Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: ОБРАЗОВАНИЕ!, ОБРАЗ ОВА НИ Е…!

Mila Carovska on Twitter: "#ЗаедноНапред… "

Од Четвртокот неделава бомбардирана сум од сите страни, за да станам член на фејсбук групата „УЧЕБНИЦИ И НАСТАВА МОРА ДА ИМА“, сите кои сметате дека треба да бидам член и дел од истата група ви благодарам, веќе сум член. Но, ако очекувате дека ќе полемизирам и ќе изнесувам свои размислувања морам да ве разочарам, тоа не го очекувајте од мене, а во продолжение и ќе ви елаборирам зошто!

Групата многу волшебно создадена е на 22.04.2021 година, а заклучно со Петок 23.04.2021 година, истече рокот на барањето кое МОН го достави до директорите на училиштата, да изготват список на ученици кои во учебната 2021/2022 година ќе бидат четврто одделение, чии семејства не’ се во состојба да обезбедат уреди за следење настава од далечина. Бидејќи во тек биле подготовките за имплементација на новите наставни програми за учебната 2021/2022 година! Повикувајќи се на задолжително и навремено одговарање најдоцна до 23.04.2021 година, бидејќи тоа било во интерес на целиот образовен процес. Еве слика од барањето на МОН:

Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

Минатата година, повторно на барање на многумина бев дел од групата за онлајн настава и онаа другата за настава со физичко присуство, резултатот е таков што и од двете групи сум блокирана. Овде за да не разочарам никого, нема ниту да ставам лајк, ниту ќе споделам содржина, но ете не истрајав во намерата, па сепак и коментирав на администраторката. Не верувам во искреноста, добрата намера и волја на групи кои волшебно се создаваат од како се’ е веќе готово, само со единствена цел и мотив да го амортизираат – бајпасираат револтот на родителите. На овој и ваков воспитно – образовен кадар, минатата година на 30 септември кога се оддржуваше протест им се обратив преку текст! Кој го пропуштил овој мој текст, нека го прочита за работите да станат појасни:

http://

Јас пријатели, не’ молчам веќе година и пол, текстот е напишан пред скоро седум месеци, револтирана бев и се’ уште сум од сервилноста на воспитно – образовниот кадар. Во самиот текст една реченица е исклучително важна, само што малкумина ја разбраа тогаш, а денес веќе е сурова реалност: „ако дигитализацијата земе замав, многу скоро целиот наставен кадар ќе биде технолошки вишок.“ Затоа e денес оваа ангажираност на наставниците, бидејќи за нивниот задник се работи. За едно деноноќие групата собра преку 45.000 членови. Аплауз! Па ние навистина сме имале наставници! Јас долго време се прашував каде се, ги повикував да се јават, да се заложат за учениците, да не’ ја срамотат фелата на која припаѓаат, на која и јас и припаѓам, но разликата меѓу мене и нив е не’ премостива! Не дека јас сум подобар професор од нив, разликата е во тоа што јас немам ниту еден ден работен стаж како професор по социологија, а тие се реализирани воспитувачи – учители, наставници и професори. Како може јас која не сум дел од образовниот процес да знам од ова што денес се случува што ќе се изроди утре или задутре, а тие кои се инволвирани внатре во него поим да немаат? За тоа ли ве плаќаме воспитувачи, учители, наставници, професори, вака да ги чувате нашите чеда, вака да ги образувате, вака да се борите за нив, за нивната иднина?! Па вие треба да бидете нивниот светоглед, низ вашите очи тие треба да прогледаат, да го спознаваат светот, а вие слепи водачи да сте биле, не кадарни да се изборите за себе за подобро место под сонцето? А како дотуркавме до ова беспаќе? Така што дозволивме се’ во државата да е партизирано, од чистач, до портир и на крај до наставен кадар. Нема никаква друга селекција, освен негативна доколку не си член на некоја партија, таквите не’ се потребни никому, зошто не’ се подобни, на оваа држава непријател број еден и се луѓето кои мислат со своја глава – оние кои не’ се членови на политички партии! И затоа со право сме на ова дереџе на кое сме!
Од Петок 23.04.2021 година, со сигурност е’ јасно како бел ден, дека наставата од септември ќе биде повторно на далечина – онлајн! Жалосно е’ ова што им се прави и на родителите и на дечињата, од друга страна на новитетите и на лудилата им нема крај! Пандорината кутија одамна е отворена и нема кој да ја затвори, или посликовито сега се наоѓаме како во ситуација на затната канализација, непријатна реа се шири од сите страни, но ние хипнотизирани од миризбата се убедуваме чија марка е луксузниот парфем, и така купувајќи време и залажувајќи се забораваме дека канализацијата треба да ја одзатнеме, но за жал доцна е, непријатната реа станува луксузен парфем, зацапани во г***а до гуша среќни и весели сме, како седмица на лото да сме добиле.
Наставници кои останаа слепи и глуви на фашизмот со вакциналниот статус на дечињата, не може да очекуваат почит и поддршка од мене, наставници кои не’ мрднаа со малиот прст есенва да се побунат против новиот фашизам – онлајн настава, настава со физичко присуство алијас концентрационен логор, се се’ само не воспитно – образовен кадар. Наставници кои со прст не’ мрднаа против реформите во образованието, менувањето наставни содржини, инклузивноста – спојување на неколку предмети во еден, воведувањето на ССО – сеопфатното сексуално образование нема сега што да бараат и да очекуваат од родителите! Наставен кадар кој не’ е докрај искрен со родителите, е’ збирштина на манипулатори, злопотребувајќи ги родителите и учениците за да се’ спасат себе си. Но така не’ може повеќе, со кој образ, со кои очи барате поддршка од родителите, без притоа да бидете искрени до крај? Наставниот план и програма за учениците од прво и четврто одделение веќе е’ изготвен, ајде бидете доблесни до крај па објаснете каква ќе биде таа, СРАМОТА! Она што едни го започнаа, други лудаци ќе го финишираат, народот ќе се дели по сите можни основи, набиени во ќош во корнер очи си вадиме, додека голот нема кој да го одбрани, шутирајќи ни пенали како на боксерска вреќа. Жалосно што дочекав да видам со свои очи, родителите да не’ можат и да не’ им е воопшто грижа да се изборат за доброто на своите чеда? Па добро бе мајка му стара, државата ли ви поклони децата, што мува не’ ве лази за нив? Па и да е така, имате ли емпатија, имате ли чувство каде оваа ваша апатија ве води – сите нас не води? Па не’ може, до толку да бидете оперирани – да бидете безчувствителни, тоа не’ е НОРМАЛНО?
Кој и каков е тој наставен кадар кој исполнува наредби и задолженија на директори кои се продолжена рака на партиите, вие не’ сте наставен кадар, вие сте партиски послушници. Како може да прифатите да вршите притисок на родители чии дечиња се шесто одделение, да изберат ССО и за возврат да добијат сет за интимна нега?! Или да ги наведувате родителите да бидат дел од родителските работилници, да научат како да бидат родители и за возврат да добијат ваучер од 300,00 денари од Тинекс маркет?! Тоа е образование, така се однесува образовен кадар?! Наставниот кадар е’ вториот или третиот родител на децата (зависно од околностите), кој треба да се залага и бори за подобра иднина на дечињата. Наставниот кадар е тој кој треба да сочувствува со сите можни човечки судбини (на родителите и учениците), наставниот кадар е тој кој треба да изнаоѓа модус вивенди решенија, за животот на тие поединци да биде подобар. За таа цел постојат наставничките совети, на нив се изнесуваат проблемите со кој наставниците се соочуваат, преку призма на проблемите на учениците и родителите, па со сестрана помош на директорот, педагогот и психологот се изнаоѓа решение кое е најдобро за сите засегнати страни. Тоа е грубо кажано описот на работата просветен работник, освен онаа истурената држење часови во училница и оценување, и тоа се учи по предметот „методика на наставата“ каков треба да биде воспитувачот – учителот – наставникот – професорот, без притоа да ги набројувам и другите карактерни особини кои треба да ги поседува лицето кое сака да биде наставник: морал, етика итн., тие воопшто не ги доведувам во прашање, зошто поаѓам од претпоставка дека пред себе го имам најсовршениот наставен кадар. Ова што таксативно го набројувам, го учат сите кои сакаат да бидат ден од воспитно образовниот кадар, од оние во предучилишните установи до оние на високо образовните установи.

Prof.Dr.Ulvi Saran on Twitter | Mind blowing pictures, Pictures with deep meaning, Meaningful pictures

И како стигнавме до таму, лончињата да ги помешаме, улогите да ги промениме до не’ препознавање, па сега наставниците не’ се гласот на ученикот и родителот, туку разгласот – продолжената рака на директорот, кои жилаво се борат за спроведување на волјата и барањата на нивниот работодавач?! Овие т.н. наставници не само што самите си имаат плукнато врз своите дипломи, туку в лице му имаат плукнато и на Јан Амос Коменски, таткото на современото образование и на дидактиката како наука ( “Didaktika magna” – “Големата дидактика”!)
Па уште кога ќе прочитам во групата, да се избегнувала политика, местото не и била таму, ми се крева косата на глава! „Политика“ е’ едно од најзначајните дела на Аристотел, во која тој ја изнел една од првите политички теории за појавата на државата. Според него потполна заедница од повеќе населби, која постигнала највисок степен на самодоволност е’ државата. Таа се појавила заради оддржување на животот, а постои заради среќниот живот. Од тука е потполно јасно дека државата се појавила по природен пат, но и дека човекот е природно државотворно суштество (ZOON POLITIKON)! За да биде појасно зошто ова ни се случува, и што уште ќе ни се случува, еве уште еден линк од мој претходен текст:

http://

И да, се согласувам долги се текстовите, зошто и она што со години се спремало и се уште ни се подготвува не’ возможно е во три реченици да се раскаже. Од тоа речено – недоречено си патиме, од тоа секој да толкува како нему му одговара, од тие причини текстовите се долги, се’ е соџвакано за да може секој да го разбере, и тој со четврто одделение и тој со докторат.
Она што сега во моментов е тема за полемика, она што е камен на сопнување за многумина е најавената „дигитализација на наставата“. Како и секој процес, така и овој посочениов има свои добри и лоши страни. Во моментов нема да се впуштам во сериозна и обемна елаборација, од проста причина што кај нас се користат термини за кои повеќето поим немаат што тие значат и како и во каков облик тие се присутни во реалниот живот. Зборот дигитализација кај нас погрешно се толкува, така што многу луѓе се прелажани дека тоа што го добиваат како краен производ во некои приватни училишта, во суштина воопшто не е дигитална настава – дигитален учебник! Дигитална настава не е учебник во ПДФ формат, не’ пријатно ми е да им укажувам на луѓето, да одат да бараат отштета од приватните училишта кои солено ги плаќаат. Односно тоа за кое се прелажани прескапо го имаат платено! Она што во нашата чудесна држава се подразбира под дигитален учебник е’ ПДФ од учебник подготвен за печатење, а тоа ниту од далеку не’ е и не’ може да биде дигитален учебник! Дигиталните учебници, се’ учебници со анимации, видеа, екстерни линкови, избор на јазик/наратор….учебници заменети со веб – сајтови кои лесно може да се корегираат и усовршуваат, со вклучен интерактивен дел за комуникација ученик – наставник, дел со тестови, збирки на задачи итн., можностите се бесконечни. Ова е само мал доказ дека во нашата мила татковина ниту родителите, ниту наставниците, ниту учениците, уште долго време нема да видат ниту „Д“ од дигитализација. Кај нас се’ е лажно, од Кембриџ програмата, платформата за онлајн настава платена и преплатена, па се до оваа дигитална, кај нас застарени колекции облека се’ продаваат како нови, кај нас копии на производи прескапо се’ продаваат како оригинали итн.
Во лажното општество со лажни вредности, се’ е лага! Самиот проект дигитализација кој колку што има позитивни страни, далеку повеќе има несогледливо погубни и штетни за сите нас долгорочно. Да за дигитализација, но ако се има издржан план и проект, каде во која етапа и во која мера да биде застапена, и најважното што се очекува за возврат, кој треба да биде повратниот инпут и аутпут, како би се почувствувала полезноста од спроведената мерка. Односно изготвени повеќегодишни студии кои точно ќе знаат во кој чекор, во која фаза со кој интензитет, колкав и каков бенефит ќе имаме и ќе го уживаме сите! Дигитализацијата е долг и макотрпен процес, но ние не’ сме ниту на самиот почеток. Основните елементарни работи во ова наше општество не’ се дигитализирани, за почеток дигитализацијата требаше да им го олесни животот на граѓаните, со тоа што ќе ги тргнеше од шалтерите од трчањето најпрво по документи за лична идентификација, кои ќе можеме не само онлајн да ги поднесуваме – аплицираме т.е. и да ги добиеме реално. Ние во тој поглед заостануваме, и не заложувајќи се тоа да го решиме, тоа да го олесниме, се тргна кровот преку ноќ, трапе – трупе да го градиме! Ај што дигиталната настава нема да има ниту „Д“ од дигитализација, ај што е лажна и избрзана, ние реално гледано немаме кадар, кој и така лажната дигитална настава доколку стане сурова реалност не’ е способен да ја поправи, да го даде максимумот и на крај сепак сите да бидат задоволни. Основа на дигиталната настава е’ интерактивната настава, за ова со децении се говори, колкумина учители, наставници и професори претпочитаат и практикуваат таква настава, ќе се сложите едвај двајца без троица. Наставниците никој не ги попречуваше, напротив беа охрабрувани преку редица на трибини и семинари да почнат така да предаваат. Ако тие се одзваа на повиците, ако се потрудеа своите методи на водење наставен час да ги осовременат, ние и сега со овие оскудни средства и можности ќе имавме совршена настава, среќни деца желни за нови знења, за истражување, среќни и растеретени родители, но и наставници кои за својот труд и напор ќе беа солидно наградени, гледајќи со радост и восхит какви плодови нивниот макотрпен труд изродил. Плус истите не’ ќе имаа никаква потреба, додатно од дома, да држат дополнителни часови за некој денар плус! Јас кога полагав методика на настава по социологија, во практичниот дел бев обврзана да одржам два часа во Скопската гимназија „Никола Карев“ на ученици од четврта година, со единствена назнака „часот не смее да биде сувопарен“, и воопшто да не’ наликува на час каков што нивната професорка им држи, туку интерактивен, учениците да бидат мирни и активно да учествуваат во предавањето! Самите ученици на крајот на секое предавање на секој од нас студентите, одеа до нашиот професорот и со воодушевување му кажуваа дека часот им поминал многу брзо, и дека социологијата сепак била интересна наука кога вака им се предава. Интерактивната настава бара многу љубов, многу време потрошено во подготовка на истата, можностите и средствата се’ неограничени, од исечоци во весници, од социо драми, од аудио и визуелни средства итн., а резултатите се воодушевувачки.
Јас сум ученик на еден друг систем, во кој мнозинството наставен кадар имаше други обележја, во кој наставниците беа просветни работници, а не’ бизнисмени и трговци. Но мојот пример, во првите четири години основно образование е спротивност на се погоре напишано, како да се случуваше денес во ова лудо време, а не во тие прекрасни ’80 години на минатиот век. Имав учителка каква не’ посакувам ниту едно детенце некогаш во живот да има! Таа и нејзиниот сопруг беа учители во училиштето во населбата во која живеев, но и тие двајцата таму живееја. Имаа направено шема на А3 формат, што родителите од одделението на едниот и другиот брачен другар работат и каде работат, секој Божји ден, дали пред или по наставата, во викендите обавезно, со нивното Рено 4 одеа од куќа до куќа на нивните ученици барајќи услуги од родителите, некогаш и производи за без пари. Оние како мојот татко кои отворено ќе им се спротивставеја дека погрешно е’ тоа што го прават, и дека оценките мои зависат од неговата послушност, која долгорочно мене ќе ми штети, на крај завршуваше со психолошка тортура врз мене и сличните дечиња на мене, чии родители одбиле послушност. Знам дека душа го болеше кога ќе му донесев тестови со оценки од кои се јадеше самиот, се’ точно напишано, а оценката приказна за себе. Свесен беше дека против тоа зло не може да се избори, со наведната глава еден ден ми ги стегна дланките и ми кажа издржи. Цели четири години трпев нешто кое не’ е за трпење, ниту еднаш не бев испрашана, изведена на табла – ниту еднаш, оценки добивав од ракав истресени. Најтешки ми беа распустите, кога успевав душата да си ја смирам, помнам колку пати и плачев на мајка ми, преколнувајќи ја да не’ ме праќа на училиште, ќе се воздржам и нема да спомнам што се’ гледав, чувствував и на што бев изложена многу долго. Кога дојдов во петто одделение, чувството на слобода не’ ќе можам никогаш да го опишам, не можам да најдам зборови кои ќе го пресликаат тоа чувство на полетност, на растеретеност, на елан, кога од спротивната страна имаш наставници кои се’ трудат да те мотивираат да го дадеш максимумот секој ден, да одиш напред, да се радуваш на животот, знаејќи дека од спротива имаш наставници кои се’ радуваат на твоите успеси, кои те сакаат еднакво како сите ученици. Во тоа време редовно пред почеток на часовите или по нивно завршување се’ одржуваа часови за талентирани ученици и за ученици кои заостануваат во наставата. Во некои случаи тие часови се’ оддржуваа и во Сабота, првиот ден од викендот! Заврши и осмолетката моите убавите четири години образование, се’ запишав во средно училиште, таму се беше во ред до крајот – матурирањето, освен една случка во втора година која за мене лично беше втор удар во мојот живот, по втор пат мојата душа од стакло која успеав да ја зацелам и да ја направам безмалку како нова, повторно беше скршена на милион ситни парчиња. Во втора година како благајник во класот, требаше да присуствувам на наставничкиот совет кога се’ заклучуваат оценките на мојот клас. Долго време потоа се’ каев што воопшто бев дел од тој циркуз, од тој театар после кој ништо повеќе не беше исто, највеќе јас самата. Мојот класен раководител, Бог да му душа прости, беше страв и трепет во училиштето, немав проблем ниту со него, ниту со било кој друг професор. Во дневникот од кога знам за себе бев број еден, а бидејќи имам проблем со видот претпочитав да седам во прва клупа, веднаш до катедрата и сакала или не горе – долу им ги знаев оценките на скоро сите соученици. Сабота беше, класниот помнам го отвора дневникот и го чита моето име, сите оценки петки, освен една четворка по неговиот предмет и гласно извикува овде нема што да се поправи, јас немав никаков проблем дали сите ќе ми бидат петки или не, никогаш тоа не ми било најважно, имајќи го во предвид горкото искуство од моите образовни почетоци. Продолжува да го чита името на соученикот после мене, сеуште помнат имаше 5 тројки по некои предмети, кои пред овој наставен совет, на некој друг состанок во четири очи станале четворки и сега класниот мој – оној кој тренираше строгост на сите нас, од истите професори од кои побарал да напишат четворки, побара да му заклучат петки, па се допишуваа плус оценки, па се’ собираше, па се’ делеше за есапот да се’ погоди, јас сето тоа го гледав и не’ можев да се изначудам што овие луѓе прават, зарем не’ се свесни дека спроти нив имаат двајца ученици претседателот на класот и јас, чиј авторитет се. На момент се исклучив за да се соземам, ама претставата толку брзо се одвиваше што ми доаѓаше да вреснам и да им кажам, аман луѓе доста е, не можам повеќе! И така се вклучував и се исклучував, од лошо – полошо, почна ладна пот да ме облева, ученици кои имаа по десет единици дотуркани до поправен испит, оние кои цела година имале една, две или три единици на крај никакво олеснување не добија, кога нели се штелуваат оценки, со напишани на ливчиња желби, кој за што се изборил! Не знам како до дома стигнав, со кои нозе стигнав до автобуската станица, се качив во точниот автобусот, а дома кога се појавив, татко ми веднаш знеше дека нешто не’ е во ред. Се смирив, дојдов на себе, и она што помнам дека му го кажав беше следното: – од денес никогаш веќе ништо нема да е исто, ќе учам колку да можам да се запишам на факултет. И така, на мои 16-ет години живеев за моите 18-ет кога ќе се запишам на факултет, надевајќи се’ дека таму мора да го најдам совршенството и целината по која цел живот трагам, која за жал никогаш не’ ја пронајдов! Пронајдов само парчиња, само делови кои јас ги составив во еден мој само за мене разбирлив, совршен и уникатен мозаик на учители, на лекари, на професионалци кои во моите 47 години сум ги сретнала, запознала и кои ме воодушевиле. Кога стапнав на факултет, не’ бев ниту свесна во какво дувло сум влегла, не’ на трговци, туку на мафијаши со тапија.
И така, ова е сликовитиот приказ како една малигдна клетка, како една штеточинка може да го инфицира целиот здрав организам. Мојата учителка низ годините – низ децениите стана синоним за наставник, јас на тебе ова, а ти на мене тоа, кое стана вообичаена пракса на односи помеѓу воспитувачите – наставниците и родителите. И затоа сега тој тумор, тој карцином израснат е во таков монструм, во такво чудовиште, кое сите нас ќе не проголта. Просветниот кадар самиот е виновен за околностите и приликите во кои се наоѓа. Не’ може наставник кој предава на пример математика, учениците на кои им предава да ги уценува да им држи дополнително часови дома, ако сакаат поголема оценка! Едното со другото не’ може да се состави, и затоа сме таму каде што сме! Училиштата ни се преполни од неквалитетен и непрофесионален кадар и ние очекуваме да одиме напред, да правиме реформи, дај ви се молам, реформата треба да започне од чистење на кадарот кој е не’ просечен, туку подпросечен, од нелојалната конкуренција. Кога таа фаза успешно ќе се спроведе, потоа се оди на избор на квалитетен кадар, нивно обучување за новитетите и реформите кои сакаат да се спроведат, па кога и таа фаза успешно ќе се заврши, се пристапува кон имплементирање на новитетите. Вака како што сега стојат работите, ова нема да биде фијаско, туку погреб – крај на образованието! И зошто ова го напишав, зошто мојот пример, за да ви укажам дека не’ смеете да дозволите некој со децата да си игра, не’ смеете, зошто штетата – цехот кој на крај ќе го платите и вие и дечињата и сите ние како општество е прескапа. Не’ кршете им ги душичките на тие сјајни кристали кои сакаат знаење, кои сакаат праведност, кои сакаат еднакви критериуми за сите! Кога ќе ги скршиме сите солидни и талентирани ученици, губитници ќе бидеме сите, тие никогаш нема да сакаат да го дадат својот максимум, туку ќе научат да калкулираат и да функционираат по линија на помал отпор, никогаш нема да се трудат да бидат најдобри во нешто! А тоа не’ е смисолот на образованието, образовниот курикулум треба да биде таков што ученикот со двојки и тројки ќе го мотивира да стане одличен. Образовен систем во кој оценката и знаењето ќе бидат едно те исто, во кое оценки нема да се пишуваат на “лепе очи”! За тоа да се случи, треба сите да појдеме од себе, да поработиме на себе, кога ќе ги промениме работите внатре во себе, тогаш може да очекуваме промени и во општеството. Кога Македонецот ќе се обиде и ќе направи јасна дистинкција помеѓу формалните и неформалните односи, тогаш ќе започне преродбата на Македонското општество. Кога Петранка на работното место е’ професионалец, па нејзините мајка и татко ги третира како странки, тогаш ќе имаме современо општество. Кога ќе направиме јасна динстинкција помеѓу приватниот и професионалниот живот, тогаш ќе дојде животот. Кога нема да се дружиме и да преферираме дружби со луѓе од кои имаме интерес – корист, тоа ќе го означи почеток на Македонската преродба, кога секој ќе може да го искаже својот став, своето мислење, без стигматизирање и жигосување. Не знам дали јас ќе го дочекам тој препород, бидејќи овде работите многу одамна се згрешени, овде мајките ги учат своите чеда дека од дома треба да излезат насмејани, дотерани и никому да не’ изустат што ги мачи – што ги тишти! Овде оние кои се јадосуваат, кои си ја стегаат душичката се јунаци, а оние кои со кнедла во грло се охрабриле да си ги кажат маките, да си олеснат и да си најдат спас – решение на проблемот се слабаци – губитници. Бидејќи ако си го кажеш проблемот, на пример здравствен, некој можеби ќе посака болеста да ти ја украде! Најлесно е да молчиш, да, ајде да те видам охрабри се да изговориш што те тишти, дали е така лесно, кога од спротива те чека канонада од: – па не се жали, на сите им е лошо, се до некои, кои на крај ќе бидат мелем за душичката ваша. И после се чудиме како тој – таа, многу пријатни, секогаш весели – насмејани се обесиле, се отруле, како можело да страдаат од депресија, од анксиозност, ете така, заради тоа што сите биле зафатени за нив, и заради тоа што се измориле од глумење лудило, ете затоа.
Да се вратам на проблемот, на образованието, и нешто што не’ смееме да си дозволиме никогаш да го заборавиме следното: „една книга, едно пенкало, едно дете и еден наставник може да го променат светот“ – Малала Јусуфзаи!
Нашите Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски, Св. Наум Охридски и редица други дејци не’ смееме да си дозволиме да ги заборавиме, нивните ликови и дела и тоа за што тие се бореле, која била нивната мисија! На газиени ламби деноноќно пишувале, преведувале, за да го описменуваат народот! Не’ смееме нивното дело, нивната мисија да ја погазиме, ние од кои произлегла писменоста! Тоа е СРАМ и голем ГРЕВ! Не’ смееме децата од писменоста да ги лишиме, од пишаниот збор, од книгата – најверниот пријател на човекот, НЕ’ СМЕЕМЕ! Ништо на светот мирисот на книгата, ризницата на сите знаења не може да ја замени! Не’ може било каков уред, колку тој да е совршен и современ да ја замени книгата, книгата не’ е уред во тоа е разликата! Книгата ја буди фантазијата – имагинацијата кај секој од нас со различен интензитет, компјутерите колку и да се совршени тие ја потиснуваат, тие создаваат поголем хаос, бидејќи децата се изложени на стимуланси на надворешни дразби за кои не’ се подготвени и на кои не знаат како да изреагираат. Таа визуелизација, тие јаки бои и звуци им ја ослабуваат концентрацијата, многу бргу ги согоруваат и не можат да истраат до крај да изгледаат или ислушаат тоа што им се говори. Барајќи одново и одново, нови и поинакви стимуланси. Ова посебно се однесува на помалите дечиња, бидејќи тие од девет години – четврто одделение, од есен треба да бидат експерименталните глувци на кои ќе се тестира „дигиталната настава“.
Книга и компјутер како наставно – дидактичко средство не’ може во ист кош да се стави, по низа основи. Ако учебникот се изгуби – скине, трошокот е не’ значителен, секој може да издвои и да купи нов учебник. Но, со компјутерите не е така, потребен е компјутер со одредени перформанси за да може настава да се следи, кој чини неколку десетици илјади денари, потребен е и супер брз интернет кој исто така чини пари, потребен е печатач со нели тонер кои исто така чинат пари, ако се работи за двајца ученици, плус и родител просветен работник, тогаш во прашање се неколку уреди. Ако уредот се расипе, трошокот не’ е минимален, плус и ако има прекин во интернетот тогаш нема настава, исто како и сметката за интернетот ако не се плати. Процес на образование кој е премногу скап и кој не’ секој може да си го дозволи! Настрана што нашите училишта немаат минимални услови за солидна настава, од современи училишни згради, тоалети и хигиена на високо ниво, спортски сали, кабинетска настава по секој предмет. Ова ми на наликува на онаа старата поговорка: „видела жабата коњот се кове, па и таа дигнала нога!“ Арогантната изјава на министерката за образование: „доколку родителите сакаат хартиени учебници, самите нека си ги испринтаат!“ Испринтан учебник не’ е учебник, на факултет се образував од копирани учебници на јазик кој не ми беше мајчин, пишувани во едно друго време, во едни поинакви општествени прилики, тоа ниту тогаш не беше дозволиво, ама ете поминуваше. Моите професори беа професори на факултет, држеа свои катедри без притоа да напишат учебник по предметот кој го предаваат, кој ги бирал за нивните звања и по кои критериуми само Господ знае. Принтање учебници, наставни листови и сега е секојдневие, со онлајн наставата сите мораат дома да имаат печатач, за кој нели тонер е потребен, но и топови хартија за печатење, а сетоа тоа чини пари. Се печатат наставни листови, децата со помош на родителите ги решаваат задачите и родителите им ги носат на наставниците, редовно информирани преку вајбер што треба да направат, што се очекува од нив. Образованието не се спроведува преку фејсбук групи, преку вајбер групи тоа не е ниту настава, ниту така треба да наликува образовниот процес и комуникацијата со учениците и родителите! Годинава онлајн наставата се спроведе врз плеќите на родителите и наставниците (високи сметки за електрична енергија, за огрев, за интернет, за уреди за спроведување на наставата) државата успеа да ги намали своите трошоци. И ако ова лудило потрае, училиштата многу скоро ќе бидат музеи, ќе бидат неми сведоци за едно време во кое се учело во такви згради и установи! Нашава држава е држава на инпровизации, ниту еднаш до сега ниту еден проект не’ е истеран од почеток до крај беспрекорно како што треба. Овде сите експериментираат, кој како ќе се појави од него животот започнува, и ете така триесет години се тркаламе. Мене воопшто не ме чудат изјавите на министерката, бидејќи таа е човек кој не доаѓа од образованието, таа не е просветар, таа е социјален работник. Како дел од невладиниот сектор таа со кран е инсталирана, за да ги спроведе овие погубни политики, за кои ниту еден нејзин претходник немаше храброст за ваквиот луд, штетен и погрешен чекор. Година дена пишував дека крајна цел на оваа агенда која сега на сила се спроведува е банкрот на државата, во такви услови државата не може постојните долгови да ги сервисира, ќе биде принудена да бара кредити кај оние кои ја банкротирале, но под многу тешки услови, со високи камати или трампање на извори за вода, земјоделско земјиште и спроведување на вакви штетни и опасни проекти. Од таму воопшто немој да очекувате дека Мила Царовска ќе одстапи милиметар од овој проект или дека ќе се откаже, немој да дозволите ниту да ве лажат, ниту самите да се лажете! Владата има земено кредит за овој проект кој Мила го бутка на мускули, затоа таа толку е силна, и не само таа, туку и НВО секторот поточно ХЕРА од чии редови доаѓа. Таа од позиција на министер си дозволи конфронтација јавна со здружение на граѓани, а нејзината ХЕРА дури отиде чекор погоре па покрена тужба! И министерката и ХЕРА знаат дека аргументите не’ се на нивна страна, но во Македонија НВО секторот е вистинската влада, а не оваа која наводно народот ја бира. Затоа се толку силни, зошто знаат што и кој грбот им го чува! Но, од многу итање прават катастрофални грешки во чекори и се демантираат! Министерката се обиде да ја излаже јавноста дека ССО нема да се изучува од второ одделение, дека тоа е инсинуација – манипулација, на одредени прости и назадни родители, здруженија и групации. Но, “ако баба лаже, траг не лаже”, пред извесно време министерката ја кажа вистината, онаа за кое цело време пишуваме и трубиме, самата ја потврди: „Што ќе учат идните првачиња? Ова се некои од темите од програмата за мајчин јазик, математика, општество и природни науки. Идните ученици уште од прво одделение ќе се запознаат со важни теми како што се родова еднаквост, медиумска писменост, корупција, преку соодветно прилагодени содржини за нивната возраст………“ Тоа е во кратки црти инклузивното образование, оние што сметаат дека ССО е одлична идеја и дека е многу потребно, допрва ќе видат за каква убаво спакувана ѓаволштина станува збор. Деновиве на националниот сервис одеше образовна емисија за промената на наставните содржини со акцент на родово сензитивното образование, односно беше објаснето значењето на скратеницата ЛГБТ, ова за почеток ќе оди на МРТВ, но многу скоро ќе почне и низ приватните радио дифузери и тоа во термини кои ќе бидат ударни!
Родители, ние сме сардисани од сите страни, не’ се залажувајте дека некаква петиција ќе ја предомисли министерката, во општество во кое Уставниот суд сеуште не ја закажал седницата на која ќе расправа по иницијативата за уставноста на промената на името на државата, не’ очекувајте судските органи да бидат на страната на родителите и децата! Оваа група ќе ја поддржам само ако децидно и јасно ги изнесат барањата до министерката тргнувајќи најпрво против онлајн наставата, налудничавата реформа, дигитализацијата, ССО, и најважно од септември да има настава со физичко присуство, да и постават ултиматум и на министерката и на Владата, долку министерката и Владата останат глуви тогаш од септември бојкот на наставата, за што и родителите безрезервно ќе ги поддржат, се’ друго е само фарса, замајување народ, купување време и одработување во интерес на министерката и Владата!
Затоа родители во својата зграда, улица, населба, општина, град, па и пошироко, групирајте се’, поврзувајте се’ и уште сега најавете и подгответе се за бојкот на наставата! Па да видам на кого наставниците ќе држат настава, а министерката ќе тренира строгост! Истиве овие наставници кои ќе дејствувале по словото на законот, кога бараат покачување на платите не’ пишуваат петиции, не’ бараат согласност и поддршка од вас кои реално ги плаќате, туку веднаш со протести се закануваат и со штрајкови! Не’ очекувајте во нога да си пукаат и да си ја сечат гранката на која седат тие кои се на државна цицка, тие кои сите ние ги плаќаме и раниме. Овој систем е трул, она што триесет и повеќе години се тркалаше и така тромаво егзистираше сега е пред умирање, пред издишување, овој систем не’ заслужува ниту еден ден наша поддршка. Овој систем преку ноќ може да падне доколку сите му откажеме послушност, лекот е или масовни протести или граѓанска непослушност на сите нивоа, системот ни е како кула од ќибритчиња, повлечете го тлото се’ паѓа дури да трепнете. Промени настануваат кога она што е старо и труло не го крпиш, туку го рушиш и создаваш нешто ново, нов систем на вредности. Ние сме предадени од административците од тие кои требаа државниот апарат да го штитат. Денес тие жилаво се борат ова лудило да потрае, седејќи дома земајќи си плата за која сите од нашите усти двоиме т.е ги плаќаме, а реалниот сектор – приватниот кој е моторот на општеството е’ на респиратори. Најавено ни е покачување на стапката на ДДВ, на персоналниот данок, инфлацијата ќе растела, парите – капиталот за кој некои цврсто се држат ја губи својата вредност – стануваат безвредни ливчиња хартија, маслото за јадење достигна вртоглави 114,00 – 115,00 денари за литар, а човечкиот живот – здравјето т.е. капитациониот бод на матичните лекари изнесува срамни 65,00 денари. Најевено ни е покачување на месото после Велигденските празници за 40%, или во превод вртоглаво покачување на цените на основните животни продукти. Тоа така не’ оди, и тоа на долги стази не’ возможно е да потрае.
Од друга страна, апел и до вистинскиот воспитно – образовен кадар, охрабрете се, застанета на страната на родителите и учениците, се наоѓаме пред големото чистилиште, редно е, созреани се условите за професионална дезинсекција, дезинфекција и дератизација, редовите свои да ги прочистите од паразитите од штеточинките – нелојалната конкуренција. Откажете му послушност на овој систем и не’ делете иста страна со оние кои не’ ви се дораснати! Одличен пример, кој ќе ве охрабри и ќе ви даде мотив да истраете да се борите е Стојко Пауновски директорот на ДПИ (државен пазарен инспекторат), нема многу мудрување, туку јасно и гласно кажуваш дека на овој трул систем ниту ќе му слугуваш, ниту неговите налудничави и погубни барања ќе ги спроведуваш! Тоа е пример за професионалец, за индивидуа со свест и совест! Кога се сака се’ е возможно, се’ останато е само калкулирање, купување време и одработување за нечиј интерес!
Ако спектакуларно најавените образовни реформи, подразбираат: Училишта без наставници! Наставници без училишта! Училишта без ученици, а од скоро и без учебници! Тогаш навистина го живееме Орвеловото дистописко општество „1984“.

СЕ’ ДОДЕКА НЕ СЕ СВЕСТАТ, НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПОБУНАТ!

СЕ’ ДОДЕКА НЕ СЕ ПОБУНАТ, НЕ МОЖАТ ДА СЕ СВЕСТАТ! – ЏОРЏ ОРВЕЛ

П.С. Текстот е авторски труд на Атина Белески

 

Можно е да е слика од стоење и надвор

Loading...

Related posts

Leave a Comment