа, не го засега никого.
⚠️Помина една година од како едни теоретичари на заговори уште лани ова време ве предупредуваа дека се на крај ќе заврши со вакцина и со Ковид пасоши, ама вие тогаш мивте раце, носевте маски и држевте дистанца бидејќи не почитувавте!
Ова пред некој ден го изјави министерот за смрт: “Овој вирус нема да исчезне сам по себе, сето ова ќе заврши со вакцина”. Отиде до таму па му плукна на Хипократ и на медицината како наука : Антителата не биле доказ дека имате имунитет од ковид, прележаните можеле да се вакцинираат по 2 – 3 месеци! Односно со медицината како наука го избришаа подот, ги променија сите постулати и начела, се изругаа на природата и на нас како најсовршени суштества. Односно, дека повеќе не постои имунитет од прележана болест, а тоа сликовито изгледа вака: После прележан ковид антителата се незначителни, затоа мора да се вакцинираш, но таа не те штити за да не заболиш од корона, туку ако заболиш полесно да поминеш. Кога ќе се вакцинираш и добиеш потежок облик на корона, тоа е затоа што вирусот мутирал, антителата се незначителни и не можат да ве заштитат од мутациите. Цело време треба да носите маска, да одржувате дистанца, повторно да се вакцинирате, редовно да гледате ТВ и да чекате нови инструкции! Производителот на вакцините не одговара ако има компликации (смрт), државата не одговара, медицинскиот персонал не одговара исто така, ама ако одбиете да се вакцинирате тогаш вие сте опасен по живот и сте “антиваксер”! “Антиваксер” како збор егзистира само во умот на заверениците! “Антиваксер” не’ постои, постои само анти заморче! Од сите страни ечи пропагандата вакцинирај се! Од сите страни се рекламираат вакцини, што е спротивно на медицинската етика! Вакцинирајте се сега, во септември веќе ќе е доцна, тогаш ќе се појави четвртиот бран итн! Се уверивме (секој согладно сопствената перцепција) дека вирусот и вакцините се супер паметни, па се разбираат и од политика и од геополитика! Односно дека Ковид пасошите како единствена патна легитимација на “новото нормално”, освен податоци за ковид вакцинацијата ќе содржел уште некои поподробни информации за општата здравствена состојба на личноста! Нешто што е спротивно на многу правни начела. Понатаму во истите тие пасоши нема да можело да се внесе вакцина што не е одобрена од ЕУ! Односно одеднаш не е важен животот, нели вакцината ќе ви го спаси животот, одеднаш не е важно само да успеете да се вакцинирате, туку и со која и каква вакцина ќе се вакцинирате! Кинеската и Руската вакцина не може да регистрираат во Ковид пасошите! Приказната со вакцините само ни ги отвори очите за поликата и геополитиката на просторот, ама кај нас се уште има слепи водачи кои не носат во ЕУ и кои се пресреќни што се во НАТО, друг пат немало! Патот пред очи им се трасира, ама тие ниту гледаат, ниту слушаат! Од друга страна Советот на ЕУ донесе резолуција дека никој не може да биде дискриминиран по однос на вакциналниот статус!
⚠️Александар Вучиќ изјави: ” Вакцинацијата е доброволна, а оние кои не ги сакаат вакцините ќе им помогнеме да сватат дека всушност ги обожуваат. Бидејќи ако сакаат да го зачуваат работното место, да влегуваат во институции и продавници, и да не бидат во вечен куќен карантин – ќе посакаат самите да се вакцинираат!”
⚠️Министерот за финансии најави дека ќе растат давачките на граѓаните, а приходите ќе се намалуваат. Најавено е зголемување на ДДВ и на персоналниот данок, Гувернерката откако цените на многу производи скокнаа за 30 – 50% соопшти дека се очекува пораст на инфлацијата. Македонецот мува не го лази, за некој месец со душа очекува и валутен борд!
⚠️ Едни пак други желни да бидат слободни поитаа да се вакцинираат во соседна Србија со вакцината на Астра Зенека, која од скоро го промени името, фармацевстка куќа која три пати ги менуваше ставовите вакцината е за лица над 65 години, потоа до 65 години, за на крај безбедна била за сите. Фармацевстка куќа која многу Европски земји ја бојкотираат, со право! Последиците од вакцината од Астра Зенека се очигледни и очекувани, бидејќи разликата меѓу Астра Зенека и Фајзер е во дозата! Во Астра Зенека количината на mRNK е за 3,3 пати поголема, затоа и манифестацијата е брза и силна! Но народот поита на може слободно да шета, дали на овој или оној свет (во вечните ловишта) потполно не’ е важно!
⚠️Испитувањата за Астра Зенека завршуваат во Септември 2021 година!
Студијата за Pfizer завршува во 2023 година!
За Модерна во Октомври 2022 година!
За Sputnik V во Мај 2021 година!
За Sinovac во Октомври 2021 година!
⚠️ Ако вакцините се толку делотворни и квалитетни, зарем верувате дека Германија, Франција и Шведска ќе дозволеа Србија да ги набави воопшто?! А тој Александар Вучиќ да не ги фрли вакцините на кои рокот им истекуваше ги вбризга во Македонци, Црногорци, Албанци и Хрвати. И сега госпоѓа/госпидин Брнабиќ вели дека Србија нема да ги ревакцинира!
⚠️Минатата година кога поминаа православните празници, еуфоријата стивна, мерките олабавија и народот можеше да оди на планина или на езеро, преку туристички ваучери. Бектеши најави дека и годинава ќе ги има со поголем износ и поголем процент на граѓани ќе опфател. Народот лани го исплашија дека корона има во Македонија, но не и во Албанија и Турција. Минатата година на плажите во Грција уживаа само Британските туристи. Годинава додека Англија ја тресеше Британскиот сој Џонсон повторно потпиша билатерален договор со Мицотакис, Британците да летуваат во Грција. Но Грците попарени од минатогодинешната слаба турустичка сезона, годинава решија да ги олабават мерките па и Северо Маедонците со негативен ПЦР тест, кој ќе оже да се добие во неколку лабаратории кои Заев и Филипче ќе ги акредитираат, ќе можат од 14 Мај да уживаат во прв ред на некоја од плажите на Халкидики. Поитајте Македонци, наместо државата да си ја спасите, одете туѓуте економии спасувајте ги!
⚠️Како ми вели една пријателка, јас во кафеана не одам, може слободно да ги затворат. Тоа сестро што сега не те засега, не те исклучува од играта, порано или подоцна и ти ќе бидеш засегната! Важно ништо не работи, ама во реалноста се ќе работи онлајн, веројатно и дилерите! Докторите од приватните болници ќе дошле да му помогнат на државното здравство?! Па кој, како и зошто и дозволи на Патриција Каламарис од 8ми Септември да замине во Систина? Наводно приватните болници ќе ги намеле екстремно високите воено профитерски цени на лекувањето? Во приватните болници умираат ли пациенти, како и со што ги лекуваат што волку им се високи цените, нели сме среде Кризна состојба, државата може нивните капацитети да ги искористи? Како тоа Жан Митрев од клиника за кардиохирургија стана ковид центар? Колку пари спечалија приватните болници само од ставката ПЦР тест?
⚠️Министерот за смрт ни појасни дека зголемената смртност била заради тоа што терапијата против ковид не делувала? Инаку официјалниот протокол е државна тајна, тој идиот не чувствува никаква одговорност? Се’ прашувам дали со истиот протокол беа лекувани Мухамед Зекири, Антонио Милошоски и Христијан Мицковски? Методи Чепреганов после долго време излезе во јавност и кажа дека се наоѓаме среде трета светска – биолошка војна, ама лек за оваа чума била само вакцината! Вака учевме во ОНО и ОСЗ? Преплашете ги луѓето со црна психијарија и потоа лекувај ги, таа се создаваат нови пациенти, токму така!
⚠️Ех, Македонци една година ве возат и ве прават идиоти без око да им трепне, и вие сеуште им верувате дека овие се грижат за вашето здравје, овие кои устата им е полна со ЕУ и НАТО и чекаат датум за датум за преговори, притоа давајќи Македонски пасоши на светски криминалци, нема терористички акт а во него да нема учесник со Македонски или Србски пасош! Ама затоа постојат некои теоретичари на заговори кои розовиот свет во кој живеете ви го прават сив, за да правиш теории на заговор треба нешто во главата да имаш, во спротивно ти ставаат оглав и те водат лево – десно, напред – назад! Година дена зурли и тапани се строго забранети, година дена на новиот живот ни забранија да се израдуваме, две генерации останаа без матурски прослави, покојните во црни вреќи ги погребуваме со екстремно високи суми но без блиски роднини и познаници, како да се питачи. Година дена нашите сограѓани умираат во болноците со отворени очи, и вие очекувате ова да престане ако ги почитувате мерките, и на ТВ да ви кажат нема веќе заразени, заболени и починати?! Немам солзи да ве исплачам колку сте за тажење, па вие немате волја да се борите, да докажете дека сте достојни за почит, децата од Септември пак ќе учат онлајн, ама вие летово важно ќе се сончате и капете во Неа Флогита, не сте способни да се изборите за нивната подобра иднина, им ги давата сопствените чеда на тацна без око да ви трепне! Со послушноста ќе се спасите себе си, вашите родители, вашите браќа и сестри, ако така мислите, тогаш сте премногу наивни! Ставете гас маски и на улица сите, ако сакаме ова да престане, или со граѓанска непослушност! Се дур сме разединети, раскарани и поделени ќе не играат и возат како сакаат!
🎯И ЗАТОА СИТЕ СМЕ ЗА ВО БЕЗСТРАГА!🎯
П.С. Текстот е авторски труд на Атина Минерва Ангел Белески!
⚠️ВНИМАНИЕ! Авторот на текстот е докажана неписмена будала, теоретичар на заговори и фејсбук експерт, читањето на нејзините текстови не исклучува појава на контраиндикации, затоа се препорачува претходна консултација со психијатар, пулмоалерголог, епидемиолог, инфектолог, имунолог, ендокринолог, гинеколог, уролог, отоларинлголог и фармацевт!

 

Атинa Белески

 

Loading...

Related posts

Leave a Comment