Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 2 ДЕЛ

What are social engineering attacks? | NordVPN

ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 2 ДЕЛ

(датум 18.4.2020)

  • Крајот на 20-от и почетокот на 21-от век Бихевиористите се интегрирани во сите пори на човековото живеење. Дали станува збор за најпрозаично технолошко искуство или некој изум кој се комерцијализира и се продава низ светот, Бихевиористите следат како тоа влијае на граѓаните. Ви ѕвонат на телефон, ве анкетираат, ве малтретираат. Оценете од 1 до 5 дали „тоа и тоа“ Ви го промени животот, дали сметате дека е добар, дали е лош. Кликнете смајли итн. Тоа се Бихевиористите. За нив целиот свет е една голема лабораторија, нон-стоп ве следат. Тоа што го добиваат како повратен одговор тие го квантификуваат, имаат свои формули, спроведуваат мерења и на основа на тие резултати ја модификуваат следната етапа-верзија. Ако на пример во моментот постојната верзија е 1.0, следната верзија ќе биде 2.0.
  • Од приложеново може и сами да констатирате дека ние цело време сме експериментални глувци, бомбардирани сме со милион информации од сите страни, што е добро што е лошо. И постојано сме подложени на промени. Во првиот момент има отпор, за да со тек на време сѐ се измазни. И оној момент кога ќе се навикнете на тоа што го имате, повторно нова промена, итн., до бескрај. Често пати си велите: „Па не можам да бидам во чекор со времето, зошто толку брзи промени, кому му одат во прилог?“ Се знае, на конто на глобалистите.
  • Тие, светските господари, банкротираа од своите мегаломански апетити. Затоа, сега дури пропаѓа целата светската економија, а тие го поседуваат целиот банкарски сектор. сакаат да се вратат во живот. Со тоа што сите помали и посиромашни држави ќе бидат целосно уништени. А за да оживеат ќе мораат да земат банкарски кредити од ММФ, Светска банка, Фонд за развој итн. Значи ќе морате да побарате помош од тие кои ве уништија. И тоа по услови кои ним ќе им одговараат, тие се експерти за лихварство. Значи должничко ропство од кое многу тешко и мачно е излегувањето. Интенцијата им е да бидат посилни и помоќни како никогаш до сега. Дали ќе им успее останува да видиме. Гледате како почетокот и крајот е идентичен, брутален и насилен,од позиција на помоќен и посилен.
  • Ние сега сме на прагот за влез во „Четвртата техничка-технолошка револуција“ која самата бара промена на моделот на колективната свест. За да прифатите нови иновации. Ова условно кажано поробување треба да им помогне во реализација на намерата. Дали ќе им успее, да сме здрави и живи,ќе видиме многу скоро. Имаме неверојатна шанса, бидејќи сведоци ќе бидеме на новата историја која се пишува.
  • Моментално тестирани сме како никогаш до сега, преку сѐ на што сме навлечени, интернет,телевизија, мобилни телефони, компјутери. Ако сакаат, во еден момент може да направат се да згасне. Целта им е промена на културолошкиот модел. Да ве убедат дека за ваше добро можете-морате да бидете нешто друго. Притоа луѓето ќе бидат условени тоа да го прифатат.
  • Сево ова многу лесно можат да го спроведат, бидејќи човекот како единка никогаш во историјата не бил доведен на толку ниско духовно скалило. Продавајќи ви лажна среќа ве одвоија од религијата, убедувајќи ве дека тоа се будалаштини и не треба слепо да се верува и служи на догми, а притоа правејќи ве нивен најверен слуга. Така, продавајќи лажен морал, лажни вредности тие си создадоа своја армија послушници кои лесно може да ги манипулираат. Кога некој ќе се побуни против нешто,вие сте тука да ги браните нивните интереси, а на сопствената штета
  • Да бевме многу повеќе духовно освестени, ќе бевме сплотени во една сила која никој не може да ја разбие. Така силни ќе можевме да ја одвоиме лагата од вистината. Немаше да паднеме во нивната стапица, самите да си ја одземеме слободата. Плашејќи ве со вирус, а тоа е искушение за сите нас. Искушенија имало и ќе има. Верба мили мои, во верата е силата. Стравот и паниката ве прават беспомошни. Нема вера без масовност, нема вера без света причест. Со децении работеа на рушење на верата, велејќи: „Не мора во црква да одиш, верата е во тебе, Господ е насекаде“. Е, тоа е нивен ракопис. Верата да се сведе на една туш кабина. Како им успеа?
  • И во црквите си најдоа свои сојузници, среброљупци, кои за пари нѐ продадоа сите. Кога ќе видите свештеник кој се вози во скап џип, знајте дека тој е слуга на Ватикан. Но, и таму, впрочем како и во секоја професија има свештеници кои го проповедаат словото Божје. Како оние кои се возеа во улиците на Повардарската Епархија со икони, кандила, темјан и света вода. Народот со дрвја и камења фрлаше од сите страни по нив, не знаејќи дека далечната 1910 година, кога колерата беснеела во Охрид, за да помогне свештенството со литии од икони, кандила, света вода и моштите на Св. Климент оделе низ градот. Навредувајќи ги тие свештеници од неукост и незнаење плукнавме в лице на Св. Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски и Св. Наум Охридски.Тоа што тие го работеле, ние го исмеавме.
  • Во храмот Божји се оди за да му одадете почит на Господ Бог спасителот наш. Црквите не се музеи, па да се затвораат. На вчерашниот Црн Петок најтешкиот празник во годината, кога ниту се јаде ниту се пие, ние Исус Христос повторно го распнавме на крст. Толку лукаво ја одиграа целата игра што косата на глава ми се крена. Го искористија вирусот декларирани атеисти како Ванковска и Најчевска кои засегнати за здравјето на населението сами го ставија лажичето како проблем парекселанс. Инаку истите негуваат став да се прифатат сите мигранти што шетаат по државава наша, и да им се дадат државјанство, дом, работа, итн. И повторно од сожалување за судбината на бегалците. Па на тоа се надоврза американската амбасадорка, потпомогната од порталот кој е директно финансиран од неа Ф2Н2, па невладината Мост која е мајка на порталот и Цивил кој е финансиран од Стејт Департментот и УСАИД. Така сложно од сите страни врескаа,за да се постигне согласност Света причест да нема во Недела туку во Вторник. Спроведувањето го помогна отец Пимен кој изнајде Соломонско решение дека тоа било според Црковните канони. И така вирус опасен има во Недела,а во Вторник одмора.

Господ да ни е на помош!

 

П.С. Ова е директно вклучување во живо од најголемата лабораторија Северџанистан, за да научно ви ја елаборирам Теоријата која за вас е заговор!

Продолжува…

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment