Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ : ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 1 ДЕЛ

Social engineering Social media Personality Psychologist ...

 

ПСИХО-СОЦИЈАЛЕН ИНЖЕНЕРИНГ ИН ВИВО 1 ДЕЛ

(датум 17.4.2020)

  • Како се спроведува? Со помош на методот кој се нарекува „проблем – реакција -решение“. Потребно е да се создаде проблем или илузија за постоење на проблем за да јавноста реагира на него („смртоносен вирус“). Потоа следува реакција на населението (страв, паника) и на крај ни се нуди решение (самоизолцација, карантин, вакцина, „нова нормалност“).
  • Во конкретниот случај проблем е вирусот. Луѓето сметаат дека животот и здравјето им се загрозени и го активираат нагонот за преживување. Со самото тоа доброволно се откажуваат од своите права и слободи, сѐ би сториле само за да преживеат. Одат до таму што доброволно бараат построги мерки,односно самите бараат да бидат поробени.
  • Апропо на ова од таму и лицитирањето со двонеделен карантин, па некои со лицитирањето отидоа дотаму што бараат и цел месец. Ајде до некаде и ќе ве разберам ако проблемот е толку голем, а не конструиран .Вирусов за вас беше мамец, загризавте на него како клен. Зошто загризавте? Бидејќи не е понудено решение, барем засега. А решението е задолжителна вакцинација на 7,7 милијарди луѓе во светот. Затоа карантинов им оди во прилог, како велат постепено ќе биде ослободувањето. Не може одеднаш секаде и сите. Зошто? За да нема противници против вакцинирањето. Некој и да се спротивстави вие ќе го вперите прстот во него, дека тој е опасен за вашето здравје. И за таквите ќе барате најстроги санкции.
  • За да ви го опипаат пулсот ви спроведоа игра да постирате слики од детството, па селфи правите во моментот. За да добијат претстава дали и како ги прифаќате новите мерки т.е. дали се адаптирате на промените. И да не биде сѐ толку апла провидно, направија и една петиција за евтина струја,за општо добро нели, за да поверувате во нивната грижа за вас.
  • Во финишов ве замолија да ја инсталирате апликацијата за спас од вирусот. Секогаш кога некоја новина ви ја елаборираат како на мало дете со милозвучен тон, знајте дека тогаш нешто мириса. Тие наводно сакаат да ве спасат и тоа е за ваше добро. Кога живеете во Орвеловска држава јазикот со кој Власта се обраќа на населението е Орвеловски. За да ја разберете суштината на пораката истата треба да ја читате наопаку.
  • Суштината на оваа порака е пресликано бихејвиористичко учење,кое се појавува далечната 1904 година во Центарот за Унапредување на Студиите на Бихејвористички Науки, а еден од нејзините идејни творци е Иван Петрович Павлов (Павлов рефлекс) -Ова учење им се допаднало на глобалистите и ги пресликале неговите главните постулати. Од него добиле научна поткованост за да биде масовно прифатен во светот.
  • Зошто им се допаднал на глобалистите? Бидејќи сметаат дека постои еден дел на човечките особини кои сите ги имаме и тие се вродени. Генетскиот код нѐ дефинира, да, меѓутоа главна теза кај нив е дека повеќето од нашите особини се стекнати во животот. И најважната теза која вели: „Сѐ што сте научиле или ве научиле,може да ве одучат“. Е ова е замката, токму тоа сега сега го применуваат на вас! Тие сфатиле дека со помош на науката можат да ги научат луѓето на нешто, а тие кои се научени можат и да ги одучат. И така добиле научна подлога за тоа да го спроведуваат. Сѐ што тогаш им требало било само Бихејвиористите да ги воздигнат на највисоко ниво, за да бидат секаде присутни и прифатени.
  • Значи знаевте што е слобода, Сега се трудат со карантинов да ве одучат. Знаевте што се и кои се вашите права, Сега ве одучуваат од нив со полицискиот час. Со апликацијата мерат колку сте спремни да ги прифатите новите промени, кои нели се за ваше добро. Со самото инсталирање на апликацијата вие сте согласни да се вакцинирате против т.н. Ковид-19. Од децата имаат податоци во вакциналните картони, сега им требаат вашите. И да сакате да се сокриете и побегнете нема да можете. Зошто нема патување по копнен или воздушен пат без сертификат за примена вакцина. А ако им се појавите без доказ, ќе ве притворат и присилно ќе ви ја стават.
  • Така што престанете со лицитирање на најстроги мерки, откажете послушност, не реагирајте на нивните замки по социјалните мрежи! Кога ќе ги игнорирате и вие, сите ќе се ослободиме! Кога еднаш ќе се откажете од слободите и правата, тешко дека некогаш ќе ги повратите назад во иста мерка!

 

П.С. Ова е директно вклучување во живо од најголемата лабораторија Северџанистан, за да научно ви ја елаборирам Теоријата која за вас е заговор!

Продолжува…

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment