Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : ДИСТОРЗИРАНО ОГЛЕДАЛО

ДИСТОРЗИРАНО ОГЛЕДАЛО

Вчера имавме протест организиран од поединци пред Владата. Кој наиде на нож во пошироката јавност. Многу чудно, дури човек и да се запраша каде е и во која средина живее?!

Низ целиот свет масовни протести, народот се буди. Во соседна Србија веднаш после укинување на вонредната состојба и полицискиот час, имаше масовен народен протест. Мотото на тој протест од пратеникот Срџан Ного и новинарот Милован Бркиќ беше:”нас не не интересира на која партија сте и симпатизер, дојдете да кажеме дека веќе ни е доста”! Имено имаме среќа во целава несреќа, што немаме парламент кој заседава.
– Во соседна Р.Србија сега им донесоа закон за обавезна вакцинација на целото население со сите вакцини, и стари лица и бремени жени итн. Понатаму закон со кој доколку не им се допаѓа како се однесуваш со своето дете да ти го одземат! Кога сакаат да ти упаднат во домот и детето да ти го одземат! Ист таков закон донесен е и во Р. Бугарија поодамна. Во истата Србија за време на ова шоу луѓето од терасите порачуваа “ВУЧИЌУ ЛЕЧИ СЕ”!
– Овде се аплаудираше и сеуште се аплаудира. Ниту во Србија ниту во Хрватска по социјалниве мрежи, нема да најдете група која го подржува министерот за здравство и кризниот штаб. Тоа го има само кај нас!
– Браво, Ве читам и ви се дивам на високата академска полемика што ја водите. Какви погрди зборови користите, кои ниту на карајот на паметот не би ги помислила, а камоли изговорила. Тоа е дијалог на прави интелектуалци, на градски граѓани од дедо Ное. Како велат се појавија ВМРОВЦИТЕ со знамето со сонце. Кога го видов знамето одма знаев кои се. Ова знамево со 16-ет кракото сонце симбол на ВМРО е? Филип и Александар биле ВМРОВЦИ? Со тоа знаме треба и Вие да се гордеете, зошто тоа е симбол на сите нас Македонците.
-Ах, Горан Калоџера дојди и кажи им на овие луѓе овде, дали има Хрват кој се срами од шаховницата? До таму се отидени работите, до таму народот е поделен беспотребно. Македонец на Македонец му е волк! Ова е толку поразителен факт што морници ме лазат. Застанете на момент луѓе, ставете го прстот на чело и прашајте се што правите! Застанете и свестете се дека некој играчки си игра со нас! Застанете, размислете и освестете се дури не е доцна! Па читам овие треба да бидат поразени, уништени, и што уште не! Кого ќе уништувате, кого ќе бришете, самите себе си? Не правете го тоа на луѓето што не сакате Вам некој да Ви го прави!
–  Но бидејќи Вие сте борци за слобода и правда само кога од партија ќе Ве викнат не зависно десна или лева, Ве прашувам не Ви пречеше кога Ваша сопартијка забулена и порача на Мизрахи да си стави Давидова ѕвезда? Не се оградивте од тоа, во ред! Ја разрешија жената за табла на РМ, и тогаш молчевте! Но каде сте сега да Ве прашам да изреагирате за ова позирање на министеркава со овие обележја на УЧК? Оние од партијата што револтирано говорат за овој нејзин чин, се кај мене во инбокс. А таа не само што не се извини, туку излезе на прес конференција и го направи народов недоветен. Требаше министерот за одбрана на Р.Србија Александар Вулин остро да изреагира, вели: “Зошто Шеќеринска не се сликала пред кукаст крст, па да ни каже дека тоа е ретро моден правец. Позирање пред симбол на терористи кои се неспорно криви за убиство на цивили жени и деца и да говорите дека така се служи на граѓаните не е ништо помалку лицемерно отколку да се сликате под знамето на Исламска држава и да говорите за верска толеранција!”

Фотографија на Македонскиот ЈАЗОЛ.

–  Ова му доаѓа како Хашим Тачи да се поклони на гробот на Слободан Милошевиќ, Србите протерани од Книн на гробот на Фрањо Туѓман. Заев се поклони на гробот на бугарските војници што загинале овде во војната. Децата ни учат мајчин јазик, додека другите учат албански, турски итн. Судот во Хаг пресуди против Грција, судот во Стразбур против Бугарија, ние овде сами си пресудуваме. Била министерката да ги лечи раните од 2001 година, сега сме биле членка на НАТО па тоа никогаш повеќе немало да се повтори. Не си ти таму отидена да лечиш рани, туку да се пазариш за гласови за избори. Оди излечи им ги раните на родителите кои ги изгубиле своите синови, децата кои останале без татковците. Излечи им ги раните на воените инвалиди, но и на сите кои се живи и здрави и носат кошмар од тоа време. Со ова само допревте таму каде што боли, каде некое срце и душа крвари.

Не сте мои ниту Вие ниту противниците Ваши, па можам да говорам отворено. Ова е еден неспорен доказ дека ние луѓето за нив, за сите нив имаме употребна вредност. Затоа сме човечки ресурс, суровина-потрошен материјал. Овие луѓе што протестирале, протестирале и за Ваше добро! Од тоа зијан не може да имате! Не отишле власт да бараат, туку право некој да го есапи народот. Ако живееме во демократска држава да се почитува гласот на народот!
– А не некој да си потпишува договори, да си носи закони како газдите од надвор му кажале! Наместо да навредувате треба да се запрашате зошто и Вие не сте биле таму! Зошто протестот не бил помасовен. А, да многу сиромашен и за жалење бил! А каков очекувате да биде протест организиран од обични граѓани? Знам дека Вие одите на полуксузни протести со сенгвичи, пијачки, сладоледи и дневница! На овој протест не се кршеше, не се фрлаа бои Ви текнува на оној Вашиот организиран од КАНВАС на Срџа Поповиќ. Или сега посовремено АНТИФА, кој Трамп ги прогласи за терористи!
– Овие луѓе протестираа против законски имплементираната политика за развој на примарната здравствена заштита (вакцинација) и контрола на раѓање на милијардерот Бил Гејтс. Човек без образование и знаење за медицина, биологија и хемија кој со своите пари си игра со животите на луѓето ширум светот. Дали Ве праша некој за ова? Дали има во светот народ кој е поспремен се да прифати од нас, не нема! Постојат организации за заштита на правата на животните, животните се позаштитени од луѓето од нас Македонците. Најефтино е со Македонците да експериментираш нив никој не ги штити, некои и сами се нудат. Најлесно се владее со народот кога ќе го фрлиш во прегратките на стравот и неизвесноста. Тогаш кога е подведен под тебе, ги поседуваш неговата душа, ум и имот. Одамна кажав дека не живееме во држава, туку во лабораторија.
– Вирусов не е непријател, туку сојузник на режимот во борба против слободоумниот граѓанин. Вие кои фрлавте со дрва и камења по Гордана Гоџо како велите ВМРОВКА, еве ја оваа за вакцините од лани што зборува. Свесни сте какви невистини кажувате јавно? Знаете нешто за вакцините, сте прочитале некој труд за нив? Запознаени сте каква војна се води во светот против вакцините? Знаете што содржат истите, дали се безбедни? Знаете колку деца се оштетени од нив, колку семејства се уништени? Знаете дека во брошурата на НАТО пишува дека вакцините се биолошко оружје? Знаете дека внукот на Претседателот Џон Кенеди, Роберт Ф. Ј. Кенеди успеа за кратко време два спора против производителите на вакцини да добие на Суд?
– Знаете дека во Индија, Африка и многу држави Бил Гејтс е протеран заради штетата што неговите вакцини ја предизвикале? Да, држави како Танзанија наводно сиромашни, но со многу мудри политичари. Кои дадоа примероци од коза и папаја и истите беа позитивни на вирусот. Со тоа му покажаа на светот колку тестовите се нерелевантни, но и опасната игра на СЗО. Исто како и Претседателот на Мадагаскар кој призна дека СЗО му нуделе 20 милиони долари да се откажат од својот природен лек за вирусов. Да ставеле отров во лекот и да го прогласат за не корисен. Но и Претседателот на Боливија кој кажа дека зад сето ова стои сценарио, да се врши репресија на населението. Да му се скратуваат правата и слободите, да се создаваат послушници. Како им порача вооружете се, зошто вооружено население никој не може да покори.
– Да се вратам на почеток на говорот на Гордана Гоџо, болните душички за да ја дискредитираат говорот го извадија од контекст и така помислија дека го решиле проблемот. Спомнала вентилатор и сите се фатија за тоа, веројатно опседнати сте од вентилаторот на знамето. На оној вентилатор кој беше на американскиот воен авион како што не убедуваше Шеќеринска. Ова што Гордана Гоџо го кажа го кажуваат и сите врвни стручњаци. Ти благодарам на храброста да излезеш и јавно да кажеш што се случува. Тебе ќе те вадат од контекст, мене ќе ми ги бројат запирките,точките-правописните грешки! Мора некако да си ги лекуваат комплексите!
–  Во Светото слово запишано е: “Зошто ја гледаш раската во окото на твојот брат, а гредата во своето око не ја чувствуваш? Или, како ќе му кажеш на својот брат: “Чекај да ти ја извадам раската од окото, кога во твоето око има греда? Лицемере, извади ја прво гредата од твоето око, па тогаш ќе видиш како да ја извадиш раската од окото на твојот брат”!
– Но ајде со ред, што е тоа толку спорно со вакцините, кои се малите но засега големи победи на Роберт Ф.Ј. Кенеди кога се вакцините во прашање? Прво успеа на Суд да го добие спорот против Американската CDC ( Центар за контрола на болести) поради недостиг на научни студии повеќе никаде не ќе смејат да велат дека вакцините се безбедни. Тоа што до сега сите, вклучително и нашиве професори, доктори и министри јавно Ви велеа дека вакцините се безбедни се е на жими мајка. На оние брошури кои ги имаа добиено од СЗО како да се однесуваат со Вас кога ќе почнете да поставувате прашања. На кое прашање како да Ви одговорат, како да Ве изманипулираат и да Ве прогласат за луди.
Проблемот со вакцините настанува во 1980 година кога во Америка расте бројот на деца оштетени од вакцини.
– Оштетите според тогашните закони треба Фармацевските куќи кои произведуваат вакцини да ги исплатат. Но еден период кога оштетите се множат, фармацевските куќи тоа финансиски неможат да го издржат, му се закануваат на Председателот Роналд Реган дека ќе престанат да произведуваат вакцини. Тој прифаќа да преговара со нив и донесува штетен закон чии реперкусии и ден денес сите ги чувствуваме. Имено Фармацевските куќи се иземаат од одговорност, односно доколку има несакани последици државите ќе исплаќаат штети на загрозените семејства. Така една каста ужива привилегии, додека нашите држави преку даноците кои ние ги уплаќаме врши обештетување. Но во тој закон донесен 1986 година, имало клаузула Фармацевските куќи да работат на усовршување на квалитетот на вакцините и на секои две години да му доставуваат истражувања на CDC. И тука лежи замката, бидејќи тие не подлежат на ригорозни контроли како производителите на лекови, си штанцаат вакцини како бонбончиња за се и сешто. Некогаш проверката на нивниот квалитет била максимум пет дена, а минимум 5 часа.

–  Но и најважното 32 години тие не доставиле никаков доказ до CDC дека работеле на подобрување на нивниот квалитет. Адвокатот Роберт Ф.Ј.Кенеди побара од CDC да му достават доказ за изминатите 32 години. Тие го одбија, но тој ги даде на Суд. Во Судската постапка обврзани беа да достават доказ, и доставија празен лист. Тој го доби спорот, она што цело време го знаеше и за што се бореше се потврди. Знаете што значи тоа? Тоа значи, дека цели 32 години некој си играл мајтап со нас. Пет американски организации за здравствена заштита се под сомнение: CDC, FDA, IOM, NIH, HEALTH, DHHS, како и AMA. Семејства се растурени, брачните другари разведени заради вакцините. Многу се откажале од работа за да ги чуваат децата кои не ги примаат во градинки, а тоа автоматски значи и помалку приходи. Но од друга страна многу здрави, прави дечиња се осакатени. Прашувам колку штета е направено за овие 34 години, знаеме ли?
–  Не сме ни свесни ние?! Освен децата кај кои се гледаат веднаш последиците, допрва ќе ни се удира тоа по глава. Зошто центрите за асистирана репродукција полни се со парови кои имаат идиопатски стерилитет, најчесто млади деца. Затоа пред да климнете со глава за нешто распрашајте се, прочитајте, поразговарајте со луѓето кои поминале и сеуште поминуваат низ пеколот. Сочувствувајте со тие луѓе кои секојдевно учат како да живеат и да се борат за подобро утре, додека срцето им се кине. Сочувствувајте со тие души кои Ви ја подаваат раката за да Ви помогнат, да си помогнеме сите зошто заедно сме посилни. Сочувствувајте со тие душички кои несебично се борат за да на Вашите неродени чеда и на Вас Ви биде многу полесно. Зошто секое детенце е дар од Бога, зошто со најмилото и највредното не смееме да си играме руски рулет. Тоа треба да заврши еднаш засекогаш!
–  Затоа пред да обвините некој убаво размислете, ставете се во нивна кожа и на нивно место! Што Вие би направиле? Тоа што некој го доживеал на своја кожа е 100% штета за него. Тоа што сега си иземен не значи дека твоето детенце, внуче или правнуче нема да биде на отстрел ако ова лудило не запре. Никој од овие луѓе не е против вакцинација, сите се борат за проверени вакцини. За транспарентност што содржат, колку има корист-колку штета. И најважното право на избор и согладност. И кога одите на операција или било каков друг зафат потпишувате дека сте согласни да бидете оперирани и под анестезија.
– Но истото не важи за вакцините. Затоа млади деца Вие кои сте иднината на оваа држава кои одевте на протести против екстерното, на студенски пленум боде во очи кога јавно се исмејувате. Со ова си плукате и себе си во лице, зошто борец за правда значи борец за правда секогаш. Срамота е да барате луѓе и деца кои не биле вакцинирани да биле обележени на пример со црвена точка на чело. Како не Ви е срам такво нешто да помислите. Како може да верувате на небулоза дека невакцинирано дете, го загрозува здравјето на Вашето вакцинирано дете?! Знаете ли дека вакцинирано дете еден месец после примена вакцина го шири вирусот? Вие самосвесните мајки кои веднаш после вакцина ги носите децата во градинка и училиште.
– Во нормално општество кога некој ќе излезе на улица да протестира треба сите да го подржат, зошто никој незнае утре во каква каша ќе биде. Наместо да се смеете треба да помогнете да јакне граѓанскиот сектор. Не некои НВО, кои се се’ само не невладини. Зошто масовен протест од самосвесен народ на улица значи и шамар во лице на партиите и политичарите. Па кога народот ќе стане толку силен и моќен ќе видите како тогаш политичарите ќе ја сменат плочата која триесет години ја вртат, а ние ја слушаме. Не слушајте што говорат политичарите туку што прават!

– Како вели Вилијам Кејси Директор на ЦИА : “Нашата програма за дезинформација ќе знаеме дека е завршена, кога лагата ќе биде единствено во што народот верува”.
А колку е зезната работата и игранкава со ова корона мапед шоу ќе Ви пренесам изјава на Путин од 17ти Мај годинава, се однесува на масовното тестирање од вирусов и целите за кои во иднина тој генетски материјал може да се користи т.е злоупотреби. Тоа во завиена форма го најави и Филипче, масовен скрининг за некои цели што некогаш во иднина ќе се користат.
– Путин ја нагласува важноста од генетските истражувања, бидејќи генетскиот фактор би можел да биде главна причина за идните војувања. Да се вратам назад на негова изјава лани во Сочи, потврди дека генетското оружје веќе е тестирано на кучиња, кои после три генерации имале страшни последици. Се работи за оружје кое цели одредени народи, па дури и семејства. Ова тестирано биолошко оружје во форма на лек е даван на кучиња. Тие имале пократок животен век, со што е потврдено застрашувачко делување на ова оружје. Сега со вирусов се собира биолошки материјал од цела држава од сите етнички групи. Прашењето кое Путин го поставува е: Зошто тоа го прават? Тоа што го прават го прават со одредена намера. Доволно е да се создаде “етнички” вирус кој се активира само на специфични халпо групи и истиот ќе биде безопасен за останатото население. Тоа е најсовршено оружје за масовно уништување на таргетирана популација со совршена селекција, во кое нема уништување на материјалните добра.
– Затоа не ми лицитарајте бројки секој ден, не го плашете народот со хорор слики од социјалните мрежи. Слики со болница во Бергамо ама за чудо истата е и слика во Њујорк. Слики со ковчези од починати мигранти од 2013, 2015 и повторно сега! Видеа по болници во Бергамо со болни приклучени на респиратори кои зборуваат на мобилен. Многу стручни лекари ги коментираа тие снимки. Зошто и јас имам видеа од прва рака од Матео Салвини за празна болница во Бергамо. Понатаму полн ми е инбоксот од медицински персонал кои ме следат, ставале лајк на мои постови но сега како велат несмеат. Неколку од нив денес беа на разговор во министерството. Косата ми се крена на глава од заканите кои им биле упатени.
–  Имам и јас информации од прва рака што се случува! Ја читате Д-р Патриција Каламарис од 8-ми Септември што кажува, ама јас имам инфо од други три доктори од нејзиниот оддел. Така што пополека, да не мешаме баби и жаби, интелигенција и мудрост. Мудриот човек несмее два пати да згреши на ист начин. После птичји и свински грип ова е трет пат! Не може во оваа држава се да е во ред, само народот да не чини. Зошто и тие што владеат со нас се дел од народот, не се паднати од Марс! Не држи вода тоа обвинување. Но вистината кога тогаш ќе го здогледа светлото на денот! Зошто таа е некаде помеѓу лагата и пропагандата.
— За потсетување една изрека на Председателот Џон Ф. Кенеди:” Не прашувај што државата може да направи за тебе, запрашај се што ти можеш да сториш за неа”!
– Сите да го ставиме прстот на чело и да размислиме, зошто со државата наша владее суетата-егото! Суетата е право пропорционална со простотилокот, а обратно пропорционална со духовниот развој!
– Овцата секогаш се плаши од волкот, но ја јаде стопанот кому највеќе му верува!

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment