Колумни

Атина Белески: За овие групираниве танчери, кои не се род и се повеќе од четворица, нема казни?! Ама затоа оние што се собрале околу Бадникарски оган се приведени!

Сликата може да содржи: 1 лице, стоење, на сцена и од надвор

ПОВИКОТ “ТЕ ПРЕДИЗВИКУВАМ”

Далечната 2009 година, ја одбележи пандемијата со свински грип, но и “спасоносната вакцина” за AH1N1 која во аманет ни остави многу лица кои заболеа од АЛС (амиотрофична латерална склероза), невролошко заболување познато како Лу Геригова болест. Болест која е не излечива и прв ја воочил францускиот невролог Жан Мартен – Шарко, уште во далечната 1874 година, терапија за оваа болест не постои до ден денешен. Инаку ова е болеста, од која боледуваше и Стивен Хокинс.

Бидејќи вакцината за АH1N1 направи повеќе штета отколку корист, 2012 година во знак на подршка на еден бејзбол играч кој се разболе од оваа болест, но и на сите други, од Бостон започна “Ice bucket challenge”, односно “предизвик” кога познати холивудски ѕвезди, спортисти, па дури и поранешни американски претседатели, се полеваа со кофа со ледена вода и донираа пари. Се’ со цел да се спроведе хуманитарна акција, да се соберат пари за истражување на лек за АЛС. Во САД за неколку недели се собраа повеќе од 13 милиони долари. За жал, лекот се уште не е пронајден, а во август 2019 година “предизвикот” официјално со манифестација беше затворен! (да може да отстапи простор, за новото што доаѓа)!

Со помош на интернетот и медиумите, цел свет се полеваше со вода, а дел не ни знаеше зошто тоа го прави. Безмисленото полевање со кофа ледена вода, тогаш личеше на показна вежба, моќ да се управува со човечкото однесување. Многумина кои го прифатија предизвикот, прифатија доброволно ропство и диктатира.

Повикот ” те предизвикувам” доби магичен призвук, масовното полевање со вода не беше ништо друго, туку општествен експеримент. Хуманитарната акција за собирање пари беше само покритие. На многумина ова им беше забавно, на други смешно, но на трети од ова глупирање (полевање со ледена вода) “им се креваше косата на глава!”

И доаѓаме до новото лудило, Jerusalema challenge! Инаку музичка нумера на јужноафриканскиот диџеј и продуцент на плочи Мастер КГ, во која како вокал се појавува Ном Чебо. Нумерата првично е објавена во ноември 2019 година, спотот е снимен во декември 2019 година, а истоимениот албум е објавен во јануари 2020 година. Во издание на дискографската куќа “Евангелие”. Пред Ковид 19 карантините, Мастер КГ патуваше многу и скоро секаде во изјавите акцентот го ставаше на танцот на нумерата, “песната содржи “евангелски стихови” и таа како и танцот заразни се како вирусот”.

Преводот на текстот на нумерата е:
Ерусалим!
Ерусалим мојот дом
спаси ме,
придружи ми се,
не оставај ме овде!
Моето место не е овде,
моето кралство не е овде,
спаси ме!
Појди со мене!
Спаси ме,
Спаси ме,
Спаси ме,
Не ме оставај,
Спаси ме,
Спаси ме,
Спаси ме,
Не ме оставај овде!
( Се повторува уште еднаш истиот текст).

На прв поглед ништо посебно, но дали е така? Самиот автор вели дека пораката која преку нумерата се испраќа, е Ерусалим да стане дом на “многу верски верници”!
Какви се тие “многу верски верници”?! “Моето место не е овде, моето кралство не е овде, појди со мене, не ме оставај, спаси ме!”
Кое е спасоносното место, кое е спасоносното кралство, можеби новиот светски поредок (една влада, една армија и една религија), Jerusalema ли е химната?!

Кому му танцуваат, кому му се молат, и го повикуваат да се смилува и да ги спаси?
Кому му се молат со маски, на Бог или…..?!
До толку е заразен “предизвикот” што медицинскиот персонал од Прилеп, заборави дека имаат болни кои треба да ги лекуваат?! И од како нумерава е пуштена во етерот, односно од како почна предизвикот да се прифаќа, нема танчер без маска!

За повеќето нумерата буди позитивни чувства и влева надеж, да се истрае во овие тешки мигови. Првите спотови снимени се за време на масовните карантини, а сега пред Христијанските празници, Нова година и престојната вакцинација! Танцот и нумерата треба да не утешат од забраната за групирање, од прослава на Нова година, забрана за посета на црква за Велигден, за Божиќ, за Богојавление?! За овие групираниве танчери, кои не се род и се повеќе од четворица, нема казни?! Ама затоа оние што се собрале околу Бадникарски оган се приведени! За светските господари и чичковците од Институтот Тависток нема случајности, тие заради кои човештвото се наоѓа во невиден хаос и страдање, тие ви нудат и забава и тие го имаат и лекот! На овој свет, во светот на високата политика случајности нема!

Симболи има на секој чекор, само прашање е колкумина ги забележуваат и можат да ги протолкуваат? Сите овие лица се злоупотребени, веројатно повеќето не се ни свесни што прават, зошто прават, која е целта, која е пораката на нумерата, која е пораката на танцот…..итн. Но има некој – некои, кои ова го создале, и сега – се смејат додека оди овој циркус – овој куклен театар! И не случајно, ice bucket challenge, официјално престана во август 2019! Што се слави, животот или смртта? Ако е животот и слободата, тогаш маски не треба да се носат!

Или и ова е исто како и спотот за Големиот ресет, “нема да поседувам ништо, ама ќе бидам среќен?!” Во случајов ќе биде, сепак жив сум, и воопшто не е важно што немам никаква слобода, ниту права! Тоа што во меѓувреме испоумреа луѓе, воопшто не е важно, и онака луѓето се само бројки!
Ice bucket challenge траеше седум години, Jerusalema challenge колку ќе трае, ако имаме во предвид дека ова е само почеток, не знаеме што се ќе се изроди од вакцинацијата, може ќе имаме плус уште некои надградби, на пример полевање со врела вода?!

Двата настани недвосмислено се дел од свесната и интелигентната манипулација за организирани навики, и уверувања на народот дека е важен дел од демократското општество. А тие кои манипулираат со овој невидлив механизам ги прават Владите невидливи. Со полевањето со вода и со танцот, всушност се привлекува вниманието на јавноста и се де фокусира од многу важни и суштински работи. Повеќе од очигледно е дека таа стратегија вродува со плод. Бидејќи деновиве само за тоа се говори, за танцот на медицинскиот персонал и од вчера на банкарите, и сега натпреварот ќе биде кој подобар перформанс да направи, и таквите спотови со “прифатениот предизвик” ќе се множат како печурки после дожд!

Најважна работа е на народот да му се одвлече вниманието и да се забавува – замајува, додека во позадина му се крои судбината! Како ми вели една пријателка, Jerusalema challenge е хит секаде во светот, токму така, таа е моден тренд, но најважна е пораката која се испраќа!
А вистината скоро секогаш е говор на омраза, за оние кои живеат во лага!

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment