Колумни

Атина Белески : Исплашениот народ најлесно се контролира

JUSTITIA OMNIA AURO CARIOR!
ПРАВДАТА Е ПОСКАПОЦЕНА ОД СЕКОЕ ЗЛАТО!
👉Дојде време и нашите лекари на прогледаат на едно око! Почнаа да ретерираат од нивните ставови кои во мас медиумите до вчера ги застапуваа. Па така од оној дијалог низ коментари помеѓу Д-р Јадранка Бибан и д-р Нико Беќаровски од која порталите направија сензација како докторот ја замолкнал доктор Бибан, не помина многу време ама доктор Нико ја смени плочата сега нешто друго кажува, ама не само тој туку и плејада други доктори меѓу кои и проф. Д-р. Никола Пановски. Многу интерсна дискусија еве линк, прочитајте и уверете се: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220964836624126&id=1637636807 👉Докторот се повикува на информација од угледното медицинско списание LANCET, во косопственост на Ротшилдови. Инаку ова е списани во ко беше објавена статијата на д-р Ендрју Вејкфилд дека МРП вакцината предизвикува аутизам.
👉Ете така, се вративме на самиот почеток, на ПЦР тестовите, напишав јас неколку текста за нив како и за терапијата https://www.facebook.com/106593987734247/posts/127696365624009/
👉Но и уште еден во кој се опфатени игрите со Ремдесивирот лекот кој сега сакаат да ни го претстават како спас, како и терапијата која се употребува. https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10220842213676984&id=1588268514
👉Но, еве што правеше LANCET на почетокот од ова лудило.https://www.novilist.hr/ostalo/sci-tech/znanost/sramota-svjetski-uglednog-medicinskog-casopisa-objava-clanka-dovela-do-prekida-vise-istrazivanja-autori-porucili-da-ne-jamce-za-istinitost/
👉И еве какво списание е тоа,успав да пронајдам текстовите со некаков превод од англиски, да не губам јас време, а сепак да бидат достапни и разбирливи за секого. https://cijepljenje.info/sokantno-izvjesce-urednika-lanceta/ Вака изгледа на дело таа фармацевтска мафија.
📌Јаков Ротшилд одамна има изјавено: „ Дајте ми ги сите медиуми и ќе го покорам светот“. 📌
👉Кај нас цело време имаме дефокус мајстори, како д-р. Даниловски кој вели дека причината за високата смртност во Македонија е поради високиот процент население со коморбидитети. Ова е доктор кој изнакажа такви лаги за кои се надевам дка ден ден ќе треба да одговара!
👉Владата наша не се откажува од кормилото на СЗО, во кое влезе пресреќна од една посета на Филипче во Р. Црна Гора април месец 2018. Одушевен како ти се справуваат со нискиот процент на вакцинирани дечиња. Од тогаш кај нас работите тргнаа во бестрага, после тоа беше театарот со морбилите и стигнавме до ова „ново старо лудило“. Па така Вакцините за Ковид19 Владата ќе ги набави преку Глобалниот сојуз на вакцини (ГАВИ) (GAVI ALLIANCE), односно COVAX системот на СЗО ќе ја чинат Македонија 8,8 милиони долари со дози за само 20% од населението.
👉Оваа „Болест“ доби необична димензија, зошто сите почнаа да ја искористуваат и стана политичка приказна. Епидемијата всушност е приказна за луѓето и светската политика, додека вирусот беше тој кој ги придвижи. Имавме симулација на крузерот Дајмонд принцес на самиот почеток. На бродот имаше 4.000 луѓе, во затворен простор, со централна вентилација, идеално за ширење на вирусот. Околу 700 луѓе беше инфицирано, починаа 11, што значи смртноста е 0,25 %. Вирусот не е толку интересен колку она што се случува околу него. Во Америка конгресмени говореа, дека вирусот ќе го сруши од власт Трамп. Главниот проблем што сега го имаме е дека кога луѓето ќе се уплашат тие делуваат ирационално. Оваа криза ни покажа колку здравствениот систем ни е слаб, и второ како изјави од пред неколку години се менуваат, ама и од пред 7 месеци и од неодамна. Сведоци сме на многу контрадикторни изјави. Многумина лекари говореа дека маската дава лажно чувство на сигурност, па затоа не внимаваш на ништо друго. Односно дека имаат психолошки ефект, сега истите поинаку говорат! Корупција од секогаш имало, затоа се тргаат лекови од листи за на нивно место да дојдат нови и подобри. Парите се во прашање и профитот а не здравјето. Слушаме дека ете нешто се развива и унапредува, се тргаат лекови од листи кои се штетни предизвикувале рак итн. За да дојдат други кои по некое време исто така ќе се тргнат од употреба. Западната медицина се наоѓа во многу незавидна позиција, после ова прашање е како и кога ќе ја поврати довербата. Источната медицина вклучително и хомеопатијата во многу работи се понапред од западната медицина. Треба да се лекува човекот, а не органите. Кога му се дава некој лек на организмот, се потиснува некоја манифестација. Но не може да има заболување на бубрезите, а се останато да е здраво. Тоа се сериозни пропусти, тоа е најголемата немоќ на западната медицината како наука.
👉Д-р Никола Пановски вчера го кажа тоа ко цело време го говорам, но го говорат и многу други доктори ширум светот, а тоа е дека: „Постојаното носење маски ќе предизвика последици на органите за дишење“.
👉Централата однодно СЗО дава наредба на државите, исти мерки и закони во исто време да спроведуваат. Короната на копче, смарт е! Владата и Собранието ќе заседаваат онлајн, за да може да изгласаат промени на законот за заштита на населени од заразни болести, но ингеренции поголеми да и доверат на нашата полиција. За да може да ни упаѓа по домовите и да не затвораат. Односно да ни ја пресликаат комунистичка Кина со нејзиното социјално поведение, кое сега е до запирка спроведено во Нов Зеланд и во државата Викторија во Австралија. 👉Државата Викторија во Австралија ја предводи оваа глобална дистописка судбина на тоталитарна технократска тиранија што ја спроведува ООН. Тоа ги објаснува новите црни униформи и возила. Тоа е глобалната полиција на ООН во Викторија, Викторија стана дел од глобалната мрежа на „Силни градови“ која ја носи агендата 2030. Викторија е единствената Австралиска држава што го потпиша овој договор.
👉Што значи оваа мрежа „Силни градови“ или „ Strong City Network (SCN) ? Таа е формирана во ООН 2015 по иницијатива на Обама,а целта е да се контролира полицијата низ светот. Оваа програма и дава на полицијата тотална моќ дури и тоа да значи прекршување на законите и уставот. Ако домашната полиција односно Владата не може да се справи со одредени збиднувања тогаш повикува засилување од другите градови кои се членки на мрежата со цел загушување на отпорот на народот. Оваа мрежа проповеда тотална контрола врз сите жители на земјата и целокупниот систем во сите аспекти. Финансиски спонзори на оваа мрежа се: ООН, Демократската партија на САД, Рокфелер фондацијата, Фондацијата Отворено општество и други. Ве ја комплетната листа на држави и градови кои се приклучил на оваа мрежа https://strongcitiesnetwork.org/en/strong-cities/member-cities/
Од Македонија тоа се: Арачиново, Чаир, Охрид, Гостивар, Кичево и Куманово.
👉Пријателка денес ми вели познавам двајца блиски кои се болни и тоа многу, ништо од мерките не се почитува, а ти се противиш на нив! Луѓе не знам кои зборови да ги употребам за да ви го доловам овој матрикс во кој сме втурнати сите. Не знам дали на Кинески говорам или треба на секој поединечно очите да му ги отворам, како Том од цртаниот сам што ги отвораше прво со селотејп траки, а потоа и со чепкалки. И велам помниш колку пати до сега си била болна од поприлично лоши вируси на грип, вели помнам. Јас четири пати, со тоа што еден ме врза за кревет 14 дена, така силно болно и мачно кашлав што мислев дека секој момент цревата ќе ги повратам. Што беше тогаш различно, јас седев дома, изолирана во просторија подалеку од сите. Но моите блиски ниту носеа маски, ниту им беше ограничено движењето, држава функционираш нормално. А такви како мене имало многу. 👉Не можам да разберам само како ви го избришаа помнењето, па заборавивте што беше лани ова време. Колку болни имавме од сезонски грип. За да дојдеме во ситуација да чекаме вакцина, која на крај ќе направи штети далеку поголеми и од вакцината за Н1Х1 свинскиот грип, која од после ја уништувавме, како и лекот Тамифлу за птичјиот грип. И добивме болни од ретка болест АЛС (амиотрофична латерална склероза). И Тамифлу и Вакцината за Н1Х1 се тргнати од употреба како не корисни и штетни. Е сега на голема врата се протнува ремдесивирот кој ќе направи многу штета, како и терапијата во која се користи дексаметазонот. Болестите се лекуваат во болница, а таму сегашните протоколи не се за да те излечат. Значи и сите да носат маски и да почитуваат се, сценариото ќе ви се спроведе до крај. Многу е опасно е кога се манипулира и со болести и со терапија, https://fokus.mk/panovski-remdesivir-e-opasen-i-toksichen-lek/
👉Вирус не се лекува со ( маска, социјална дистанца и дезинфекција), ова е спроведување на дело на психо-социјелен инженеринг кој е многу опасен! Ова е фашизоидно и ова е ГЕНОЦИД против човештвото. И за ова ќе се одговара еден убав сончев ден! Не само лица од Власта, од Кризниот штаб, туку и Директорката на ДЗСИ, потоа Директори на градинки и училишта, воспитивачки, учители, наставници, професори, психолози, педагози и социолози, СИТЕ! Затоа што врз децата се спроведува монструозен сатанизам! Ова што им го прават на најмалите на најкревките е НЕ ДОЗВОЛИВО! 👉Со овие погубни мерки од нив се обликуваат личности со робовски менталитет, покорни, послушни, без свое јас, без свој идентитет. Овој инженеринг најлесно е да се спроведе на нив, ако се знае дека првите 6 години се најважни за психофизичкиот и социјалниот развој на детето. Во првите 6 годи ни се гради карактерот преку искуствата, преку навиките и тогаш тој се бетонира. Она негативно што тогаш ќе се почувствува, она што ќе се спознае се потиснува длабоко во потсвеста. А таа не знаеме кога и во кој период од животот на секоја индивидуа ќе дојде по своето. Ова е многу опасно, толку многу опасно колку што не можете да претпоставите!
👉Ова е монструозно, под превезот на некаков “опасен вирус” се спроведува нешто чии последици допрва ќе ги жнееме. Немаме ние толку психотерапевти да не излечат и нас и нашите најмили од траумите. Овие 7 месеци ќе ги плаќаме наредните 50 години. Чудејќи се тогаш какви монструми се изродиле од нашите деца! Оваа врескачка психоза, ова психолошко насилство на социјалните мрежи пред се е аминувано од познати јавни личности, кои дебело се платени да го дресираат населението, креирајќи послушни овци. Речникот кој тие го користат, заради симпатиите кои ги уживаат е масовно прифатен без двојба. Па така сите што не мислат како нив, како Министерот, Кризниот штаб и СЗО се теоретичари на заговор, забегани будали, сељаци кои треба да се стрпаат во затвор, да се казнуваат по 500 евра за не почитување на МОНСТРУОЗНИ МЕРКИ.
👉Ова барање Голи оток да воскресне, па сите неистомисленици да се иселат, зошто нели тие ја ширеле заразата, и да не се тие ќе сме се спаселе од смртоносниот и опасен вирус! Не, ние имаме многу поопасен вирус кој сите ќе не проголта, овој фашизам кој маршира по нашите улици и овде на социјалните мрежи веќе наликува на НАЦИЗАМ. И тоа не е демократија! Кога некој носи мерки кои задираат во моите права и слободи во мојот интегритет јас вклучително и сите ние треба да се бориме и браниме со сите средства, не да бидеме послушници. Кога некој сака да не ништи по сите основи, нема да му стојам со скрстени раце. Нема да стојам, дремам и молчам кога од децата ни создаваат современи робови. Не, јас како родител и како социолог треба да ги заштитам, и да барам истомисленици со кои заедно со здружени силе ќе кажеме ДОСТА Е!
👉Болести имало и ќе има, луѓе умирале и ќе умираат. Но тоа секојдневно лицитирање со бројки на заразени, болни и починати е црна хроника и тоа е некрофилија. Од кога тоа смртта доби волкав медиумски простор, од кога тоа смртта се рекламира? Од кога тоа инфлуенсери и старлети од лице место во прво лице раскажуваат приказни? Гледаме реално шоу Големиот брат, Фарма или Ковид 19? Какво е ова френетично лудило вклучено на максимум? Ајде од утре да известуваме како е на Онколигија со искуства на мали деца, во прво лице од таму! Поарно ќе ни биде, ќе имаме воља и елан за живот, не? Ова е сатанизам, ова е верба во зло, не во доброто.
👉Ова што на децата им се прави е слично со логорашите на времето, само кај поединци се појавил инстинкт да преживеат. Исто и со децата грото ќе бидат повлечени, невротични, аутистични, мрзливи, себични, лишени од емпатија, заедништво. Кај децата до 6 години многу е важна психо-социјалната емпатија преку изразот на лицето-преку мимиките кое тоа ги манифестира.Овие деца лишени се од фидбекот на нивните учители и другарчиња. Ова со маски, социјална дистанца, стој таму, не допирај, не се ракувај, не се гушкај, не се бакнувај ги руши темелите на раниот психо-социјален развој на децата. Не смееме да им дозволиме на овие монструми да си играат со нивниот развој, не смееме!
👉Од друга страна, ова психолошко насилство кое ни се сервира од медиумите е многу поопасно од самиот вирус. Личноста секојдневно е изложена на перманентно сеење страв, на заплашување, на застрашување.Таа параноја може да се изроди многу лесно во параноидна шизофренија која е многу опасна. Личност која е изложена на постојан страв и силно изразена анксиозност може да развие сериозни болести како чир, срцев и мозочен инфаркт. Само најхрабрите и најсилните ќе излезат не чепнати и здрави од овој матрикс. Останатите ќе бидат со опасни последици, лишени од нормалните текови на животот во иднина. Можам јас уште многу, но засега доволно е.
👉 Ставете прст на чело и размислете дали сте Божје чедо, најсовршената креација на овој свет? Кога во чинот на најголемата љубов помеѓу вашите родители, кога милијарни сперматозоиди ја напаѓаат јајце клетката, победил вашиот сперматозоид, сте победиле ВИЕ! Дали денес ќе верувате во ѓаволски, сатанистички креации или ќе верувате на Бог отецот вашиот и наш создател? Бог е љубов, ако побараш ќе ти се даде, ако тропнеш ќе ти се отвори! И само тие што веруваат ќе бидат спасени!
🎯„Најдобар начин да се превземе контрола на ден народ е земе малку од нивната слобода, истовремено нивните права да се уништат на илјада минијатури. И скоро незабележливото намалување на овој начин, луѓето нема да видат дека тие права и слободи никогаш повеќе не можат да ги вратат назад“- Адолф Хитлер.
🎯„Исплашениот народ најлесно се контролира, а плус и ако ги поделиш на повеќе групи и скараш мегусебно, тогаш можеш се да им наметнеш“-Дејвид Рокфелер

Loading...

Related posts

Leave a Comment