Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : НОВИОТ НЕ НОРМАЛЕН НАЧИН НА ЖИВОТ!

НОВИОТ НЕ НОРМАЛЕН НАЧИН НА ЖИВОТ!

👉За ова психичко малтретирање, кое е вклучено на максимум, се одговара! Тоа е современ вид на геноцид против човештвото! Предводено од Морбилче, ГЕСТАПО штабот, разни инфлуенсери, старлети, т.н. јавни фаци и денунцијанти!
Нов Нинберг не ви гине!
👉Како вели Германскиот доктор Хеико Шонинг: ” Корона паниката е театарска претстава, заговор против човештвото. Крајно време е да сватите дека се наоѓаме среде злочин од глобални размери”.
👉Вирус кој се шири само за време на Христијански празници, литии, причест, православни слави, протести против власта, свадби и родендени, така? А не се шири за време на избори, Муслимански празници, манифестации, концерти, плажи, дремење по кафеани, ниту преку мигранти?
👉Вирусов има етничка припадност ги напаѓал само Христијаните и нивните традиционални вредности! Има и метро па знае на кое растојание да нападне, плус и детектив е, ако дома имаш повеќе од четворица гости напаѓал? Ама во автобус со по 30-40 души мирува, пред шалтери и редици пред банки и аптеки исто така. Дури знае и кога треба да јадеш, тогаш можеш маската да ја симнеш, нема да те нападне и да се заразиш. Во Канада рекоа дека секс без маска не се препорачува, бакнувањето е опасно по здравјето! Ама види чудо во кафеана можело без маска, кафиќите биле слободна зона!
👉 Па види богати не престануваат со закани, ако се влошела состојбата ќе имало нови рестрикции? Ај, отворето тоа скриптата и прочитајте дека на 8 Ноември Вучиќ воведува вонредна состојба и полициски час во Србија, Вие колку дена после него?
Се што не ви успеа во март со т.н. прв бран сега сакате да го протнете? Ги прашувам заспаните, лани ова време не се киваше, не се кашлаше, немаше бронхити, немаше температури, што е различно? Немаше тестирање!
👉Нема втор бран , ниту трет бран……! Ова е политичка пропаганда и политичка манипулација на медицината како наука. Манифест против ова зло врз медицината потпишаа Германските, Француските и Шпанските доктори, порачаа доста ни е од политика и манипулации, оставете не да го работиме тоа што го сакаме и за што сме учеле!
👉Стига опасен вирус, опасен бран, а тоа е негативната стапка на сите пропаднати светски банки! Затоа дури ве отпуштаат од работа, прогласувајќи ве за технолошки вишок, ќе ве затворат по дома да не може да се буните и да си ги барате правата.
👉Ама, ако мене ме прашувате ништо подобро и не залужуваме! Пред 1 година имаше протест против задолжителни вакцини колку отидовте на него? Се исмејувавте и сеуште се исмејувате, а бе остај ги некои лудаци, антиваксери. Додека по улицета на Полска, Франција и други држави се протестираше, вам мас медиумите тоа не ви го пренесуваа. Тие луѓе таму успеаа да се изборат за правото на избор!
👉Пред некој ден имаше настан за борба против сите овие рестриктивни мерки, колкумина дојдовте? Повторно се бунат некои будали, теоретичари на заговор, Вие си имате седенки, родендени и други поважни работи, така? Вие, не ни знаете што е слобода, ниту ја заслужувате, ниту знаете да се изборите за неа. Малку ви е ова што ви го прават, малку! Седете како хипнотизирани и слушајте колку ново заразени и починати има! Да ве прашам на колку степени врти оваа црна хроника, од кога тоа смртта доби маркетинг простор, од кога? Лани, прехлани и илјадници години прет тоа луѓе не умираа? Кога ќе ми дојде да умрам тогаш ќе умрам, од нешто знам дека ќе умрам, како ќе се вика воопшто не е битно!
👉Парламентарната комисија на Германските адвокати, здружена со светски признатите лекари и научници покрена кривични тужби против сите корумпирани Влади и лекари, заради мерките засновани на лажната зараза и болест!
👉Маска на отворено е штетна по здравје, ШТЕТНО нека ви влезе во глава!
Д-р Ото Хајнрих Варбуг вели: “Ако на здравата клетка и одземеш само 35% од нејзиниот кислород, за два дена може да се претвори во малигна!”
👉Мислете со својата глава, за тоа служи, не само за шишање!
👉Живеете во Четвртиот рајх, сите права и слободи ви се ускратени, со изговор за борба против некоја си ПлаНдемија!
👉ГЕСТАПО по улиците казнува за не носење маски, ало маските ви се новата жолта или бела лента на раката!
Слободни сте били, тикви варени, робови сте, робови!
👉Од времето на Рациновата “ДЕНОВИ” ништо не е сменето на подобро, од година во година, од деценија во деценија, стигнавме и до нов милениум, константиравме дека е ПОЛОШО!

👉……”Скотски цел живот работи
за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови
копај си црни гробови!

За себе само ргај си
за себе маки тргај си-
нижи си гердан денови
нижи си алки ковани,

Нижи си синџир железен
околу вратот навезен!”

👉Буди се заспан народе, потребен ни е нов ослободителен одбор, Европа капитулира! Извади ја маската од која се гушиш да те видам, ако си слободен, извади ја! Која тие ти ја нудат како лек, плус спремни се за нејзино не носење и да те претепаат! Видовме во Австралија како на улица апсат “терористи” бремена жена малтретираа за не носење маска, таа и таквите како неа, кои се борат за слобода се терористите од “новиот начин на живот!”
Нормално ви е пред гинекологот да бидете со маска, а без гаќи?
👉И да, дотаму отидоа со лудилото, апчињата очигледно ги помешале, да ни упаѓаат по домовите и да ни бројат гости! Имала полицијата свои механизми, знаеме кодоши и Радио Милеви колку ти душа сака!
👉 Спремни се и Уставот да го прекршат, без судска одлука, со наредба од Јавен обвинител ќе не малтретираат по дома! И тоа е по протокол, според научни сознанија, според емпириските студии, тоа е според медицината базирана на докази? Вирус со вакви мерки се истерува? Него кај се сега оние ТИКВИНЕ од Лекарската Комора да гукнат, каде се? Испоганивте се што допревте, багро не писмена. Души продадени за една шака сребреници.
👉Прво, се што со Уставот не е забрането е дозволено;
Второ, физичкиот и моралниот интегритет на човекот е неприкосновен;
Трето, не може да те казнат за дело кое пред да биде сторено не било утврдено со закон.
👉Па ќе ми тресе зелени Шкариќ дека Уставот и законите сега требало да молчат, ајде мајката! Уставот и законите овде одамна молчат идиоту, откако сите активисти од Хелсиншки комитет и Фондацијата Отворено општество ги напикавте по државните институции, вклучително и судовите. За кое право и закони збориш идиоту, вие воведовте тоталитаризам, ова е диктатура на енти степен. Оди на јавноста објасни и кој е вистински газда во МК, објасни им во какво чудовиште израсна октоподот на Бранко, објасни им! Него уста за тоа не смееш и не смеете да отворите! Зошто во несвес ќе падне народот кога ќе дознае што се и кого Сорос поседува! Па ми продаваш евтини театарски претстави за замајување народ, пу јазк да ти е! Ако има опасност од живото загрозувачка епидемија-пандемија Уставниот механизам на кој државата треба да се повика е вонредна состојба, а не полициска држава!
Ти идиоту се истакна кога ги подржа противуставните измени за Преспанскиот договор. И ај, што не вредиш ниту петт банки, а сме те ранеле сите и кариера на наш грб си правел, прашање е колку генерации си оштетил и колку такви сурати како тебе предавнички си произвел?
👉Не стигна да прочиташ и слушнеш што кажува Бенџамин Френклин, или така ти наредиле, на три ипол да се правиш: ” “Кој жртвува скапа слобода за лажна сигурност, ги губи и едното и другото!”
👉Пријателка која работи во приватна фирма ми кажува дека газдата ги натерал да потпишат изјава дека ќе внимаваат на фејсбук на што ставаат лајк и споделуваат, како се однесуваат на социјалните мрежи, алоооо! Комунистичка Кина со социјалното поведение ни ја протнуваат на мала врата, алооооо будете се заспани! Ете до кое ниво паднале, психо полиција да плаши народ, приватност нула!
👉Џорџ Орвел ги живее своите ѕвездени моменти во оваа Северџганска вукојебина!
Имаме Министерство за правда и вистина по негов терк! Министерство за пропаганда, еве сега и психо полиција ни вовеле!
👉 Видовме во Австралија како на бремена жена и нејзиниот сопруг им упадна полуција дома, за да ја спроведат, бидејќи на фејсбук повикала на протест!
Затоа бришат се што не им одговара, замолчувајќи ја вистината, така си купуваат плус уште некоја минута власт!
👉Море шутраци Вие не сте нормални, одете на лекар да се прегледате, под итно! Здравиот ум, вистината и слободата на луѓето не можете да ја сопрете, ниту овде на фејсбук ниту на било кое друго место!
Одете фатете работете нешто, не само со кодошење, кокодакање и шпиунурање да се занимавате!
👉 Него каде се сега Шарените, помнам 2011 година од сите страни врескавте ова е полициска држава? Сега како ви се чини како “ОАЗА НА МИРОТ”, а? Не само што тефтерчињата останаа, плус уште со неколку ликови се надополнија, се прекрши ја и низа на човекови права и слободи. И кај сте сега Вие, “НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР”, повисока кауза сега имате и застапувате, од човековите права и слободи?!
👉 Сеуште од вчера не можам да си дојдам при себе, од расплаканата мајка и нејзиното три годишно детенце и нивната судбина, сеуште.! Не ми личи, ама од дното на душата ми доаѓа, сите Вие кои убаво се нафатиравте овој период, земајќи од устата на гладниот, за Вие чоколади да јадете и да аздисувате, секој денар што сте го зеле, аир да не видите! За свеќи и темјан да ги давате, до десето колено проклетство да го следи родот ваш! Семката предавничка да ви се сотре!
#УклучиМозокИсклучиТВ
#ПлаНдемија
#Инфодемија

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment