Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: ШАМПИОНИ ИЛИ ШАМПИЊОНИ?! -ВТОР ДЕЛ

Овој инженеринг кој пред очи ни се инсталира, има една цел, од темел да го измени општество во кое досега живеевме сите, вклучително и на светот како целина, односно нашата перцепција и поимање на тоа како и во кој правец треба да се развива и одвива животот во иднина.

Први на удар се традиоционалните вредности, кои се белегот на секој народ, на секоја култира, по кој се всушно препознатливи и се разликуваат од сите останати. Интенцијата е, сите да бидеме сомелени во интерес на општото глобално добро, на светот како едно глобално село, во кое сите ќе бидеме унисекс – обезличени, до себе непрепознавање. И сетоа ова е возможно, со помош на општествените науки, кои од секогаш биле злоупотребувани за интересите на одредени многу моќни групи, уште од времето кога волшебно се појави бихејвиоризмот како правец во психологијата.

Денес на удар најповеќе се изложени, социологијата и антропологијата како општествени науки, преку одредени инстант науки и факултетски групи како на пример родови и семејни студии, кои пак се еден вид квази конкуренција на филозофијата, социологијата, антропологијата, психологијата и на студиите по социјална работа и политика. Односно станува збор за феминистичката антропологија како интердисциплинарен пристап кон проучување на антропологијата (археолошки, биолошки, културен, лингвистички), чија цел е трансформација на постојните истражувања, социјални практики, како и развој на научни знаења, земајќи ја во предвид феминистичката теорија.

Во моментов, феминистичката антропологија ја надмина антропологијата на родот, за да се вклучи и проучувањето на женското тело под влијание на културни, медицински, економски и други влијанија. Денес феминистичката антропологија е место каде се поврзуваат културните студии, историјата, литература, етнички студии, социологија, етнологија, филозофија итн. За да ја истакнат нивната победа над биологијата, феминистките ги нарекуваат своите студии не само „женски“ (антропологија на жената) – име кое е јасно сексистички по својата пристрасност – туку „родови студии“, односно антропологија на родот и полот. Во суштина, антропологија многу долго време е под силно влијание на феминизмот. Влијанијата им се меѓусебни. Феминизмот исто така навлезе и во етнологијата, наука која ги проучува народните обичаи, а тоа е така бидејќи жените доминираат меѓу етнолозите.

Кај нас во Р. Македонија се подготви теренот за овој инженеринг кој сега ни се спроведува, преку инфилтрирање на социологија како наука во основните училишта уште во далечната 2005 година, преку нејзино сведување на т.н. граѓанско образование, најпрво во петто одделение, а потоа заради деветолетката истото се помести во шесто одделение. Иако реално гледано, социологија до ден денес е поприлично туѓа, апстракна и не разбрана наука за многу средношколци, сепак некои многу умни глави од МОН, БРО и институтот за социологија при Филозовскиот факултет во Скопје, оцениле дека она што генерации средношколци не го разбираат, децата во основните училишта и тоа како ќе го разберат(!). Социологијата т.е граѓанското образование е основата преку која може да се инфилтрира, заживее и да се реализира новата образовна Концепција за родово сензитивното и сеопфатно сексуалното образование. Бидејќи родот нели се дефинира како општесвен конструкт, кој се менува зависно од нивото на воспитанието и културните пренесувања на општеството како заедница (традиција, обичаи, навики итн), свесни сме дека со сите сили се трудат да не сведат на ниво на заедница на граѓани – граѓанско општество, па од таму и потребата за научна поткрепа преку граѓанското образование, наука за (човекот) граѓанинот на иднината, за да преку инклузивноста на наставата продрат и во пониските одделенија. Секогаш науките се злоупотребуваат, за да на идеите им се даде потребната научна тежина!

Ако тргнема од тоа дека целата историја на човештвото, се темели на потенцијалот на поединецот. Целиот напредокот го носи индивидуалниот печат, преку јакнењето и развивањето на идвидуалниот дух, духот на поединецот (пр: Никола Тесла, брачниот пар Кири, плејада на сликари, поети, режисери, револуционери, научници, иноватори итн). Конпетицијата – натпреварот на идеите, всушност е и смислата на човековото постоење. Но денес во 21 век, човештвото се издигнало на тоа ниво на развој, кога мозокот – моторот и двигателот на се’ треба да го заклучиме, да му дадеме заслужен одмор (!). А тоа значи, дека човештвото решило да закочи, да подигне рачна и да се врати милениуми назад, кога основна смисла на животот било задоволување на основните физиолошки и билошки потреби.

Денес нема потреба човекот како најсовршено суштество да мисли и размислува, туку единствено што треба да направи е да се потруди телесно да се ослободи. Зошто основа за напредување во животот во иднина ќе биде степенот на телесната автономија, колку повеќе личноста е телесно ослободена – толку подобро за неа. Оние кои ќе одбијат послушност, трудејќи се и понатаму да мислат и размислуваат тие ќе бидат дисквалификувани, по добро познатиот стар востановен принцип, се’ што е надпросечно треба да се скрши и маргинализира, за просечните и продпросечните да можат да раководат со овие првите.

Но вака, како што се одвиваат работите, автоматски се поткопуваат темелите и на семејството – бракот како заедница, преку нели „мажот“ и „жената“ по пол како непријатели, кои сега антагонизмот треба да го решат преку „мажот“ и „жената“ по род (!). Зошто ако смислата на животот во иднина е степенот на телесна автономија – слобода, со флуктуација на родот и полот како категории, тогаш ќе се изгуби смислата за стапување во љубовна врска, „мажот“ и „жената“ по пол пополека ќе ја губат потребата да стапуваат во интимни односи, кога нели задоволството е на сите страни, само треба да бидеш доволно љубопитен за да нешто посакаш и испробаш. Од таму и брачната заедница која се темели на биолошката репродукција пополека ќе се изгуби, а со неа ќе исчезне и потребата од проширување на семејството, бидејќи тоа носи убавини од една страна, но од друга страна бара несебична љубов, време и внимание.

Интенцијата е човекот на иднината, да се претвори во сурово себично суштество, кое за ништо на светот не би сакал да си го наруши, но и да се откаже од сопствениот мир, слобода, луксуз и комодитет. Оние кои ќе изберат да одат спротивно на ветрот и на водата, ќе се сведат на фабрики за производство на (суровини) деца – луѓе. Родителот како улога исто така ќе се сведе на општествен конструкт, биолошкиот родителот веќе се сведува на послушник, кој треба да спроведува тоа што државата, воспитувачот, наставникот, професорот и редица други го бараат од него, финансиски да инвестира во развој на чедото свое, не прашувајќи се за ништо, без да има право за било што да одлучува, тој треба само да ги реализира наредбите. Неговите права како родител, како старател на детето до полнолетство веќе губат на тежина, интенцијата е и да се изгубат потполно. Доколку избере да се размножува (му биде дозволено!), детето што го создал ќе треба да и’ го поклони на државата, таа да го меси и обликува, помогајќи му на детето, телесно да се осознае и ослободи.

Родителите уште сега на самиот почеток на „новово нормално“ се замолчуваат, се шиканираат, се маргинализираат, доколку се спротивстават на наративот кој треба да се одомаќини, сведувајќи ги на некоја не едуцирана, проста и забегана категорија на луѓе. Зошто од сите страни има масовна хајка и сатанизација, насочена кон родителите кои даваат отпор на овој налудничав инженеринг, сакајќи да ги заштитат своите чеда, а не некому правата да му ги ускратат. Но од другата страна, борците за своите права и слободи, и за свое место под сонцето, до тој степен се окуражени, што секој кој јавно ќе каже дека е против реформата се доживува како непријател. Притоа заборавајќи, дека во таа категорија на прости родители има и високо образовани лица – научници, од разни области, кои се високо етаблирани во општеството.

Одат до таму што како да не беа доволни факт чекерите, проверувачите на факти на фејсбук, сега се појавува нова категорија – хетерофобични чекери, кои ги следат и анализираат комуникациите, па се што не им е по ќеиф се пријавува кај заштитничките на обесправените, а тоа се најчесто Ирена Цветковиќ од невладината „Маргини“ и Катерина Колозова како една од првите професорки по родови студиите во Р. Македонија. За да тие како поискусни и стручни, влезат во дирекна расправа и да се соочат со овие старомодни поединци. Ставајќи им до знаење дека тие нема право на мислење, на свој став, свој светоглед (!). Едноставно треба да се помират со фактот, дека ова е време на ЛГБТ заедницата, и да не таласаат многу. Врв на лудилото е пријавување на овие прости и назадни поединци, кај нивните работодавачи, со објаснување дека тие чуствуваат потреба да ги информираат, бидејќи во нивната фирма имаат вработено хомофоби(!) Најчесто делувајќи преку лажни профили, кои после пријавувањето волшебно исчезнуваат. И така, од состојба на хомофобија, преќутно преку ноќ се најдовме во состојба на хетерофобија.

Борците за слободи и права се борат на тој начин што не дозволуваат другите да ги бранат своите права, ним правата никој нема намера да им ги ускрати. Но ако нивните права, подразбираат ускратување или оспорување на правата на многу категории на граѓани, кои во дадениот момент се чувствуваат обесправено, воопшто да не се чудат на револтон кај родителите, тие и тоа како имаат право да го одбранат она што според Устав и закон им следувa, не само ним, туку и на нивните чеда. Налудничави се апелите на френетичните врескачи, дека родителите не смее да се дозволи за нешто да се прашуваат и да одлучуваат, тие воопшто не биле компетентни(!). Ова ниту ќе го помисли, ниту пак ќе го изговори, образувана и високо едуцирана личност, експерт за родови и семејни права(!). Не e’ нормално да се бара и притиска другата страна да се замолчи, преку нејзина сатанизација, за да инженерингот глатко се спроведе(!). Ваквите операции имплицираат на едни други облици на владеење – тоталитарни, автократски, аномични, со изразени фашистички примеси, кои веќе инклинираат кон нацизам.

Секој може да избере како ќе се однесува, како ќе се чувствува, но ако се очекува дека неговото однесување сите со воодушевување треба да го прифатат, а притоа нивните чеда да бидат индокртинирани за да може тој да биде телесно автономен, нудејќи им ја на дечињата на тацна целата убаво спакувана обланда, тогаш тој е во голема заблуда, и тој и тие кои го поддржуваат – кои се креатори на ова лудило, дека родителите нема да изреагираат (!).

Крајот на секоја империја е таков, и Западното римско царство на крајот се давеше во блуд и развратништво, не свесни дека крајот им е паркиран пред врата. Бахиналиите и перверзиите се чуваат за самиот крај, војареизмот тогаш се издига на пиедесталот високо како култ на божество, кое сите треба да го обожуваат. Потврда на ова е неодамнешниот натпревар за најдобра песна на Европа -Евросог, кој ја претставува „визијата“ на Европа. Пораката која настанот ни ја упати, воопшто не е добра! Сите сме свесни дека европската – западната култура е на својот залез, и дека ваквите глобални настани се предвесници на светскиот глобализам, а воедно и на ритуалните перформанси чија цел е метафизичко поврзување на сегашноста со посакуваната временска линија во иднината. Евросонг е ЛГБТ пропагатор, кој за цел има промовирање на култура својствена за таа заедница и групација, и уништување на традиционалната. Излишно е да се говори за геј изведувачите и нивното лоби на вакви настани, бидејќи тоа е’ и еден од критериумите за избор на натпреварувачи и избор на победник. Но, се забележува силното влијание и на феминистичкото, мигрантското, трансхуманистичкото и наркоманското лоби (победникот од Италија се дрогираше со кокани среде ТВ кадар, а Украинката пееше за марихуана). Целиот настан беше испратен со силна масонска и мистериозна сатанистичка симболика. Геј црномурестиот Холанѓанин пееше за „новата ера“. Пеколот и демонските суштества провејуваа во повеќето нумери. Кипар со песната за ѓаволот и љубовта кон него, Сан Марино со нумерата „Адреналин“ со фениксот – светлоносец како дизајнерско решение, Грција со превртениот триаголник во виолетова боја – боја која се користи во МК ултра програмирањето на свеста, Молдавија со сатурновата коцка – Сатур како симбол на злото, а коцката како симбол на матриксот – затворот на земјата, и уште многу мажи во фустани, дури и андроид – луѓе машини.

На Европа и нејзините вредности им нема спас, таа е стара блудница, проститутка пред умирање. Ние треба како никогаш до сега да се вратиме назад кон сопствените корени, да ги негуваме нашата историјата, култура, традиционалните вредности, обичаи итн, за да може да го пребродиме бремето кое следи, за да може да опстоиме како народ, нација и држава, како ентитет со свои посебни вредности и обележја кои не издвојуваат од останатите. Бидејќи некои процеси кои земаат замав, не ни’ ветуваат добра сегашност и иднина, покрај глобалниве трендови со кој од корен се менува животот. Ние како држава посебно се наоѓаме на многу силен удар од сите страни, преку не признавање на нашиот идентитет јазикот, историјата, името на државата итн. Со децении изложени сме на перманентна асимилација – културна, етничка, верска, од поодамна и на финансиска. Се доведовме до таму, да се срамиме од нашата традиција и обичаи, те биле пагански, биле прости, не биле убави итн, поубаво и подобро било туѓото – туѓите празници, туѓите обичаји (посебно модниот тренд со празниците Валентајн, Хелоувин, и девојачките вечери и деверушите на свадбите), потоа преоѓањето во друга вера од финансиски побуди, па и изјаснувањето како припадник на друга етничка заедница за полесно вработување.

Најизразен е процесот на асимилацијата кое го врши здружението на бугарите во Кочани „Единство“ (составено од студенти Македонци кои отишле на студии во Бугарија, каде што ги преобратиле и сега истите се декларираат за Бугари). Од 500 Македонски студенти во Бугарија, 300 веќе се членови на Здружението. Мнозинството членови се од кочанскиот, штипскиот и беровскиот крај. Здружението многу активно делува на теренот, редовно е снабдувано со бугарска литература неколку пати неделно, (претежно книги посветени на бугарската историја), се’ со цел што повеќе Македонци да се поттикнат да се изјаснат за Бугари. Намерата им е бројката на Македонски студенти на студии во Бугарија од 500 да се зголеми на 2 – 3.000. Моментално работат на печатење на книгата посветена на Владо Черноземски, и нејзино промовирање на некоја радио станица, но и отворање на канцеларија во Скопје. Сево ова се случува во исто време, кога бугарскиот Великотрновски Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ доби акредитација за високо образовна дејност, на кој наставата ќе се одвива исклучиво на бугарски јазик, само делумно на македонски јазик (!). Само ние за жал се откажавме од своите малцинства во соседните држави, па не може ниту на сон да сониме наши факултети таму да отвориме, и нашинците да се образуваат на мајчиниот јазик. Црвот на раздорот одамна рие меѓу нас, дали ќе изнајдеме сили да го поразиме, или тој нас ќе не изеде од внатре, крајот ќе покаже?!

Не можам да се воздржам, а да не им се обратам на професорите мои од институтот за социологија при Филозофскиот факултет во Скопје, зарем сеуште мирно спиете, како да сте потонати во длабок зимски сон?! Година и половина ниту трага, ниту глас од социолозите кои за цело време на студии, кукаа и се жалеа дека социологија е на многу ниско ниво во Р. Македонија, дека не и се дава (од непознати причини) местото кое и следува во општеството. Учејќи не дека турбулентните општества, општествата во транзиција се погодна почва за нас социолозите, оти само тогаш и во такви услови се прават социолошки истражувања, а во помирните периоди се сондираат резултатите од истите. Ние како општество од транзиција не сме излезени еве веќе 30 години, само вас ниту тогаш на почетокот, ниту сега никаде ве нема. Јас воопшто немам проблем со никој од моите професори, тоа што го мислам и чувствувам го кажувам в лице, критиката воопшто не е од лична природа, туку се однесува исклучиво на нив како научници – социолози. Со вакви социолози – безрбетници, потонати во зимски сон година и половина, да не ги спомнуват децениите наназад, социологијата не’ ни може ниту да напредува, ниту да биде уважена и високо етаблирана во општеството. Со други зборови во Македонија за жал нема ниту „С“ од социологија и социолози!

Доволно беше, си здосадивме веќе едни на други од кукање, (може да кукаат некои други, кои не го знаат тоа кое Вие и ние студентите го знаеме), од тоа дека се’ некој друг ни е виновен, заборавајќи дека се’ тргнува од нас самите. Прашањето е – што Вие направивте, за да социологијата биде респектирана?! НИШТО, едно големо НИШТО. Токму тоа е и главната причина за состојбата во која ни се наоѓа државата, слепото верување во авторитети не донесе до ова дереџе! Освен што сте изградиле кариера благодарение на социологијата како науката, но и благодарение на општеството во поширок контекст, кое ви дало можност и инвестирало во вас, Вие социологијата ја сведовте на ниво на гранапче, претворајќи се во бизнисмени – трговци, тргувајќи со науката – злоупотребувајќи ја за своја лична корист.

Разбудете се, зимата одамна си замина, еве и пролетта ги одбројува своите денови, на прагот на летото сме (!). Можете ли мирно да спиете, уживајќи во пензионерските денови, или сокриени во кабинетите додека студентите ваши година и половина ги черечат, нарекувајќи ги „теоретичари на заговори“, препорачувајќи им да почнат да ја читаат литературата на Сен Конан Артур Дојл, авторот на детективските приказни за Шерлок Холмс? Ако студентите ваши се „теоретичари на заговори“, тогаш Вие сте нивните гуру мајстори (!). Не знам дали сте свесни за мигот во кој живееме и реперкусиите од него, се наоѓаме во ситуација кога пациентот е колабриран, може да се спаси, но нема и не може да се најде лекар, сите лекари токму сега одлучиле да заминат на одмор(!). Очите и прстите се вперени во вас, сите ве бараат под дрво и камен, прашувајќи се каде сте, дали сте добро, и најважно што се случува со вас побогу (!). Молчењето ваше веќе иритира! Наместо рамо до рамо, да ги поддржите студентите кои се охрабриле гласно да говорат, Вие истите ги пуштате низ вода за да не изгубите ништо, чувајќи ја сопствената фотелја и титула. Токму така, Вие имате што да изгубите (не знам дали сте свесни дека веќе поприлично изгубивте и од тоа малку што го имавте), студентите ваши немаат што да изгубат, бидејќи доволно изгубија (време, финансии) студирајќи нешто чија диплома е рамна на тоалетна хартија. Сега им останаа само децата, најскапото и највредното за кои ќе се борат до последен здив. Пред да биде доцна, ве повикувам сите до еден да се охрабрите за да конечно да се слушне гласот на науката, во конкретниот случај посебно ги повикувам пензионираниот проф. д-р Ѓорѓе Младеновски како професор по предметот социјална антропологија и неговата заменичка проф. д-р Антонела Петковска, професор по предметите социјална антропологија и социологија на културата. Родот е ваша специјалност, почитувани! Понатаму, пензионираниот проф. д-р Нелко Стојановски како професор по предметот социјална патологија и неговата заменичка – неговата ќерка проф. д-р Татјана Стојановска – Иванова, од неодамна советничка на Премиерот, хомосексуалноста како облик на социјалната девијација е ваша специјалност, почитувани!

Жалосно е што како неми статисти, без слика и тон, оставате други да ги толкуваат работите за кои Вие сте стручни, дозволувајќи на најсуров начин социологијата како науката, по којзнае кој пат да се злоупотреби. Жалосно е што просторот го пополнуваат фејк феминистки како Лени Фрчковска и Елена Гаговска, кои воопшто не се свесни во што се впуштиле (!) Исто така, жалосно е просторот да го окупираат професори чија специјалност е родот, па да ни објаснуваат што се случува моментално во светот, но и што следи (!) Една од тие е Катерина Колозова, која во една ТВ емисија, го кажа она што и Вие го знаете, но молчите, за кое вашите студенти добија етикети „теоретичари на заговори“ и „фејсбук експерти“, а тоа е следново: – „уште долго нема да се вратиме во нормала, ни претстои долг и макотрпен процес на рехабилитација, кој ќе потрае уште едно 2 – 3 години, а дигитализацијата е предвидена како лек за опоравување на општеството од вирусот“ (!). За ова студентите ваши година и половина пишуваат, дека зад завесата на пандемијата се одвива демонтирање и реконпонирање на светот. Но кои сме ние, некои приучени, не доучени будалетинки да се мешаме од профаните работи, како може ние нешто да знаеме, и затоа сме „теоретичари на заговори“. Има ли некој, кој ќе ја објасни поврзаноста помеѓу пандемијата и дигитализација, како може лек за болест да биде реформа во образованието и дигитализацијата како алатка преку која истата ќе се реализира (?!).

Жалосно е, што дозволивте социологијата во нашето општество да падне толку ниско, студентите да ја бранат, да го бранат она кое го учеле, иако не виделе ниту почувствувале некаков бенефит од тоа што го учеле, освен нели чемер и јад за возврат. Зарем до толку немате емпатија ниту кон науката (кон своите студенти, кон државата, кој семејството кон децата – кон внуците) во која сте инвестирале – години образување, магистериуми, докторати кои чинат поприлична сума на пари, за така лесно да се предадете?! Како небаре некој на тацна да ви ги поклонил титулите и со кран ве инсталирал на факултетот, и во кабинетите?! Зарем никој од вас да не чувствува морална обврска да и објасни на пошироката јавни кои се антропологот Маргарет Мид и Алфред Кинси таткото на сексологијата, чии истражувања се користат како научна поткрепа – односно оправданост за овој инженеринг од овие размери?!

Зарем и понатаму ќе молчите, и таа задача повторно на студентите ќе ја препуштите, изложувајќи ги и понатаму на канонади од навреди, етикети, објаснувајќи го тоа за кое експертите, научниците и професорите молчат?! Некој ве замолче, или, вашиот молк значи одобрување(?!) Молкот во дадениот случај не ве прави неутрални, ами напротив како да сте избрале страна. А страната која сте ја избрале, не е таа на која сте се’ обврзале, кога сте одлучиле да бидете Универзитетски професори, туку напротив сте ја избрале погрешната страна, да им слугувате на одредени моќни интересовни групи. Старата поговорка: „молчењето е злато“ денес воопшто не е’ на цена, за жал! Или пак онаа: „наведната глава сабја не ја сече“ исто така, зошто ова што денес се спроведува, на ниет да потрае, не е’ „се тресеше гората, се роди глушец“, или „секое чудо за три дена“!

Менторката моја, проф. д-р Милева Ѓуровска велеше: „нема што јас да бодам во очи“, за жал нема кој, ниту тогаш, ниту сега, да и’ каже дека со таков став нема што да бара ниту во науката, ниту на Универзитетот, ниту пак себе за професор да се декларира – ако тргнеме од тоа дека професорот е тој код подучува, кој укажува, а социологот е нели лекар на општеството. Па неговата смисла, улогата која му е доверена е да алармира постојано, за да работите навреме бидат превенирани, како би се спречило да не тргнат во правец од кој враќањето назад ќе е не само тешко и макотрпно, туку ќе значи изгубено време, финансиски средства, последици врз општествените текови, со акцент врз поединецот, осакатени генерации итн. Но, не само менторката моја, повеќето од професорите на институтот за социологија се водат и делуваат по една стара добро востановена пракса, својсвена за еден претходен систем, кога бурата ќе помине, кога сонцето ќе огрее и кога ќе се намножат печурките после дождот, тие ќе се појават, за да не информираат дека јоргованите прекрасно мирисаат, а божурите само што не процветале.

Заради таквото нивно однесување, студентите нивни ги сведуваат на ниво на демагози. Затоа никој социологијата не ја ниту разбира, ниту доживува како сериозна наука. Зошто нивното појавување во медиумите, во тие нели навидум „нормални“ околности, така го доживува пошироката јавност. Кога она што го кажуваат, ниту го разбира публиката, ниту пак будат љубопитност и желба да бидат ислушани. Не свесно, работејќи и против себе си, односно доведувајќи се во ситуација, потребата од нивното постоење како социолози и социологијата како наука, да се стави под знак прашалник (?) Зошто нивната отсутност во клучните моменти, кога треба да бидат исклучително активни, да делуваат, да зборуваат, да пишуваат, неминовно води до заклучок дека општеството може и без нив, односно нема потреба ниту од нив, ниту од социологијата како наука (!).

-ПРОДОЛЖУВА-

Атина Белески

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!