Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: ШАМПИОНИ ИЛИ ШАМПИЊОНИ?! – ТРЕТ ДЕЛ

Нема опис за фотографијата.

Кои се антропологот Маргарет Мид и сексологот Алфред Кинси?
Која е Маргарет Мид?

-Маргарет Мид е американски културен антрополог, чиј живот бил пропратен со низа на контроверзи. Нејзините извештаи со детали за ставот кон сексот во традиционалните култури на Јужен Пацифик и југоисточна Азија, влијаеле на појавата на сексуалната револуција во 1960 – тите. Маргарет Мид е жената која ја обликуваше сексуалната револуција, а со помош на Алфред Кинси таа стана реалност, хипи движењето беше само злоупотребено. Таа исклучително влијае на редефинирање на ставовите за сексот во традиционалните општества, додека во исто време придонесе за развој на феминистичката теорија, дефинирајќи го полот како биолошка категорија, а родот како општествен конструкт.
Таа е поборник за проширување на сексуалните конвенции во контекст на западните културни традиции. Студиите по антропологија ги започнала кај професорот Франц Боас, американски антрополог роден во Германија, татко на „американската антропологија“ и неговата помошничка антропологот Рут Бенедикт.
-Мид била во исклучително блиски односи со нејзината менторка Рут Бенедикт. Во своите мемоари за сопствените родители, „Со око на ќерка“ нејзината ќерка, Мери Кетрин Бејтсон имплицира дека врската помеѓу Бенедикт и Мид била делумно сексуална. Мид никогаш отворено не се идентификувала како лезбејка или бисексуалка. Но, во своите списи, таа нагласува дека сексуалната ориентација на една личност може да се развива во текот на животот. Последните години од својот живот ги поминала во тесна, лична, интимна и професионална соработка со нејзината студентка антропологот Рода Метрау. Писмата помеѓу нив двете се објавија во 2006 година со дозвала на ќерката на Мид која исто така е антрополог, кои сведочат за нивната интимна врска.
-Мид работи како кустос во Американскиот природно научен музеј во Њујорк, каде и останала до нејзината смрт 1978 година. Но, паралелно таа предавала антропологија на неколку универзитети, вклучувајќи го и Колумбија универзитетот на кој докторирала. Во текот на Втората светска војна, работела како секретар во Националниот истражувачки комитет, истражувајќи го влијанието на војната врз навиките во врска со храната, моралот и психолошката состојба. Во период од 1948 до 1950 година, Маргарет Мид работела за РАНД Корпорејшн, американска воена авијација финансирана од приватна истражувачка организација, за да ја проучува руската култура и ставовите кон авторитетот.
-Во фокус на нејзиното истражување биле културата и личноста, растењето на децата, односот меѓу различните старосни групи во традиционалните и модерните општества, расната нерамноправност и слично. 1960 година станала претседател на Американската Антрополошка Асоцијација, била препознатлив лик во академијата, посебно по нејзиниот карактеристичен нос и нејзиниот бастум. Подоцна станала и заменик претседател на Њујоршката Академија на Науките. Била ментор на многу важни во науката антрополози и социолози.
Во далечната пак 1976 година, Мид била првиот клучен учесник на UN Habitat I, првиот Форум на ООН за човечки ресурси.
-За нас е исклучително важна, бидејќи Маргарет Мид се смета за – креатор на современата родова теорија. Според неа половите улоги не се нешто природно, туку социјална конструкција, која во различни култури може да не се споделува. Овој факт овозможил еднаквост на половите (!), а со текот на времето придонел во развојот на нејзината родова теорија. Родена далечната 1901 година, во период на историјата кога сеуште се смета дека разликата помеѓу мажите и жените се должат на нивните биолошки разлики. Родена како „експресивна жена и продуктивен маж“ така таа себе си се опишува. Маргарет Мид е антрополог чие поле на интерес беше насочено кон истражување на културата и начините на одгледување на доенчињата во различни култури и како тие влијаат на развојот на човечкото суштество. Во кој контекст, таа е еден од пионерите во опишувањето на концептот на полот, одвојувањето на родовите улоги од биолошкиот пол.
-Отишла во Полинезија, на островот Самоа, каде извршила теренско истражување во период од (1925 – 1926), во траење од шест месеци. Како продукт на овие истражувања, 1928 година го објавува едно од своите најзначајни дела „Созревање на Самоа“(Coming of Age in Samoa), кое воедно е и нејзина докторска дисертација. Во која детално го опишува сексуалниот живот на тинејџерите на островот Самоа на почетокот на 20 век, во која теоризира дека културата има водечко влијание врз психосексуалниот развој.
Според Мид, на островот Самоа преминот од детство во адолесценција не е промена која е пропратена со психолошки и емотивни стресови, како што било случај во САД. Меѓутоа, тоа што ги шокирало читателите е нејзиниот извештај дека Самоанките го одложуваат мажењето на неколку години за да би уживале во слободниот секс, а потоа се мажат, живеат нормален живот и одгледуваат деца. Она што дополнително предизвикало бурни реакции е тоа што таа меѓу другото говори, за сексуалноста на Самоанските тинејџери, вклучувајќи хомосексуална пракса и мастурбација. Таа е една од првите научници кои отворено и пришле на оваа тема.
-Во предговорот на нејзината книга: „Созревање на Самоа“ (Coming of Age in Samoa), менторот Франс Боас, нејзината работа ја наградува со следните зборови: „љубезноста, скромноста, доброто однесување и манири, владеењето според одредени етички стандарди не се универзални. Треба инструктивно да се знае дека стандардите се разликуваат на многу неочекуван начин“.Боас понатаму продолжува да укажува, дека во време на објавување на оваа книга Американците веќе започнале да расправаат за проблемите со кои се соочуваат младите (посебно девојките), при своето проаѓање низ периодот на адолесценција „како неизбежен период на прилагодување“. Боас сметал дека проучувањето на проблемите со кои се соочуваат младите во некоја друга култура би можело да допринесе во разрешување на овој проблем.
-Во склад со ова, Мид во својата книга ја опишува и целта на своето истражување – „јас се обидував да одговорам на прашањето кое ме одведе на Самоа: дали вознемирувањата кои ги потресуваат нашите млади е предизвикано од природата на самата адолесценција, или се пак производ на цивилизацијата? Дали под други услови, адолесценцијата дава друга слика? Нејзините истражувања ги потврдиле нејзините сомневања.
Маргарет Мид го спровела истражувањето на мала група девојки на Самоа, ланец од острови на јужниот Пацифик. Истражувањето воглавно го спровела во село со 600 жители, сместено на Самоанскиот остров Та’у во кое Маргарет Мид запознала, се спријателила, живеела, истражувала и интервјуирала (со помош на преведувач), 68 девојки во распон од 9 до 20 години старост. Таа заклучила дека на Самоа преминот од детство во зрелите години (адолесценција) е глатка промена, која не е одбележана со психолошки или емоционални стресови, анксиозност, или конфузија како што е тоа случај во САД.
Наодите од нејзините истражувања сугерирале дека заедницата ги игнорира и момчињата и девојчињата се додека не наполнат 15 -16 години. Пред тоа, децата немале општествена положба во заедницата.
Како што Боас и Мид очекувале, објавувањето на оваа книга, 1928 година, ги вознемирило мнозинството западњаци. Многу нејзини читатели биле шокирани од фактот дека младите Самоанки го одложуваат стапувањето во брак на неколку години за да би уживале во слободниот сексуален живот.
-Друга влијателна книга од Маргарет Мид е – “Полот и темпераментот во три примитивни општества” (Sex and Temperament in Three Primitive Societies). Оваа книга е главен камен -темелник на феминистичкото движење, бидејќи тврди дека жените се доминантни во племето Чамбули, во Папуа Нова Гвинеја, без тоа да предизвика било какви проблеми. Маргарет во неа ги набљудува машко – женските улоги и односите на доминација. Таму дошла до заклучок дека цртите на личноста, или темпераментот, не се биолошки условени од полот, туку дека се културно детерминирани. Ова, исто така, било шокантно откритие за тогашната западна мисла.
Поточно, Маргарет Мид ги анализирала племињата Арапеш, Чамбули и Мундугумор. Во општеството Арапеш, таа забележала, дека без оглед на биолошкиот пол, сите индивидуи биле воспитувани во духот на мирно и пријатно однесување, блиско до она кое на запад би се сметало за женско однесување. Врз анализата на Чамбули општеството се темели целата нејзина родова теорија, која сите невладини организации во Р. Македонија на широка врата ја потенцираат, како научна поткрепа за нивните барања. А тоа е, дека жената во Чамбули племето е посветена на потрага по егзистенција, во активности како што е риболовот и истата ја води заедницата. Додека мажот извршува домашни работи, однесувања препишани на другиот пол во другите општества, покажувајќи поголема чувствителност кон уметноста и потрагата по убавината. Со други зборови, родовите улоги на тоа општество може да се сметаат за обратни од оние на Западот. Однесувањето пак, во општеството Мундугумор е практично обратно од она на Арапеш, двата пола се образувани да се агресивни, насилни и конкурентни, слично на начин кој во тоа време се сметал за типично машко однесување во Западната цивилизација.
-Набљудувањата во овие и во другите општества рефлектираат дека во различни култури, улогите кои им се препишуваат на мажите и жените биле различни. Од ова произлегува дека, спротивно на она што се сметаше во тоа време, дека биолошките разлики меѓу двата пола не го одредуваат социјалното функционирање кое мажите и жените треба да го имаат, туку воспитанието и културното пренесување го поттикнуваат постоењето на повеќето социјални разлики. На овој начин, однесувањето, улогите и одликите што му се припишуваат на секој пол не се поврзани со самиот пол. Причината што на некои места улогата е една или друга, може да се најде во тоа што секоја култура, во своите почетоци, воспоставува карактер или модел на пожелна изведба за нејзините компоненти. Шаблон кој завршува да се интернационализира и реплицира низ генерациите. Врз основа на тоа, Маргарет Мид смета дека треба да се намали ригидноста на половите улоги и разликите што ги вклучуваат тие, за да можат двата пола да се развиваат во целост.
-Маргарет Мид, постхумно е одликувана со претседателскиот медала на слободата, од страна на Американскиот претседателот Џими Картер. Амбасадорот пак на ООН, посхумно ја доделил наградата на ќерката на Мид на специјалната програма за оддавање почит на придонесите на Мид, спонзорирана од Американскиот музеј на природна историја, каде поминала многу години од нејзината кариера. Со цитатот: „Маргарет Мид беше студентка на цивилизацијата и беше нејзин пример. На милионската јавност, таа и го донесе централниот увид во културната антропологија: дека различните културни обрасци изразуваат основно човечко единство. Ја совлада својата дисциплина, но и ја надмина. Бестрашна, независна, обична соговорничка, таа останува модел за младите и учителка од која сите можат да учат“.
Во 1983 година, проф. д-р Дерек Фриман ја објави својата студија од Самоа, насловена како “Маргарет Мид и Самоа: Изработка и преработка на антрополошки мит”. Професор д-р Дерек Фримен, бил еминентен професор по антропологија на Австралискиот национален универзитет и поранешен директор на неговото училиште за пацифички студии.Од како ја прочитал книгата на Маргарет Мид „Созревање на Самоа“,тој станал редовен посетител на островот. Со Мид се сретнал само еднаш, во 1964 година, за време на една нејзина кратка посета на Австралија. Д-р Фримен ја предупредил тогаш, дека тој внимателно ги испитува нејзините истражувања. За време на неговиот прв престој на Самоа, од 1940 до 1943 година, кога таму предавал во училиште и го проучувал селскиот живот, плус и течно научил да говори самоански јазик, започнал да се сомнева во набљудувањата и истражувањата на д-р Мид. Тој се сомневал дека таа своите извештаи ги обликувала на барање на нејзиниот ментор Боас, кој не случајно ја испратил таму, за да научно го потврди неговото тврдење дека само културното условување го одредува човековото однесување. Фримен се обидел да ги објави своите истраги во текот на животот на Мид, но неговиот прв ракопис бил одбиен од американските уредници во 1971 година. Во 1978 година, тој и испратил на д-р Мид ревидиран ракопис, но таа заради прогресирачкиот карцином на панкреасот, не била во можност да го прочита пред да почине. Но, Мид сепак била свесна за мислењата на Фримен, за време на нејзиниот живот, бидејќи тие двајцата зборувале за тоа.
-Самиот Фримен бил обожавател на работата на Мид, за подоцна да стане скептик и на крај нејзин критичар.
Неговиот труд содржи 300 страници и 60 страници извори на белешки, критиката на Фримен беше дека Мид дава погрешна слика за културата и однесувањето на полинезиската младина, дека не била во право опишувајќи ги маѓепсните вечери на Јужен Пацифик. Имено, тоа истражување таа го спровела на 24 години, во 1925 и 1926 година – по шест месечна посета таму. Па сепак студијата на Мид беше и остана централна во теориите на школата на американските културни антрополози, предводени од проф. Франц Боас на Универзитетот Колумбија. Во неговото истражување се опфатени истите области како кај Мид , но со различни резултати.
Пет години по смртта на Маргарет Мид, во 1983 година, Дерек Фримен ја издава својата студија од Самоа насловена како „Маргарет Мид и Самоа: Изработка и преработка на антрополошки мит“, во која тој ги оспори и критикува сите значајни откритија на Мид. Фримен својата критика врз Мид ја заснова на својата 40 годишна истражувачка работа меѓу азиските и пацифичките народи, вклучително и четиригодишната теренска работа на островот Самоа, како и на интервјуто со сеуште живите лица кои Мид ги интервјуирала. Главниот аргумент се базирал на местото кое таупоу системот го завзема во саоманското општество. Според Мид, таупоу системот представува институционализирање на невиноста на жените од високите сталежи. Според Фримен, сите Саома жени се однесуваат во склад со таупоу системот, исто така интервјуираните жени од страна на Мид негирале дека имале слободен секс како млади девојки, тврдејќи дека ја лажеле Мид.
-Извештај во кој го критикува истражувањето на д-р Мид за адолесцентната сексуалност во Самоа, предизвикал жестока антрополошка полемика. Тој обвинува дека „Доаѓањето на ерата во Самоа“, била погрешна бидејќи се темелела на нејзиното погрешно прикажување на некомплицираната сексуална слобода таму, и најважно дека таа била формирана за да ја поддржи академската теорија, наместо да ја прикаже реалноста на островското општество на Пацификот. Неговиот предизвик првично бил дочекан со неверување и гнев. Кога неговата книга била објавена, Маргарет веќе била 5 години почината. Фримен се здобил со многу критики кои се однесувале токму на тоа што тој ја завршил неговата книга уште кога Маргарет била жива, а ја објавил после нејзината смрт. Овие критики биле засновани на верувањето дека причината поради која Фримен ја објавил книгата по смртта на Мид, била можноста тој да избегне соодветен одговор од Мид на неговата критика. После првичната жестока расправа, мнозинството антрополози заклучи дека апсолутната вистина веројатно никогаш нема да се дознае. Од друга страна, многу го довеле во прашање трудот на Фримен, штитејќи ја Мид, тврдејќи дека споменатите интервјуирани жени остареле, заборавиле на некои моменти од разговорот со Мид, дека се прекрстиле и станале Христијанки, па сега се срамат за своето претходно однесување, дека Самоанската култура во меѓувреме се променила, дека христијанските мисионери донеле на Самоа протестански облик на морал во кој нема место за опуштен секс или слободни сексуални стандарди кои толку ги шокирале Американците кога книгата се појавила. Со напаѓањето на Мид и нејзината работа, и со заради „академската измама“, Фримен бил дистанциран од антрополошките кругови.
-Нејзините американски бранители свикале национална конференција со 1.000 научници и студенти во Бодлер на 15 октомври 1983 година на тема „Маргарет Мид: легенда и полемика“. Нивната критика била формално направена на 82-от годишен состанок на Американската антрополошка асоцијација – следниот месец во Чикаго, каде се одржала специјална сесија, на која не бил поканет д-р Фримен, за да разговара за неговата книга. Усвоен е предлог со кој неговиот научен труд е оценет како „лошо напишан, ненаучно, неодговорно и погрешен“. Во годините кои следат, антрополозите жестоко расправале за овие прашања. Но тој тука не застана, истражувањето уште еднаш го ревидираше и го преточи во делото „Судбинската измама на Маргарет Мид“ од 1999 година, кое всушност и го затвори неговиот случај. Остана маргинализиран и оспорен до самиот крај, никакво постхумно одликување не доби, иако тој е заслужен за модернизирањето на антропологијата како наука, придвижувајќи ја од дебатата „природата наспроти негувањето“ за да вклучи поширок поглед на факторите што го обликуваат човештвото. Но кога светилникот (Дерек Фримен) згасна, многу од антрополозите се согласија да не се согласат околу наодите на една од мајките основачи на науката, признавајќи го пионерското истражување на д-р Мид и фактот дека можеби погрешила со деталите или дека била изманипулирана од жителите на Самоа.
-Последиците од теориите на Мид ги чувствуваме сите.Таа заедно со нејзината менторка Рут Бенедикт, несомнено одиграа клучна улога во развојот на феминистичката антропологија. Најпрво, нејзината полова теорија, која го рефлектираше родот како социјална конструкција, има реперкусии на различни начини. Потрагата пак по родовата еднаквост, е прогресивно замаглување на родовите улоги и стереотипите, заради самата потрага. Маргарет Мид, несомнено ги потикнуваше и охрабруваше другите истражувачи да остават свој печат и да придонесат во рушењето на митовите и верувањата во врска со сексуалната ориентација и идентитетот.

Кој е Алфред Кинси?

Алфред Кинси, по професија е биолог и зоолог, и се смета за татко на модерната сексологија во САД. Неговото проучување на механизмот на размножување кај осите шишарки, го инспирирала да го проучува спектарот на различни сексуални навики кај луѓето. На основа на тие истражувања ја создал добро познатата „Кинсиева скала“, според која се виши градација на сексуалната ориентација, составена од седум степени – нивоа.
0 – исклучиво хетеросексуално,
1 – мнозинство хетеросексуално, само случајно хомосексуално,
2 – мнозинство хетеросексуално, и зголемен број на хомосексуално
3 – подеднакво хетеросексуално и хомосексуално,
4 – мнозинство хомосексуално, и зголемен број на хетеросексуално,
5 – мнозинство хомосексуално, само случајно хетеросексуално,
6 – исклучиво хомосексуално и
X – асексуално население.
-Резултатите покажале дека кај мажите – 11,6% мажи од 20 до 35 години дало оценка 3 на Кинсиевата скала за овој период од нивниот живот. Кај жени – 7% немажени жени од 20 до 35 години и 4% разведени од 20 до 35 години дало оценка 3 на Кинсиевата скала за овој период од нивниот живот. Од 2 до 6% жени од 20 до 35 години дало оценка 5, а од 1 до 3% немажени жени од 20 до 35 години дало оценка 6. Односно хетеросексуалците и моногамистите се наоѓаат на самото дно на оваа скала, која всушност сугерира дека флексибилноста на сексуалниот идентитет е посакуван. На самиот врв – се разбира – позиционирана е хомосексуалноста. За својата скала Кинси велел дека:„ Мажите не може туку така да се поделат на хомосексуалци на едната страна и хетеросексуалци на другата страна. Не е се’ бело или црно. На поединецот може да му се додели бројка на оваа скала за секој период од животот и развојот посебно. Скалата со седум нивоа е многу блиска на реалната разновидност која постои“.
-Кинси бил оженет човек татко на четири деца, кој по сексуална ориентација бил бисексуалец. Со сопругата имале договор врската да им биде отворена, и двајцата имале бројни вонбрачни врски со знаење и одобрување на партнерот. Кинси имал сексуални односи и со мажи и со жени, вклучително и со неговиот студент Слајд Мартин.
1935 година кога го одржал своето прво предавање на факултетот по биологија во Индијана, ги претставил своите студии за подрачјето на човечката сексуалност. Во текот на предавањето користел прилика да го нападне „широко распространетото незнаење во врска со анатомијата и физиологијата на сексуалноста. Велејќи дека стапувањето во сексуални односи доцна (дефинирајќи го како „задоцнето венчавање“) е психолочки штетно.
-Фондацијата Рокфелер одлучува во тој период да му обезбеди материјални средства за понатамошни негови истражувања ин – виво, на полето на човечката сексуалност. Негови најзначајни научни дела се: „Сексуално однесување на мажите“ 1948 година и „Сексуално однесување на жените“ 1953 година. На основа на овие дела се темели неговиот „Кинсиев извештај“ со кој светот почнува да се менува, а денес да бидеме сведоци како и на кој начин тој процес финишира. Двете во моментот кога стануваат јавно достапни се прогласуваат за бестселери и го прават Кинси медиумска ѕвезда. Овие негови книги предизвикале лавина на критики, бидејќи делови од книгите многу угледни американски часопи почнале да ги објавуваат. Се смета дека книгите биле една од главните причини за избувнување на сексуалната револуција во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.
-Истражувањата кои ги вршел не се сведувале само на теорија и пополнување на прашалник, туку тој набљудувал и активно учествувал во различни сексуални активности, вклучувајќи ги некогаш и своите соработници. Правдајќи се дека само на тој начин може природно да се набљудуваат појавите од сексуална природа, и дека само на тој начин може да се стекне доверба меѓу личностите кои се вклучени во истражувањето. Ги потикнувал и учесниците да го направат истото, па тека често со нив и други субјекти на неговите истражувања практикувал широк спектар на сексуални активности, со назнака секој да си ја осигура границата до која се чувствува пријатно. Понекогаш и во својот дом со камера ги снимал сексуалните односи на своите соработници, тврдејќи дека така ги документирал истражувањата. Но тој во суштина ги вршел своите истражувања потикнат од своите желби и потреби. Собирал снимен сексуален материјал од целиот свет, па така дошол во проблеми со царинската служба на САД, од како му биле запленети порнографски филмови, но починал и не го дочекал судскиот епилог.
-Следна голема контроверза на „Кинсиевиот извештај“, било собирањето податоци во врска со “оргазмите” кај децата во предадолесцентниот период. Собраните информации Кинси ги внел во таблиците од 30 до 34 во својата книга „Сексуалното однесување на мажите“, во кои се внесени податоци за “оргазмите” на 300 машки деца на возраст од пет месеци до 14 години. Лажејќи дека податоците ги собрал од сеќавањето на возрасни машки лица кои во детството биле присилувани на сексуални односи, но и од прашалникот кој го пополниле девет возрасни лица кои наводно имале сексуални односи со деца. Многу малку внимание се придавало на овие податоци цели 40 години. Подоцна се обелоденило дека податоците за педофилијата ги добивал од еден озогласен пребеган во САД, нацистички педофил фон Валушек, но врз и сознанија од озогласениот промотор на сатанистичката идеологија Алистер Кроули кому му се воодушевувал, презентирајќи ги дека доаѓаат од разни извори. Кинси во анонимност ги чувал тие личности, не сакајќи да го пријави казненото дело педофилија, за да дојде до повеќе сознанија. Институтот кој подоцна ќе го отвори благодарение на финансиската подршка од фамилијата Рокфелер, „Институтот Алфред Кинси““ многу подоцна после неговата смрт обелодени дека податоците во табелите од 30 – 34 навистина произлегуваат од дневникот на само една личност.
-Вистината за тоа што Кинси и неговите соработници правеле во т.н. „соба 34“ е следна: сексуално се злоупотребувале деца во форма на „научно – протоколно истражување“, кое подразбирало тој и соработниците со штоперица да го мерат времето за кое децата, под дејство на стимуланси кои ги добивале од „научникот“ доживувале она што Кинси го регистрирал како „оргазам“. Силувани се деца во времетраење од 24 часа, без прекин. На основа на таквите „истражувања“, Кинси заклучил дека момчињата, покрај насилните реакции и плачење, сепак уживале во рачната и орална стимулација која ја спроведувале педофилите. Тоа што сите би го дефинирале како силување, за Кинси било „сексуална игра“, потполно „безопасна и нештетна“, посебно ако детето „дало согласност“. Според неговата евиденција пак, женското дете може да доживее оргазам со 4 месеци старост.
-На основа на неговите лажни истражувања се темели сегашниот документ на СЗО за стандардизација на сексуалните искуства – стандарди за сексуалното образование во Европа, за децата во предадолесцентниот и адолесцентниот период, од 0 до 4 години, од 4 до 6 години, од 6 до 9 години, од 9 до 12 години, од 12 до 15 и над 15 години старост, линк од документот:
///tmp/mozilla_user0/WHO_BZgA_Standards_kroatisch.pdf
-Кинсиевата сексуална активност и ориентација многу влијаела на неговите истражувања, поради која погрешно бирал примероците од населението за свои испитаници. Внесувал собрани податоци од голем број затвореници и проститутки честопати класифицирајќи ги во групата личности во брак, а најголем број податоци собирал од хомосексуалните лица, кои со сигурност влијаеле да добие погрешни заклучоци. Никогаш во истражувањето не вклучил поединци од афро-американската популација.
-Кинсиевата пак книга „Сексуалното однесување на Американците“, од 1954 заслужна е за лансирање на порнографската индустрија, во ликот на „Плејбој“ кој Хју Хефнер го основа со финансиска помош на Кинсиевиот институт, кој пак е финансиран нели од Рокфелер фондацијата. Целта за која е создаден „Плејбој“ е да предизвика пренасочување кон педофилијата, содомијата и инцесуалниот секс со децата. „Плејбој“ е дизајниран да ја заведе публиката, бидејќи во него нема што да се чита, туку само да се гледа. „Плејбој“ е многу мудро дизајниран како магазин пред се наменет за тинејџерите, децата кои посетуваат колеџи, како би се вовеле во тајните на сексот. Тој во суштина е магазин за детска порнографија.
-Хју Хефнер немал никакви сексуални искуства, првиот сексуален контакт му бил со неговата сопруга, како и на многу американци во 50-тите години на минатиот век, кои не практикувале секс чувајќи се за избраничките на своето срце, исто така пракса и на повеќето девојки во тоа време. Се’ додека Хефнер не се сретнал со книгата на Кинси. Алфред Кинси ја искористил ситуацијата после Втората светска војна сакајќи да ја промени сликата, сервирајќи им лаги на Американците во кои „докажува“ дека 95% Американци уживаат во девијантен секс. „Извештаите“ се славени како доказ дека Американците сакаат сексуална слобода во активностите какви се не само хомосексуализмот, туку и педофилијата. Не само Хефнер, туку и целиот свет поверувал во тоа, бидејќи Кинси работел под авторитетот на „науката“ и академијата. Од тука, Хефнер изразил желба сам да му биде промотор на Кинси, со желба да ги обучува другите луѓе, кажувајќи им ја скриената вистина за своите родители и нивната сексуалност.
-И така, Хефнер обучил милиони луѓе широм светот на основа на Кинсиевиот секс, базиран на педофилија. Само малкумина сфатиле во тоа време дека се работи за процес насочен против машкоста, односно дека целта на порнографијата е да создаде импотенција кај гледачот – мажот или фригидност – кај гледачката жена. Десет години после „Плејбој“ се формираше „Пенхаус“ магазинот. Тогаш веќе вратите за порнографијата ширум се отворија.
И што е уште пострашно, активистите на Кинси и Хефнер побараа ревизија на законите за сексуални престапи преку „Model Penal Code“, кривичен закон кој уште се нарекува „Кинсиев закон“ со кој се легализира масовниот абортус, хомосексуалноста, со кој се потикнува ширењето на педофилијата и епидемијата на детската порнографија. „Model Penal Code“, е прв национален американски закон со кој се регулира сферата на сексуалните престапи (пред него постоеле само закони во поединечни држави во составот на САД. „Model Penal Code“, бил внимателно дизајниран како би обезбедил правна поддршка на полето на законската регулатива на до тогаш забранетите сексуални односи пред бракот, вонбрачната заедница, хомосексуализмот, за силување на пример се добивало доживотна казна затвор а во некои држави во САД дури и смртна казна, брачното изневерување било против законско, па тој кој го практикувал било предвидено да остане без куќа, автомобил, пари и старателство над децата, а јавноста би го сметала за морална гнида и безвреден. Значи, се промениле сите закони кои се однесувале на сексот, односно морале да станат револуционерни.
-Рокфелер фондацијата, своевремено ги финансирала еугеничните проекти на Третиот рајх, а во поновата историја двата американски еугенични проекти, а тоа се: сексуалната револуција на Кинси и Маргарет Мид, и на IPPF – Маргарет Сангер – абортусот по нарачка и популациона контрола, понудени под синтагмата „Планирано родителство“. Истото тоа „Планирано родителство“ далечната 1967 година, лично Маргарет Сангер му врачила награда на Џон Рокфелер како претставник на фамилијата Рокфелер, за нивниот придонес во креирањето на популационата контрола и политика во САД.
-Без Кинси и неговата сексуална револуција и Хефнер како негов гласноговорник „Планираното родителство“ – IPPF, не би можело денес да биде мултимилјардерски гигант за абортуси, исто така финансирано од Рокфелер фондацијата. Финансирањето на Кинсиевата педофилска агенда за сексуална слобода и нејзиниот домино ефект врз правниот систем, општеството и културата, омозможило развој на порнографската индустрија и масовна не епидемија туку пандемија на трговија со луѓето.
-Револуцијата на сексуалното образование во САД, започнало во 1960 година, кога Кинсиевите ученици доминирале во академската комисија кои издавала акредитација за сексуални едукатори. Пред тоа, сексуалното образование се состоело од биологија и репродукција на човекот, хигиена и брак. После објавувањето на „Кинсиевите извештаи“, неколку групи се залагале за поддучување на децата дека се „сексуални суштества“ од раѓање, и дека мора да бидат освестени за сите видови на сексуално однесување. За таа цел Кинсиевиот институт 1964 година го создаде SIECUS со цел да ја вметне Кинсиевата филозофија и програма за сексуална едукација. SIECUS- и „Планираното родителство“ – IPPF, заедно работат во усогласувањето на школските системи со наставна програма заснована на Кинсиевите истражувања. Односно, децата во училиштата се учат да бидат педофилски објект. Кинсиевиот институт е член на ООН и тој ги спроведува обуките ширум светот. Кинсиевиот институт од неодамна создаде апликација за мобилен телефон, преку која се охрабруваат луѓето ширум светот да стапат во било кој облик на сексуална активност и на било која возраст. На децата денес им се сугерира да вежбаат анален секс.
-Шеесет години после сексуалната револуција, редно е да видиме кои се нејзините последици!
Кинси е всушност втемелувач на сексуално – индустрискиот комплекс како едукативен – порнографско – хомосексуален – фармакоиндустриски гигант кој е вмрежен и опремен со методи, техники за манипулација, контрола и форматирање на поединецот, народите и државите, беспоговорно наметнувајќи свој модел на светот, орвеловски наречен апсолутна, тотална и тоталитарна неслобода – контрола и инженеринг со човечките права и слободи. Инсталирајќи ги педофилите на водечките позиции. Тоа е постигнато благодарение на долготрајното делување на структурите кои ги нареков „сексуално- идуструстриски комплекс“ кој опфаќа: 1. „научна област“ сексологија или т.н. „системско изучување на сексуалното однесување“( кое постојано, со наводно нови „научни“ докази ги поместува границите на „нормалното“ во сексот), 2. Фондациите (кои меѓу другото го финансираат етаблирањето на најразлични ЛГБТИ организаци ширум светот), 3. Порнографијата, и 4. Фармацевската индустрија.
-Моменталната кампања на сексуално индустрискиот комплекс насочена е кон легализацијата на педофилијата, но и инцесните врски, ако се земе во предвид дека во многу заедници тоа е нормална појава, но и во многу монархии, сосема норма појава е за светската благородничка „елита“. Најпрво Американската психијатријска асоцијација 1973 година, ја избриша хомосексуалноста од листата на „пореметувања“ на основа на гласањето на нејзините членови. А тој чекор во светски рамки се случи на 17 мај 1990 година. Со тој потег, се легализираше хомосексуалност. И таа денес, многу чудно се дефинира како социјално – патолошка појава, како општествен конструкт. Во зависност од заедницата, некаде е сеуште девијантно – ментално поведение, некаде е сосема нормална појава, идентично како и во случајот со родот. Дваесет и две години подоцна, истата таа Американска психијатриска асоцијација, во 1995 година, ги избриша и педофилијата и садизмот од листата на „пореметувања“ во својот Дијагностички и статистички прирачник IV.
Како и во случајот кога беше во прашање хомосексуалната пропаганда и психолошката операција за омекнување ( на отпорот кон хомосексуализмот), за што беа потребни години на делување за да не доведе до овој стадиум каде што сега се наоѓаме, педофилското лоби со исти чекори ги „нормализира“ сексулните односи од видот „возрасен – дете“. И повторно професионалците од Американската психијатријска асоцијација, се на нивна страна.
-Главен играч во целиот тој ланец е фармацевската индустрија – компании кои стекнуваат богатство на основа на сексуално преносливите болести. Но и на вакцинирање на бебињата со на пример Хепатит – Б вакцината, за која до ден денес родителите се прашуваат зошто им се дава на доенчиња, одговорот е заради оралното задоволување возрасни луѓе, со вакцината таа млада популација „наводно“ ќе се заштити доколку се најде во ситуација сексуално да општи.
-Во Европа пак, таа иста теорија за сексуална слобода се изведе поелегантно, „со материјал“ кој ќе го распостелат ценетите идеолози на современите западни мисли – Теодор Адорно и Херберт Маркузе.
-Несомнено најголема придобивка од сексуалната револуција имаа првенствено фармацевската и порнографската индуструја. Ако се има во предвид дека Кинси бил хомосексуалец и педокриминалец, садиста и садомазохиста, зависник од порнографија, сите тие негови особини денес се сметаат за културно прифатливи и широко се промовораат во популарната култура: филмови, телевизија, книги, часописи, реклами итн. Нормализација, културна валидација и мејнстримизација на хомосексуалноста, е еден од најголемите пресврти и може да се смета за триумф на Алфред Кинси. Целиот овој процес на нормализација на Содомата и Гомората трае од 1948 година.
-Науката од памтивек била злоупотребувана, доволно било за реализација на своите идеи да најдеш научници кои условно ќе ги потврдат твоите барања, или (финансиски спонзор – моќна лоби група),за возврат добивајќи некоја финансиска сатисфакција, плус и издигнувајќи се на пиедестал во научните кругови. Маргарет Мид и Алфред Кинси биле едни од нив, кои заради својата сексуална ориентација биле искористени, научно да го потврдат тоа што од нив било побарано.

-ПРОДОЛЖУВА-
Атина Белески

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!