Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 4 ДЕЛ

Social Engineering News, Articles, Stories & Trends for Today

 ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ – ИН ВИВО 4 ДЕЛ (датум 21.4.2020)

  • Со овој вирус луѓето психоемотивно се заплашуваат. Бомбардирани сме од „смртоносниот Корона вирус“ од сите страни, само за тоа се говори. Всушност „Корона вирусот“ е производство на ноцебите (негативно верување и очекување тоа да предизвика штета, односно негативен ефект во организмот), а тоа е антимедицина.
  • Со „Корона вирусот“ се спроведува колективно симбиотичко лудило, кое е најопасно. Поопасно од било која биолошка болест (стравот). Злоупотребувајќи ја вашата паника и страв тие спроведуваат психо – социјален инженеринг. Како? Па покрај тоа што преку социјалните мрежи прво ви испраќаа петиции за евтина струја, па за поригорозен полициски час, слики да постирате од детството, па селфи слики што правите во моментот, отидоа до таму што објавија број и ве наведуваат да ги пријавувате комшиите кои ги прекршуваат мерките, иселениците кои не се во изолација, итн. Ова е идентично со далечната 1941 година кога љубоморните ги пријавуваа комшиите, дечкото/девојката на ГЕСТАПО. Не ни биле свесни дека ги испраќаат во концентрационен логор – смрт. Денес од лукративни причини, демек се работи за здравје, живот, ако некого пријавиш ќе се спасиш себеси. Многу фашизоидно се поттикнува денунцијанството и конформизмот.
  • Ние сме им како кучињата на Иван Петрович Павлов, на кој ги спроведувал експериментите врз основа на кои го разработил познатиот Павлов рефлекс. Тој констатирал дека сите стекнати навики, дури и повисоките ментални активности на човекот зависат од условните рефлекси. Односно, зоната на несвесното – рефлексната зона кај човекот подложна е на манипулации. Тоа е облик на манипулација при која поединецот или маса на луѓе кои се мета, почнуваат да се сомневаат во своето помнење и забележување, при што се исклучува нивната перцепција на стварноста. Тоа во психологијата се нарекува излудување.
  • Таа техника ја применуваат насилниците, диктатори, нарциси и предводници на разни секти. Процесот тече така што малкумина можат да забележат дека се изманипулирани. Манипулаторот ги лаже жртвите во што е многу уверлив и на тој начин се оправдува себе си за сите наредни потфати кои ќе ги преземе. Колку подолго трае процесот, се руши човечкиот идентитет, што доведува до состојба на изгубеност, неодреденост и неизвесност, всушност тоа е и целта. Трпејќи ги ваквите обрасци на однесување, човекот забрзано троши поголема количина на енергија.
  • Многу важна карактеристика во излудувањето е големата нескладност помеѓу зборовите и делата. Најчесто тоа што манипулаторот ќе го изговори е небитно, проблемот е во тоа што го прави. Тие најчесто користат пофалби за да ги збунат жртвите, да констатираат дека тие и не се така лоши, ами напротив сѐ што прават е за нивно добро. На овој начин тие ја кријат вистина од жртвите, ја откриваат лагата. Tие знаат дека луѓето сакаат да се чувствуваат стабилни-сигурни, но и дека збунетоста го ослабува човекот. Нивна цел е да пронаоѓаат луѓе кои во нив гледаат сигурност.
  • Психолошките насилници ги тренираат своите сопствени особини на луѓето околу себе. Ако се склони кон мамење и зависност, еднакво се склони невина личност да ја обвинат за такво нешто. Штом жртвата ќе почне да се брани и оправдува, целта е постигната. Оваа појава е многу честа. Жртвата ментално се оддалечува од фактите, па насилник е оној кој така се однесува. Вистината повторно се потиснува во свеста на жртвата. Чекор по чекор, лагите се тркалаат, а концептот е цело време ист. Само што се појавува во малку поинакво издание, што за луѓето кои не се запознаени со овие сознанија може да биде збунувачко во пракса. Заради напреднатата и дисторзирана перцепција на стварноста, станува тешко или невозможно да се види вистината и да се спознае истиот образец на однесување кој циклусно се повторува.
  • Излудувачите не само дека се способни да ја направат личноста средство преку кое ќе го зголемат своето чувство на надмоќ, подготвени се и вешти во тоа жртвата да ја уверат во тоа дека и други на неа блиски луѓе се против неа со што ги уриваат темелите на личната самопочит на жртвата. Можат да кажат на личноста дека нивните пријатели исто така мислат дека не е во право или дека е бескорисна, а тоа секако не мора да биде вистинито, најчесто, во вакви случаи и не е.
  • Исто така, во тој состав на рециклирање на лагите, жртвите се чувствуваат толку немоќни, па повеќе не знаат кому да се обратат ниту кому да му веруваат и токму затоа секогаш на крај му се враќаат на лажливецот кој со таквото сценарио по којзнае кој пат повторно ја однел победата, бидејќи изолирајќи ја жртвата добива уште поголема слобода и контрола. Во излудувањето многу популарно е уверувањето на жртвата во тврдењето дека е луда и тоа не само неа туку и другите нејзини блиски лица. Мајсторот на оваа манипулативна техника знае дека луѓето нема да веруваат на тврдењето на жртвата дека не е проблемот во него туку во насилниот лажливец, затоа што во прашање се доведува менталната стабилност на жртвата.
  • Освен уверувањето на жртвата дека е лажливец, манипулаторите за лажливци ја прогласуваат и фамилијата на жртвата, па дури и медиумите. Повторно доаѓаме до точка кога жртвата повторно ја преиспитува својата реалност. Фактите дека жртвата никогаш немала прилика да присуствува на некое така храбро и смело навредување, не смее никого да увери дека таквите изјави не се вистинити. Луѓето им се обраќаат на излудувачите со очекување дека од нив ќе добијат веродостојни информации, но тоа никогаш не се случува. Колку повеќе луѓето се свесни за карактеристиките на било какви манипулативни методи, побргу ќе ги препознаат во реалноста и ќе имаат поголеми шанси да ги избегнат. Во контекст на манипулациите важно е да се спомене дека манипулаторите и жртвите всушност се два поларитета. Тие се конструкции на крајноста кои не се корисни. И манипулаторите и жртвите се обидуваат своите внатрешни недостатоци и незадоволство да го надополнат со надворешни влијанија. Според тоа, кога личноста ќе препознае дека некој со неа манипулира, треба исто така да препознае дека таа самата тоа го дозволила. (Ова во кратки црти се вика операција на перење на умот „мајнд контрол“).
  • Од тука барам моментално тргање на корона сценографијата од ТВ екраните. Он-лајн титлување на инфицирани, заболени и починати. Манипулирањето со паниката и стравот на луѓето ќе нанесе многу повеќе штета одколку самиот вирус. Пуштање низ етерот таква хистерија која вреска од сите страни е заразна. Тоа парадирање со маски и ракавици на ТВ екрани има за цел да поттикне масовно применување. Цело време се сведува човекот, личноста на најниско можно ниво. Што ќе каже дека човекот (ние) во моментов сме замена за кучето на кое Иван Петрович Павлов ги вршел своите експерименти. Односно ние се тренираме со „Павловиот рефлекс“.
  • Затоа, за да не бидете жртви издигнете се на едно повисоко ниво на когниција (способност да примаме и обработуваме податоци кои ги добиваме од различни извори- перцепција, искуства, уверувања итн. и да ги претвориме во знаење. Таа вклучува различни когнитивни процеси, како што се учење, внимание, меморија, јазик, заклучување и донесување одлуки, кои претставуваат дел од нашиот интелектуален развој) и победете го стравот. Рамислувајте со својот ум, со ладна глава, тргнувајќи од Аристотеловата логика, барајте докази, емпириски поткрепувања, читајте студии и што струката кажува, а не шарлатаните. Не ги слушајте мејнстрим медиумите кои манипулираат со вас. Секоја Власт се плаши од слободоумните-правдољубивите научници, лекари, писатели итн. Стравот е вродена емоција, таа постои во нашата фитогенеза. Стравот е потребен, тој е заштитниот одбранбен механизам на човекот (здрава параноја). Тој ни помага да избегнеме некоја опасност која ни прети. Но, човекот како умно, креативно и слободно суштество треба да ја развива и својата десна хемисфера, т.е. интуицијата. Мора да верува и на својата интуиција.
  • Но кога со стравот се манипулира и се шири во социјалната сфера, тогаш тој станува многу поопасен, тоа е ирационален страв. Најхрабри луѓе се оние кои кога ќе почувствуваат страв, знаат да се изборат со него. Само лудаците и психопатите не се плашат од ништо. Храброста е победата над ирационалниот страв, а не немањето страв. Сите луѓе имаа страв и истиот треба да го држиме во граница на нормалното. Да не дозволиме некој со масата да манипулира, а најподложен на манипулација е поединецот. Во конкретниот случај кај нас Ковид-19 има психолошки ефект, се шири паника од вирусот. Ширењето на паника – психоза води до параноиден страв кој може да ве уништи. А тој параноиден страв може да доведе до параноидна шизофренија, која е многу опасна болест. Луѓето кои се под перманентна акутна психоза можат самите себе да се уништат и без вирусот. Некој кој постојано се плаши и постојано е анксиозен може да развие многу болести како чир, дијабет, инфаркт на срцето и мозокот итн.
  • Бидете храбри и позитивни, слушајте ги докторите кои не манипулираат со ситуацијата. Другите додатно уште повеќе го разгоруваат стравот, па лицитираат со бројки колку ќе сме имале заболени и починати. Уште кога започна шоуво на самиот почеток кажаа колку жртви ќе сме имале на крај. Не дозволувајте да си играат со вас, со вашето здравје, со вашата иднина.
  • Проектот Ковид-19 се покажа како грешка, заблуда, претстава, како сакате кажете. Згрешија (намерно или ненамерно), но грешките најдобро е веднаш да се признаат и исправат. Така прават хероите. Тоа не е лесно, не заради двојбата дали тоа треба да го направат или не, туку заради егото. Ако продолжиме со овие ригорозни мерки, ќе бидеме прваци заедно со соседна Србија, според индексот за строгост на спроведените мерки во однос на бројот на заразени (според истражувањето во Оксфорд). Тогаш да се освестиме дека со нашата земја во овој момент управува човечкото его. Управува монструм. Егото е лага, проекција како сме најдобри, најмоќни и најпаметни. Па како е можно Власта да не е во право со сѐ!? Отстапувањето од замисленото за егото е смрт! Или нивното его или сите ние останати.

 

П.С. Ова е директно вклучување во живо од најголемата лабораторија Северџанистан, за да научно Ви ја елаборирам Теоријата која за Вас е заговор!

ПРОДОЛЖУВА……

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment