Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: МАКЕДОНСКИ ОЧИ, ШИРОКО ЗАТВОРЕНИ!

Кога ќе собереме храброст и сила од посочениве две “Јавни соби” да се ослободиме, плус и уште неколку подружници на истиве кои не се помали по моќ и влијание, како НВО и масмедиумите, дури тогаш ќе имаме држава како што заслужуваме, плус јазик, народ и нација!

 

Се дотогаш оваа информациско – психолошка војна, ќе не работат преку емоции како бавча. Поробени сме, непријателот одлично го познава пулсот на народот, одлично ги познава аномалиите на ова општество, истите ги злоупотребува и со истите не манипулира на патот до својата крајна цел! А таа не е во ниту еден случај подобро општество за сите! Кога оваа држава ќе се ослободи од НВО секторот и лажните борци за правда и слобода, дури тогаш ќе може да здивне од перманентното силување од нивна страна, од вештачкото создавање проблеми и прикажување како општествен генератор на деструкција, со крајна цел да се искреираат политики кои и тоа како сите не засегаат. Малцинството не може перманентно да го силува мнозинството, и не може да се носи закон за дискриминација само преку призма на ЛГБТ заедницата, зошто во ова болно општество има уште милиони други групи, кои секојдневно се дискриминирани по низа основи! Ама тие други групи и нивните проблеми не се интересни за НВО секторот и нивните активисти, тие проблеми не се запишани во нивните агенди, едноставно нив не ги тангираат.
👉НВО секторот заедно со масмедиумите кои се продолжена рака на првиве, бидејќи се дебело платени од првите, се најголемиот непријател на Македонија. НВО секторот е всушност озаконета пералница на пари, се вртат баснословни суми на црни пари, зошто сите тие имаат повластени даночни стапки. Тие се рак раната на секое општество, тие се држава во држава, тие се однесуваат како влада во сенка, видете ја само организационата структура на Соросовото отворено општество. И тие крлежи пари цицаат од сите страни, плус и ние од буџетот ги финансираме за да можат да креираат погубни политики, и истите симулирајќи лажни групи за притисок да вршат притисок власта да носи закони. Тие со нивното делување, парите и моќта која ја поседуваат го уништија до срж граѓанскиот активизам. Едноставно празниот простор заради нашето отсуство, заради нашата не заинтересираност да дејствуваме организирано како коректор на владините политики и мерки, го презедоа тие лажните невладини организации, дувлото на криминалот, корупцијата и пералниците на црни пари.
👉Како тоа изгледа во пракса?
Според резултатите и листите на Транспаренси и Херитиџ, хибридниот режим во Македонија е најкорумпиран на Балканот, да не говорам на кое место сме во светот и во друштво со кои држави.
За да власта го дефокусира народот, за да избегне дебата, за да избегне одговорност, заигра на картата на емоции, преку презентирање на феминистичка проблематика, но и поттикнување национализам и етничка нетрпеливост. Перцепцијата ни е одлична, многу добро гледаме, и многу добро знаеме што правите и како го манипулирате многу бедно и многу мизерно народот, преку купи ден – продај ден, бандо болно ретардирана.
👉Она вчера со протестот на Албанците за случајот Монструм е изрежирано од Заев и неговите компањони, за да предизвика револт во македонскиот кампус, а сето тоа да доведе до меѓу национални судири и етничка нетрпеливост. Исто онака како што пролетта преку МПЦ, односно како што митрополитот Тимотеј му помогна на Заев и неговата банда со литијата во Струга. Литијата имаше за цел верска нетрпеливост, осуда на чинот бидејќи беше нели во екот на пандемијата, поделба на македонскиот народ по основ на религиското прашање, и најважно местенка за министерот Наќе Чулев како би се ослабела неговата моќ, а со тоа и на неговата парија, како би се нашол на линч на македонската јавност, а крајна цел е нели губење на доверба и политички поени пред престојните предвремени парламентарни избори.
👉Од друга страна актуелна е кампањата “Охрабри се не си сама”, во лажното општество со лажни вредности и норми се’ е лажно, па дури и една ваква кампања. Тоа само кажува на кое дно сме, во било кој сегмент од општеството. Овде се’ се прави “ради – реда”, колку да се направи, дека еве и ние нели ги следиме светските текови, но скоро секогаш истите акции волшебно исчезнуваат, без никаков ефект суштински да предизвикаат, исчезнуваат преку ноќ исто онака како што се и појавуваат. Зошто е тоа така? Зошто ова е едно болно, труло и заболено општество, толку болно што трулоста мириса одвратно од сите страни!
Знаете овде сите носат маски многу од порано, пред овие хируршкиве што сега се задолжителни! Многу е мизерно, и одвратно за гледање кога шетаат актери по професија, со транспаренти “Охрабри се не си сама”, супер, одлично и браво, еве ви аплаудирам и ви се поклонувам! Но, најпрво почни ти, да баш ти, која дефилираш со тој транспарент, и кажи низ што се’ си поминала и поминуваш додека одиш на кастинг за одредени ролји? Тоа што го доживувате и преживувате, не е баш така убаво и пријатно искуство, или тоа е само професија?! Или имате механизам, како да влезете и излезете од своето тело? Кога одите на кастинг за ролјата на Петранка, Јорданка во чие тело сте и живеете, каде е? Јорданка на оф ли е тогаш? Од таквите како вас лажните спасители, вистинските жртви уште долго нема да проговорат и да се охрабрат да проговорат, уште долго ќе плачат во себе, зошто ова општество не е подготвено за вистината. Ова општество ја слави лагата, за вистината да ја убие и погреба!
👉 И нели сосема случајно, во политичкиот свет во кој случајности не постојат ниту под разно, ја нема активиската за човекови права и слободи, паркирана во Цивил да напише моќен текст за случувањата вчера во нашиот град, зошто таа се бори за едно општество за сите, се бори против национализмот итн. Ја нема зошто сосема случајно, профилот и бил блокиран после “феминистичкиот” текст, луѓето од јавна соба и го блокирале, сите што ги осудувале биле нивна мета, молам?! Кого вие заебавате, кого правите будали, каков “феминистички” текст, какви бакрачи! Оној текст во кој многу храбро извикува ќе правиме што сакаме, ќе постираме какви слики сакаме, и не ни можете ништо?! Истата нели е правник, наместо да замајува јавност и да пишува празни флоскули, нека објасни како тоа вакцината е фактор за дискриминација на децата за одење во градинки и училишта! Во оваа држава она, “не смејат”, “не можат” не важи, тоа е само мртво слово на хартија, во оваа држава теоријата и праксата не се во синергија, ами во расчекор! Едната и другата демантирајќи си се, катадневно! Истата забора дека во ова општество некој дојде на власт со нелегално прислушувани разговори, дело кое е казниво, ама истата таа ја подржа лагата и беше на страната на овие кои не легално дојдоа на власт, истата таа маршираше по улиците на овој град и подржуваше шарање, боење, кршење и дивеење, истата таа маршираше за подршка на лажното СЈО и истата таа сеуште правник се нарекува, спуштете тоа ролетните и покријте се шуги!
👉 “Жртвата” од “Јавна соба”, сега ќе биде уште поголема жртва во ова болно и изопачено општество, дури сега откако НВО активистите подмолно ја злоупотребија, никој не се понуди да и помогне реално, преку јавно презентирање на виновниците и нивните недолични писанија, и на крај правна подршка со адвокатски тим за да девојката ги тужи за загрозување на нејзината чест и морален интегритет. Ништо од тоа, само евтин трик и евтина пропаганда на НВО активистите за реализација на нивните цели. Инаку “жртвата” успеа да стигне до 14.100 следачи на инстаграм, браво девојко, како ги сработи сите, алал да ти е. Во општество во кое старлети, инфлуенсерки, реални шоу програми и ТВ водителки ни креираат јавно мислење и однесување, поубаво и не заслужуваме. Општество во кое на власт се доаѓа со јавно презентирање на нелегално прислушувани разговори, не очекувајте владеење на правото, и не очекувајте ниту МВР, ниту ОЈО да ве заштитат. Заштитете се најпрво самите, имаме институција која треба да ги штити нашите лични податоци, па секојдневно самата ги злоупотребува за свои цели. Секоја социјална платформа ни нуди некоја мерка на “лична заштита” иако истата може да ги злоупотреби, бидејќи самите дозволуваме да имаат пристап до нашите информации, не само на самата платформа, туку и во фотографиите од нашите мобилни телефони. Значи сите сме потенцијални жртви и сите сносиме најпрво своја одговорност, за тоа што правиме и како се однесуваме во медиумскиот простор. Знаете животните се обдарени со инстиктот, а луѓето со совеста! Се’ што правиме предизвикува реакција, очекувана или не очекувана! Не може да живееме со розови очила во бајка, дека некое МВР и ОЈО ќе не заштитат, без јас сама најпрво да се заштитат, без да бидам свесна за реперкусиите кои може да ги имам од своето поведение. Тоа е поприлично наивно и незрело! Не може да очекувам дека во секој момент МВР и ОЈО ќе ме спасат, ако мене ми е тешко да ја заштитам приватноста на сопствениот профил, ако ми тешко од јавен да го направам достапен за одреден круг на блиски луѓе, ако ми е тешко да ограничам кој може фотографии да ми гледа, понатаму и какви фотографии постирам. Ова МВР и ова ОЈО од кои сите помош чекаат, па онака навивачки извикуваат “никој не ми може ништо”, не се способни еден грабеж да решат, едно убиство да решат, не можат криминалци и бандити да ги обвинат и осудат, ама на сите устата ви се пенави дека ќе ве штителе и вие што сакате ќе си правите!
👉 Одете прашајте ја Ермира Мехмети како “бомбите” и ја уништија политичката кариери и какви проблеми и направија во приватниот живот, од како беа јавно презентирани нејзините приватни разговори со Муса Џафери. Тие разговори беа пуштени со цел ДУИ да се ослабе, со помош на хиени од внатре, на кои Ермира им беше пречка на нивниот пат за политичка кариера и позиција, затоа денес Бујар Османи и Артан Груби се фактор во ДУИ. Одете прашајте ја, па после врескајте “не може”, зошто тие бомби ја изгореа до корен. Ама активискава и сличните на неа, се тука да ве замајуваат и да ве злоупотребуваат онака фино, наивно, бедно и мизерно. Само прашање на ден е, кога ќе ви дојде редот!
👉 Во Франција на 7 јануари беше промовирана книгата на Камиј Кушнер “Фамилија гранде”, инаку ќерка на бившиот француски министер Бернард Кушнер, која го потресе тектонски француското општество обелоденувајќи ја семејната тајна за педофилија, чија жртва бил нејзиниот брат близнак. Книга која како пепел ја распрсна последната илузија за левичарската буржоаска елита Сен Жермен де Преа, која скоро три децении во свои раце ја држи медиумската и политичката моќ во Франција. Светлосниот сноп е насочен на перјаницата на демократијата, хуманизмот и феминизмот на левичарската буржоазија Сен Жермен де Преа, поточно фамилиите Диамел, Кушнер и Пизје. Тема на оваа осветувачко – исповедна проза се педофилијата и инцесот, а главен актер е Оливије Диамел, очувот на Камиј Кушнер.
Диамел е политиколог, претседател на националната фондација на факултетот за политички науки, претседател на престижниот клуб на владеачката елита “Столетие”, близок на социјалистичката партија и едно време нејзин делегат во Европскиот парламент. Претставник на најпрестижната школа за политички науки, која е фабрика за производство на француската политичка елита. Тој создаде и средиште на својата моќ и влијание, благорадение на мрежата чиј архитект е тој самиот. Беше политички аналитичар на неколку главни радио и ТВ канали, редовен гостин на политички емисии и дебати, почитуван универзитетски професор и авторитет по уставно право, глас кој се слушаше. Преку ноќ, таа лага и илузија исчезна како меур од сапуница, сега во Франција фрчат оставки од сите страни, сега целата француска елита се оградува и пере раце од него, за да Оливие Диамел заедно со себе не ги повлече во амбис.
👉 Што се случува кај нас триесет децении, што се случува сега? Кај нас се се решава со мачкање очи, со буткање на ѓубрето под тепих. Оваа “Јавна соба” имала 7.000 психопати, прашање е уште колку вакви соби имаме и уште колку имаме надвор вон било какви соби? Од времето на “Кривиот правец” ниту тогаш, ниту сега се мрдна со малиот прст. “Кривиот правец” на Димко Тасевски – Дитас, денес е “Јавна соба” за жал. Времето на хот лајн услуги е минато свршено време, на времето сексуални услуги се нудеа преку огласи во дневниот печат, сите молчеа и се правеа дека не се надлежни. Бевме бомбардирани од еротика и порнографија од сите страни, сметката кога – тогаш стига за наплата, за жал. Живееме во општество во кое имаме елитна проституција и сите молчат, прашајте ги сопствениците на луксузни станови, колку им се движи изнајмувањето од ден и кои им се клиентите? Општество во кое изнудувањето сексуални услуги за напредување во кариера и било што друго, е сосема нормално – небаре озаконето, за осуда е и против тоа треба да се бориме сите, но не со вакви фејк кампањи и текстови, кои ништо суштински нема да решат.
👉 Случајот “Јавна соба” лажната власт го реши така што ја затвори, и некои си четири лика ги привела. Премиерот стигна дотаму со изјавите дека платформата Телеграм ќе биде забранета во државава наша. Откако се повеќе активисти, поради цензурата на Фејсбук се селат на Телеграм очекувана е реакцијата. Прашањето е кои се тие четири лика, знам дека постои презумција на невиност, ама ако можете некои ваши политички опоненти со полно име и презиме да ги објавувате т.е. осудувате пред судот да ги осуди, зошто овие болесници не ги кажете со име и презиме и плус и нивни фотографии да објавите, па да знаеме од кого да се чуваме и заштитиме? Затоа што во таа група членувале полицајци – инспектори, професори од средни училишта и факултети, и политичари, тоа е елитата наша болна и забегана која од ден на ден се побројна станува. Овој случај со “Јавна соба” НВО и нашата власт го искористи да ни докаже дека сме имале потреба од сеопфатно сексуално образование! Ама истите тие НВО активисти забораваат дека пред години, тие беа главни противници да се направи регистар на педофили. Имавме ние и случај “Еразмус” во кој беа обвинети универзитетски професори за изнудување сексуални услуги од студенти/ки. Случајот заврши така што судот го осуди Бобек Шуклев како професор и уште некој спореден лик, но за другите професори преку ноќ исчезнаа доказите. Еден од тие е академикот Таки Фити, кој сега заедно со Камбовски и Беџети ја подржуваат Царовска во обидот да го реформира образованието. Ја подржува и некакво здружение на директори од основните и средните училишта оние што си вработуваат (наши и ваши) и ја подржува Соросовото отворено општество, посебно Споменка Лазаревска сестрата на Хари Костов, а сопруга на бомбашот Ѓорѓи Лазаревски. Мажот и’ со бомбите државата ни ја разурна, а таа со образованието сега ќе не погреба.
👉Кој е ликот, кој е идејниот творец на реформата на Царовска? Тоа е Митко Чешкаров вработен во БРО во време на министерувањето на Софија Тодорова со неколку месечен стаж во две скопски гимназии. Вработен во БРО да гради кариера со завршени класични студии, а подоцна и магистратура по родови студии на Универзитетот Евробалкан. Во реформата покрај она лудо спојување на општествени и хуманистички науки, плус и сите природни науки на купче, реформата предвидува воведување сексуално образование од второ оделение, а ќе се укинува етика! Се’ со цел децата да ни бидат свесни кој пол се, но да размислуваат за родот и за тоа дали се задоволни во своето тело! Под итно во пописот да се стави графа за сексуална определба, сите што сакаат да се занимаваат со политика и да бидат на влијателни позиции да достават лекарско уверение и да поминат психолошки тест, но и јасно и гласно да ја кажат својата сексуална определба, за да не не чудат политиките кои во иднина ќе ги спроведуваат.
👉Одредени девијантни поведенија не се решаваат така што лудоста, забеганоста и не нормалноста на малцинството ќе се претстави како општо прифатено и пожелно нормално, односно истото да се озакони, а сите ние нормални – мнозинството, постепено – преќутно да го прифатиме и да почнеме да го практикуваме не нормалното! Блудот не може да биде лек за ниту една болест, може да биде само пат во еден правец, од кој назад враќање нема!
Знаете во нашево општество законски пропишана возраст за сексуална согласност е 14 години. Интенцијата е секаде во светот под влијание на моќните педофилски лоби групи таа граница да се спушти, одат до таму што вадат научни докази дека детето на две години е сексуално освестено. Што значи ова? Ако вашето дете на 14 години некој го злоставува и го обљуби, никој нема да одговара зошто тоа е границата кога таа жртвата е нели сексуално освестена и нели доброволно може да прифати и да ги задоволи своите страсти.
Заради умоболни луѓе, децата наши на седум години треба да учат што е анален секс, што е мастурбација, дека можат кого сакаат и кога сакаат не зависно од возраст и пол, да допрат, да бакнат, да општат не зависно кога и каде, само никако нагонот да не го потиснуваат, единствено треба само да посакаат. Кога на дете од седум години ќе му го всадите сексот во главата тогаш “Јавната соба” ќе биде смешна за она што потоа ќе следи. Потенцијалот ќе им биде уништен, ќе изгорат предвреме и бедно ќе завршат. Во тоа сеопфатно сексуално образивание нема да учат како да се заштитат, како да не бидат жртви, не. Тоа на времето наивно ХЕРА го спроведуваше преку трибини и сеуште го прави, а целта е како да ни вградат во свеста дека смееме сексуално да општиме, но да се заштитиме со користење на контрацептивни средства. Не говорам за возраст, овој наратив кога еднаш ќе се всади треба и понатаму да се практикува, убаво е сексуално да општите но репродукцијата не е убава. Така се спроведува политиката за депопулација, а сеопфатното сексуално образование е само левел погоре на патот до крајната цел, кога не ќе може секој да се размножува. Државата ќе одлучува кој е подобен, а кој не е! И така стихијно, ќе се изгуби смисолот на семејството и на бракот како институција.
👉 Во меѓувреме во државата имаме четири високо рангирани офицери кои не добиле безбедносен сертификат, зошто биле агенти спичаји. Масмедиумите молчат, нема разрешувања, нема оставки. Важно членка на НАТО сме, ама никако да станеме со сите нишани. Воопшто не е важно што безбедносниот систем (полиција и армија) ни е разрешетан како швајцарско сирење. Понатаму предметите на СЈО паѓаат како круши, се потрошија не броени пари во ветар и магла, се маршираше за Чарлиевите ангели, ББС филм снимаше за нив, прес конференциите им беа рекла – казала, прераскажување нелегално прибавени прислушувани разговори, а целата истрага на нив им се темелеше, земаа баснословни суми пари за душевна болка и истите сеуште се јавни обвинители, истите сеуште земаат плата од парите со кои ние буџетот го полниме! Јанева, Фетаи, Ристовска спиете ли мирно, соучесници сте во уништувањето на државата, свесни ли сте дека за тоа се одговара?
👉Злоупотребивте починат новинар за да помогнете некому да дојде на власт, го злоупотребивте случајот на Мартин Нешковски, денес осудениот е во бегство. Ги злоупотребивте петте жртви од Смилковското езеро и нивните роднини, за да судот потврди дека нема други докази, молам?! Ама денес не е исто како тогаш, не, денес повеќето од сторителите се на слобода, дел и не достапни на органите за прогон. Денес по кој знае кој пат ги убивте починатите и нивните семејства. Од друга страна, навистина имало жолти комбиња, чекај, чекај, Мијалков сакате невин да го направите, некои Израелци кажале нешто ама никој не постапил, а вие волшебно сега го извадивте документот?! Кој не постапил по тој документ, ДБК, МВР, кој, виновник мора да има?! Што со Ѓорѓи Лазаревски бомбашот, кој во Косово награди добиваше дека ја ослободил државата наша, што со него? Некој на крај мора да одговара, а вие како и да вртиш, сте соучесници во монтирање и криење на докази.
👉 Македонија ќе застане на нозе и ќе се ослободи кога оние кои ги поседуваат нелегално прислушуваните разговори, ќе почнат да ги пуштаат Македонија да се тресе од нив, сите ние сме жртви на уценетата елита заради нивните приватни разговори, заради нивното не морално поведение. Кога тие разговори ќе ечат од сите страни, тогаш и “Јавната соба” ќе ја решиме и сите други аномалии и девијантни поведенија, сите! Кога елитата наша шугава, ќе ја видиме во нејзиното вистинско лице, тогаш ќе огрее сонцето на слободата за нас. Се дури тоа не се случи, ние ќе тонеме се подолу и се подлабоко. Бидејќи елитата уценета аминуваше на промена на име, еве и од “македонски” се откажавме сега имаме официјален јазик, во држава која е бинационална! Изгубиме се заради честа и угледот на луѓе, кои не задлужуваат мрсулот да го фрлиме на нив и да ги плукнеме, бидејќи тие се повредни од нив. Заради она што ќе речат луѓето за нив, заради нивниот валкан газ, ние останатите сме жртви, и од истите тие сеуште чекаме да постапат, додека ги плаќаме да ни продаваат ветер и магла и државата да ни ја уриваат и раскрчмуваат.
👉 Се појави минатата недела снимен разговор, од кој Македонија требаше да се тресе, одговорност да се бара и оставки да фрчат, ама……! Се појави, како воопшто да не се појави, сите при уши се направија глуви и на три ипол. Медиумите мува не ги лази, имаат два – троица новинари, дежурни спин мајстори да ја вртат водата накај нивната воденица, да ги извртуваат тезите како ним им одговара. А зошто, зошто тие разговори ако се пуштат нивното сексуално поведение ќе биде на тапет, затоа жилаво се борат лагата уште долго да биде вистина, ќе видиме до кога! Ако разговорот се слуша внимателно, се добива одговор на многу прашања, впрочем се е јасно како ден. Како се вели во разговорот: “Ќе изгориме ние, нашите фамилии, гледај ние да се спасиме. За овој џган ли ќе се бориш, гледај нас да ни е убаво. Ако ние се закрвавиме, ќе дојде трета партија на власт. За Мијалков ништо не објавувам, а за другите ќе престанам ако ја тргнат финансовата инспекција во општина Струмица”. Е сега лавина се крена за рајски острови и црнци, во целиот мандат од своето владеење за Груевски беше залепена етикетата дека е хомосексуалец, ништо посебно сега нема да се случи ако тоа и се потврди. Но многу ќе се случи ако неговите соработници ги видиме во друго светло, не објавувањето на видеата е заради другите, не заради Груевски. А истите тие ликови преку тие разговори и снимки се уценети. Понатаму како се вели во разговорот: ” Странците му замеруваат на татко ми зошто селективно објавувате, нема ништо за МПЦ, за ИВЗ, за олигархијата”. Ова на крај е потврда дека ова е сериозно испланиран проект преку компромитација на личното поведение на сите чинители од чистачи до генерали, да може да се изврши промена на името и се останато. Понатаму пред рекетот на Боки, имало вистински рекет, СЈО за тоа е формирано, а за него знаела меџународната и тоа недвосмислено било со нејзин амин, поточно Могерини, Хан, Јункер и други. МПЦ е приказна за себе, Синодот го немаше никаде ниту тогаш, ниту сега по прашање на вакцинација и сеопфатно сексуално образование. МПЦ тоне во блуд, во педофилија, проституција и хомосексуализам по манастирите наши. Затоа МПЦ уште долго ќе молчи, додека владици магистранти на језуитски католички факултети, со уште некои поранешни монаси, кои биле во Грегоријанскиот манастир на Света гора учествуваат во проектот за ништење на религијата наша православна и државата наша.
👉Во Македонија пристигна британскиот сој на корона вирусот, а пациентот носител почина. Кога се потроши приказната со корона вирусот, се појавува нов сој, утре ќе се појави трет и така до бескрај. СЗО призна дека ПЦР тестовите даваат неточни резултати, Кинезите пак сега предлагаат брис од чмар. Фаучи вели двојни маски да сме носеле, на лудостите им нема крај. Според Ковакс системот вакцината платена, во Македонија ќе стигнела во 2022 година, подобро и да не доаѓа и онака сите до тогаш имунитет ќе стекнеме. Ама до тогаш, кој знае уште колку мутации ни следат, од маските уште долго глава не ќе може да дигнеме. Според институтот GZero Македонија последна ќе се врати во нормала дури во 2024 година. Воопшто не ме чуди, има уште многу што да се направи за да од Македонија не остане ниту М. И за чудо Џон Хопкинс Универзитетот уште сега храбро ни најавува дека 2025 година доаѓа Спарс вирусот и дека ќе трае до 2028 година. Жртви на тој вирус во голем број ќе биле децата. Цело сценарио е обработено до најмал детал, кога што и како ќе се случи, како ќе дојде во Европа, колку жртви ќе има, кога вакцината која уште сега е направена ќе се појави на сцената, колку жртви ќе има од неа итн. И најважното ќе снемало антибиотици, агендите си врват, теорииве на заговор стануваат сурова реалност, а ние очи си вадиме и се плукаме додека сите во истиот казан се вариме, немоќни да кажеме ДОСТА Е, ако ништо друго децата да си ги заштитиме!
👉Колку генерации во меѓувреме ќе се образуваат преку ваквово никакво онлајн образование, без пракса, без настава во живо, со блеење во компјутерите, во отсуство на платформа платена и преплатена, осудени да полагаат некакви тестови на крај, слика и прилика на екстерното тестирање, плус и матура да полагаат при ваква мизерна настава и образование?! Уште колку долго воспитувачките во градинките ќе носат маски и ќе ги учат дечињата на дистанца, исто како и оние деца кои одат на настава со физичко присуство? Очигледно уште доволно долго, додека не им се врежат во свеста, додека не го избришат и заборават претходното однесување, како велеа: полека ќе се навикнуваме на “новото нормално”. Без уста да отвориме, без да се спротивставиме ни го уништиваат нај светото, ни ги уништуваат чедата, какво детство живеат, во какво секојдневие живеат, каква иднина ги чека, се прашува ли некој! Каде да одат младоста да ја живеат, каде да се дружат и заљубуваат, во коцкарници и обложувалници? Каква иднина не чека сите, се прашува ли некој, допрва ќе се чудиме што не снашло!
👉Државата е на праг марихуаната да ја легализира, плус и кафетерии за уживатели на истата да отвори. Така државата ги решава работите, удоволување само на бизнис елитата и на некои влијателни лоби групи. Тоа што нашите деца се на удар, е наш проблем, а државата се грижи истите да се множат и животот пекол да ни го прави, како што е случајот и со дрогата, како впрочем со се’, креатор и подржувач на сите зла е државата, ние сме само колатерална штета. Марихуаната генерално е лесна дрога по однос на тоа како влијае врз телото, има послабо дејство од акохолот, цигарите и кафето. Но по дејството врз нервниот систем, слободно може да се каже дека спаѓа во групата на тешки дроги, а ова доаѓа до израз после подолго уживање. Во почетокот делува релаксирачки, човекот е опуштен од секојдневните грижи, расположен е, но со текот на времето, ѓаволот доаѓа по своето. Тогаш во човекот оживуваат параноидни стравови, доаѓа до пад на интелектуалниот капацитет, и не можноста нормално психо – социјално да се функционира во општеството. Па се до паѓање во чести шизофрени состојби, со халуцинации од секаков вид и општо пореметување на мислата. Но, нели тоа е цената на демократијата, секој има право на свој порок и самоубиство!
👉За оваа тема молк и штама во НВО секторот, таа не е нивен таргет, нивен таргет се на пример сексуалните работници како милуваат културно да ги нарекуваат, нивен таргет се ЛГБТ активистите. И покрај тоа што во нашево општество проституцијата со закон не е одобрена, таа се уште е кривично дело. Но преќутно е легализирана, зошто е длабоко навлезена во општественото суштествување. Се додека има уживатели, се дотогаш ќе постојат оние кои овие услуги ги нудат. “Маргини” од време на време ќе се потрудат меморијата да ни ја освежат преку перформансот “ноќта на црвените фенери”, како оној во Универзална сала што го приредија сексуалните работници за случајните минувачи. Кај и да е Ирена Цветковиќ и протест ќе им организира, бидејќи короната влијаела на нивниот бизнис.
👉Сите на крај ќе протестираат и ќе се изборат за своите права, вакви или онакви, само ние кој сме најпогодени, ќе седиме и ќе чмаеме! Толку ли е тешко да се сложиме со едно, дека ова што се случува сите не засега, толку ли е тешко да станеме од своите удобни фотељи и кревети, рацете да си ги подадеме, гласно да извикнеме ДОСТА Е?! И дома да не се прибереме, додека ова лудило не престане! Тешко ли е, мачно ли е, болно ли е!
🎯ПРИ ОЧИ СЛЕПИ, ПРИ УШИ ГЛУВИ, ПРИ МОЗОК БЕЗ МОЗОК!🎯
🎯ТЕОВЕЛ Е МЕНГЕ, БУТЕ ПЕРШЕНГЕ!🎯

Атина Белески

Related posts

Leave a Comment