Колумни

Атина Белески : Човекот како најразвиено суштество, моментално живее во зенитот на сопствената мизерија.

Фотографија на Македонскиот ЈАЗОЛ.

MASQUERADE – Живееме во епоха во која несомнено свој процут, свој дострел доживеаа вредности, кои одамна се сметаа за отпад на секое општество. Цивилизацијата беше согласна околу многу нешта, прашање е кој прв почна, кој дојде и ни се замеша во штипките?

Несомнемо ова е време на општествена, морална, етичка, правна, духовна и какве се не ерозија. Човекот како најразвиено суштество, моментално живее во зенитот на сопствената мизерија.
Време на хипокризија!
Периодов со наша согласност или без неа, статисти и учесници сме на најголемото реално шоу. Далеку од тоа дека болест нема, но болеста се искористи за нешта кои не доликуваат на една развиена светска цивилизација, и нам како свесни и образувани суштества.

Во недостиг на модни ревии, на модни недели, болеста се искористи како тренд, како нешто многу модерно. Настрана маските во сите бои, дезени, украси и перформанси што ги нудат. Одеднаш стана модерно, кој како добил позитивен наод на тестот, јавно преку ТВ каналите или на социјалните мрежи, како високо свесна и морална личност да изјавува “јас сум позитивен, ќе се изолирам, ги почитував мерките, ги поздравувам пријателите, чувајте се….” Колку такви јавни фаци продефилираа периодов, пејачи, политичари, старлети….дури и деца кои учествувале на талент шоу програми во соседството? Прашање е дали некаква кариера направиле и некој се сеќава на нив, почнаа по портали да се појавуваат, позитивни биле….? Пред изборите Мухамед Зекири со жена му беа хоспитализирани, како и Антонио Милошоски, брачниот пар во сериозна состојба, додека другиот лик само со благо покачена температура. Што се промени во меѓувреме во медицинската пракса, во медицината базирана на докази, па лица со температура да се хоспитализираат?

Сите оздравеа, но никој не кажа со што, нели лек нема, вакцина нема? Тие што се позитивни, за кратко се негативни итн. Некои и по неколку пати се заразија и оздравеа, како на пример актуелниов министер за полиција. Реално, хроничните болни се на најголем удар, се разболуваат и умираат, луѓе умираат, а од друга страна некој си игра играчки со нас.
Пари ви даваат за во јавност да се пријавувате дека сте позитивни, да кажувате колку било опасно, како сте се спасиле за влакно, а дури го давате интервјуто да не носите маска? Од кога тоа да си болен со фанфари се разгласува, од кога тоа да си болен е во мода? Ние од некоја пештера дојдовме па сега учиме да миеме раце, дека кога си болен ниту одиш некаде, ниту примаш гости? Па тоа го знаевме и го практикувавме сите. Зошто беше потребен овој идиотизам и кој го смисли? Очигледно некој со многу тешка патологија. Многумина ќе речат, ама тие се само свесни граѓани, и со тоа сакаат да им помогнат и на тие што биле во контакт со нив, но и на другите.

Во ред, ако се толку освестени и морални, ајде од утре кој како од овие општествено-политички јавни фаци ќе се заразат со сифилис, гонореја, хепатит Б, хепатит Ц, трипер, ХИВ јавно да излезат и да кажат: ги известувам моите блиски болен сум од таа и таа болест, ја известувам девојката и другите резервни девојки (дечкото и другите резервни дечковци), сопругата (сопругот) и швалерката (швалерот), дека јас многу ги сакам, но се разболев, ги почитував сите мерки за претпазливост, ќе ме нема некое време, чувајте се.

Или јас, тој и тој (таа и таа), ги известувам сите блиски и сите кои ги познавам после долго лутање станав свесен (свесна) што всушност сум јас, дознав дека сакам истополови лица, односно сеуште лутам сакам се што оди на две нозе. Или се извинувам на сопругата (сопругот) и на децата, не можам да живеам во лага. Или се извинувам на партнерот (партнерка). ⚠️Тогаш ќе ви симнам капа, затоа ДОСТА со морализирање и продавање лаги, ДОСТА!
И ова другото е болест, и тоа многу сериозна, кога имате хепатит Б исто така гордо да му кажете на забарот кога одите кај него, неговиот живот ќе ги спасите, но и на некоја недолжна душичка после вас. Или тогаш, како јазикот да сте го голтнале?

Тоа што имаме по десет девојки и дечковци, или покрај брачниот партнер уште неколку резевни не е опасно?
Или кога сте бисексуалци, па оние од спротивниот пол не само што ги заведувате, туку и стапувате во брак со нив, и тоа е опасно!
И тоа што имате швалери и швалерки кои деца можат да ви бидат, и тоа е опасно.
Или се што не е забрането, е дозволено?
Маскирајте се колку сакате, но кога-тогаш маските ќе паднат!

Претставава, вечно нема да трае!
Кога за еден од двајцата лидери на двете големи политички партии ќе кажат дека е не само позитивен на Ковид, туку сериозно болен, ќе заврши шоуто.
Дотогаш гледајте го скапо платениов циркус, овој циркус сите го плаќаме, од наши пари и даноци е! Премногу иронично, но чувајте се и фузички и психички!
Кога е бал, нека е МАСКЕНБАЛ!

Атина Белески

Loading...

Related posts

Leave a Comment