Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 3 ДЕЛ

From The Fly to Stranger Things, why a 60-year-old mind-control ...

ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 3 ДЕЛ

(датум 20.4.2020)

  • Денес од сите страни ечи „ќе умреме сите“, седете дома“, „иселениците се виновни“, „пензионерите не слушаат“, народот е непослушен, „излегле на сонце, како не им е срам“, „неписмени, забегани, редовно да си ја земате терапијата“, учени, недоучени“, „глупав народ“, „ќе ја умрете државата“, „пријави го комшијата, живот ќе спасиш“, итн. Ајде да ги споредиме последните три пандемиски лудила, птичји, свински и корона грипот. Што им е заедничко, а што не?
  1. „Птичји грип“. Имаше хистерија ама без против-пандемиски мерки, затворање граници и друго. Зошто? Затоа што СЗО понуди решение. Антивирусниот лек Тамифлу.
    Резултатот е: од здравствените системи исцицани се милијарди, а „решението“ се покажа без антивирусен учинок. Ние што правевме тогаш? Исто што и другите. Специјалците ги ловеа кокошинците, а народот долго зад сево ова продолжи да ги отплаќа договорните обврски за Тамифлу. Но, тоа не беше главниот проблем. Проблемот беше што бројот на просветлените противници против задолжителната вакцинација се зголеми! Јакнеше непослушноста!
  2. „Свински грип“. Слично сценарио. Нема полициска држава, не мораше да се оди во самоизолација. Зошто? Затоа што имаше решение! Вакцина! Вакцина која стигна побргу од пандемијата. Паничарите не толку заради вирусот, колку поради апокалиптичните сценарија, итаа во аптеките за да се дофатат за вакцината! Да се дофатат за решението!
    Резултатот е: Спасоносната вакцина остави тешка болест зад себе (АЛС). Се сеќавате на естрадните ѕвезди и спортисти кои јавно се полеваа со ледена вода? Но, тоа не беше главниот проблем. Проблемот е што бројот на противниците против задолжителната вакцинација уште повеќе се зголеми. Непослушност! А на непослушноста треба да ѝ се стави крај! Се продолжи со против-пандемиски мерки без пандемија: се воведоа дополнителни задолжителни вакцини, невакцинираните деца не можат да одат во градинка, училиште, „неодговорните“ родители плаќаат казни, им се прети дека нема да можат автомобилот да го регистрираат, подигнуваат готовина од банкомат, ќе им се одземаат децата, итн. Тоа беше почеток на воведување полека на моделот на социјална послушност од НР Кина каде населението се следи и нивното поведение се оценува. На основа на тоа се знае кој каков кредит има и што може да си дозволи. Голем е бројот на лицата кои се бунат против таквиот режим, но тие се оценети како непослушни и лишени се од многу основни слободи, права и потреби.
    Денес не се употребуваат ниту Тамифлу ниту вакцината, повлечени се бидејќи не се делотворни.
  3. Корона вирус. Целото внимание насочено е на следење на брзината со која се шири вирусот. Се следи со „форензичка“ техника, се прават и алгоритми. Сега е тука, а утре секаде (баш како што секоја настинка или вироза, болест од која возрасните заболуваат до два пати, децата до осум пати годишно и повеќе). Како што Бил Гејтс демонстративно покажа на симулираната показна вежба пред да се прогласи пандемијава. Целиот свет одеднаш знаеше за првиот заболен Кинез во земја со 350.000 самоубиства и милион и пол обиди годишно! Екраните на ТВ куќите се во корона сценографија, он-лајн се титлува со бројот на заразени и починати. Сите знаеме за еден месец колку пациенти починаа, најчесто од нус појави на староста и други болести со присуство на вирусот, но никој во исто време не знае дека се извршени преку 700.000 абортуси. Дека умреа над десетици илјади деца од глад. Се затвораат државните граници, се прекинува ланецот на снабдување, на сила се мерки за придржување на социјална дистанца, се затвораат школи, градинки, се одложуваат спортските и другите јавни дружења. Италија сама си создава проблем кога невнимателно ги довлекува заразените во болница, како да ги носи во фитнес центар. Повеќето од настраданите се осумдесетгодишни лица, половина од тие се со по три хронични болести, 75% имаат висок притисок, многумина се дијабетичари, итн. Во Италија најпогоден е нејзиниот северен дел, областа Ломбардија. Зошто? Непосредно пред пандемијава масовно е вакцинирано целото населението со нова вакцина против менингитис. Како заштита на населението од бранот на мигрантите. Но, и постарата популација масовно е вакцинирана против грип. Имунитетот нагло им опаднал, врз нив се испробувале новите вакцини, се експериментирало.
  • Зошто сето ова ни се случува сега? Зошто претходно не беше вака? Затоа што овој пат не понудија решение. Понудија страв, беспомошност и строго придржување на воведените мерки! Зошто? За да сите добро запомниме дека бараме решение! Во тоталитарното здравство на Бил Гејтс решението е во задолжителното вакцинирање на сите! Тие кои ќе се спротивставуваат, ќе го загрозуваат јавното здравство и како последица ќе бидат под строги мерки на полициската тоталитарна држава – лоцирани, идентификувани и трансферирани. СЗО е корумпирана приватна корпорација. Фатени беа во „валкани работи“ со свинскиот грип. СЗО вели дека така постапуваат сите здравствени системи. Затоа треба да го слушаме Бил Гејтс. Тој им е главен финансиер. Тој знае најдобро што на овој свет му треба.
  • КОВИД-19 шоуто завиено е со велот на тајноста, болеста нема име, само чудни букви и бројки. Бидејќи нема одговор на многу прашања, решението е општ карантин, поради кој пропаѓа светската економија. Короната не предизвикува економски колапс, туку борбата против неа. Далечната 2009 година Др. Среќко Сладољев во тоа време Директор на Имунолошкиот завод во Хрватска беше сам кога разоткри дека „свинскиот“ грип е обична настинка. Тој лично се спротивстави Р. Хрватска да ја набави вакцината против „свинскиот“ грип. Прв беше во светот што тоа го направи од некое Регулаторно тело за производство и дистрибуција на вакцини. Еден месец подоцна му се придружи Министерката за здравство на Полска. Германскиот Др. Волфганг Водарг како Претседател во Советот на Европа, поттикнат од аргументите на Др. Сладољев и Полската министерка, покрена истрага. Истрагата го разоткри патот на парите, кој од производителите на вакцините водеше до врвот на СЗО. Таа истрага го спаси Др. Сладољев од прогон и затворска казна во Хрватска. Неговото име стои во билтенот на ООН, поради кршење на човековите права во Хрватска. Секогаш е така низ историјата, луѓето кои спасувале животи да се осудени и прогласени за криминалци.

Холокаустот беше легален! Луѓето кои спасуваа животи беа криминалци!
Ропството беше легално! Луѓето кои ги ослободуваа робовите беа криминалци!
Сегрегацијата беше легална!
Луѓето кои дигнаа глас за еднаквост и правда беа криминалци!

  • И сега струката е согласна дека се работи за настинка и дека нема потреба од вакцина. Односно дека таа би направила многу повеќе штета. Повторно на разумност повикуваат низа на реномирани експерти проф. д-р. Вело Марковски, д-р. Среќко Сладољев, д-р. Лидија Гајски, д-р. Клаус Кохнлеин, д-р. Сунета Групта, д-р. Иван Врчек, д-р. Волфганг Вогарт повторно (има и видео со негово обраќање) проф. д-р. Раулт Дидиер кој откри дека лекот против маларија помага (исто така има видео и со негово обраќање) и други. Има и бројни достапни емпириски истражувања, докази кои несомнено потврдуваат дека ова не е толку опасен вирус како што ни го претставуваат.

П .С .ова е директно вклучување во живо од најголемата лабораторија Северџанистан, за да научно Ви ја елаборирам Теоријата која за Вас е заговор!

ПРОДОЛЖУВА……

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment