Колумни

АТИНА БЕЛЕСКИ: ШАМПИОНИ ИЛИ ШАМПИЊОНИ?! – ПРВ ДЕЛ

На 10 јуни годинава, во Скопје, се оддржа Панел дискусијата под слоганот ”Телесна Автономија – основа на човековите права“, под покровителство на УНФПА.

Модератор на хибридниот настан – Панел дискусијата, беше директорот на УНФПА за Р. Македонија – Џон Кенеди Масоти, а учесници т.е. соговорници беа: министерката – Јагода Шапхаска од МТСП, министерот – Венко Филипче од МЗ, програмската директорка на ХЕРА – Елизабета Божиновска, Првата дама на Р. Македонија – Елизабета Ѓорѓиевска, Аташе за сораборка при Амбасадата на Р. Франција – Жуди Марвел, регионалната директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија – Алана Армитаж, постојниот координатор на ООН во Р. Македонија – Росана Дуџак. Целта на овој настан е Владата на Р. Македонија да даде отчетност за програмата која и е доделена, со која се обврза за телесна автономија, преку една од нејзините клучни области – родовата еднаквост.

Оваа обврска Владата на Р. Македонија ја потврди преку усвојување на националните заложби за унапредување на Меѓународната конференција за население и развој (ICPD) на Самитот во Најроби од 2019 година. Оваа Панел дискусија е всушност подготовка за финалната фаза, која ќе се оддржи во јуни – јули годинава на Форумот во Париз, Франција. Поминаа пет дена од самиот настан, оставив доволно простор и време за да видам како истиот ќе биде испратен во јавноста. Дали некој од стручната и научна јавност, некој – некои експерти, ќе се одважат и ќе го прокоментираат настанот? За жал, стручната и научната јавност не се одзва, останаа по не знам кој пат неми и глуви. Па затоа ќе мораме ние „теоретичарите на заговори“ да таласаме овде на фејбук.
Јас немам намера да го прераскажувам настанот, ќе акцентирам само она што е важно, она кое остави впечаток, кое боде во очите и одѕвонува во ушите. Ќе оставам линк од дискусијата па кој сака ќе може да се увери во веродостојноста на она што ќе го напишам.

Слоганот на Панел дискусијата беше „Телесна Автономија – основа на човековите права“ (само по себе се поставува прашањето за чија автономија, за чии и за кои права се говори (?!). Истовремено додека овој настан се оддржуваше во Р. Македонија, исти вакви настани се оддржаа и во останатите држави во светот, но паралелно со овие хибридни настани на почетокот на 2021 година, во Мексико започна Форумот за генерациска еднаквост ( по педофилски термин (флоскула) – здравје (!), чии копретседавачи се Мексико и Р. Франција, и истиот ќе финишира во период од 28 јуни до 2 јули годинава, во Париз, Р. Франција.

На самиот почеток на Панел дискусијата, директорот на УНФПА – Џон Кенеди Масоти се обрати до присутните учесници, претставниците на медиумите и пошироката јавност, појаснувајќи дека нивната повеќе децениска макотрпна работа веќе почнала да ги дава своите резултати, сега само ги консолидираат своите редови, сондирајќи ги резултатите од теренот, за да со здружени сили, своите заложби и напори ги крунисаат на Форумот во јуни годинава. Велејќи – се’ започна на еден Форум под покровителство на УНФПА, далечната 1994 година, во Париз, Франција.

Да појаснам – Форумот во Париз 1994 година, е нужен след на настаните, од како четири години претходно, далечната 1990 година, на 43-тото собрание на СЗО во Женева, се изгласа десетта ревизија на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми (МКБ-10), МКБ-10 ја сочинуваат шифри за болести и симптоми, патолошки наоди, општествени околности и надворешни причинители на повреди и болести. Од долгиот список кодови и шифри, за прв пат е отсранет еден код кој беше невидлив за пошироката јавност, но токму тој ќе го смени животот на милиони претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот. ICD -10 експлицитно нагласува дека „ сексуалната ориентација, сама по себе, не треба да се смета за нарушување“.

За прв пат откако, по Втората светска војна, СЗО го вовела овој квалификациски список на болести и нарушувања, хомосексуалноста престана т.е. со инженеринг се избриша од листа на болести. Затоа 17 мај е еден од најважните датуми за современото ЛГБТ движење ширум светот, датум кој се одбележува како Меѓународен ден на борба против хомофобијата, бифобијата, интерсексисмот и трансфобијата, и тогаш се одржуваат добро познатите „паради на гордоста“. (и сега таму во Париз се’ ќе финишира – кругот мора да се затвори, почетокот и крајот секогаш се’ една точка, основниот постулат во езотеријата!). Таа 1994 година, на тој Форум всушност се отвори новото поглавје во поимањето на телесното, сексуалното и репродуктивното здравје и правата.

Токму така, цели 27 години, таа 1994 година е исклучително важна за мене, студент на втора година студии по социологија, кога прогледав и почуствував на каде ветрот дува, година кога се двоумев дали да ги продолжам студиите или да се откажам. Година од кога ништо повеќе барем за мене не е веќе исто, од тогаш почнав поинтезивно да истражувам, за да го разберам светот и бремето од кое и јас сум дел. За да години потоа, Универзитетската библиотека ми стане мојот дом, а вистинскиот – хотел за преноќување.

Со нетрпение го очекав овој момент, кога суровата вистината ќе биде очигледна, кога злото ќе засвети во пол сјај, кога змијата ќе си ги покаже нозете, кога глувците – ќе се охрабрат и ќе го го покажат својот лик. Да бидам искрена, не верував дека јас ќе го дочекам тој миг, зошто се’ се одвиваше полека, со мали чекори, тајно зад затворени врати, со умерено дозирање. Но, последниве години работите забрзаа, почнаа посмели и покрупни чекори да се прават, поготово последнава година и половина. Кога и на тие кои не ги следеле будно настаните, се’ им е веќе потполно јасно, освен на оние кои одбиваат да се соочат со вистината и фактите.

Па неминовно се поставува прашањето, зошто потребата од таква тајност, од такво криење, ниту една влада да не обзнани што ратификуваат, што потпишуваат, да ги информираа своите граѓаните, на крајот на краиштата да побараат согласност од нив?! Кога нели се е’ за добро на човештвото, на планетата Земја, и на сите кои се дел од неа! Зарем граѓаните се непријатели на сите влади во светот, зарем ние сме непријатели?! Ако е така, тогаш воопшто нема логика владите – политичките партии, да ги избираат нивните непријатели, нема логика да бараат легитимитет од својот најголем непријател?! Или да бидам појасна, дали можеби тоа е единственото возможно оружје сопствениот непријател да го поразиш, кога ќе го наведеш да те избере, за да ти му бидеш џелат, дали?!

Понатаму, Г-динот Кенеди Масоти вели – во Агендата 2030 од 2015 година, целта под реден број 5 е унапредување на правата на жените (на кои жени – по „род“ или „пол“?!), на самитот во Најроби од 2019 година, се допретцизира, се дообјасни што се’ влегува во поимањето „права на жените“ и всушност тогаш се прошири рамката со телесната автономија. На Форумот во Париз во јуни годинава, под слоганот „ Генерациска еднаквост, телесна автономија, сексуално и репродуктивно здравје, како основа на човековите права и слободи“ ќе се цементира т.е. финализира нивната заложба за телесна автономија, преку Акциски план – Извештај за телесна автономија до 2030 година.

Сите дискутанти на Панел дискусијата, носеа беџови со лото на Агендата 2030 ( Агенда за оддржливиот раст и развој, Агенда која цело време ја повторувам, која е извор на сите зла, Агенда која е надополнување на Агендата 21, каде акцент се става на правата на „жените“, на еднаквоста помеѓу „жените“ и „мажите“, сексуалното насилство, семејното насилство, родовото насилство, понатаму родовото сензитивно образование и ССО). А самиот беџ е круг со боите на виножитото, боите на ЛГБТ заедницата, боите на шарените – обоените револуции и револуционери. Прашувам, кој и што се рушеше преку обоените револуции (режим – власт, или традиционалните вредности?!). За кого дојде живот, на кому му се стемни, а кому му раздени?!

Многумина ќе кажат, се сруши режим – власт, заради корупција и криминал во кој тонела! Заради корупција и криминал влади не се рушат, за жал! Напротив, на душегрижниците, на добротворите, на кострукторите – идејните творци и потпомагачи во рушењето им одговараат владите да тонат во корупција и криминал, дури и ги поттикнуваат на тој чекор, за да може владите да ги контролираат, односно преку криминалот и корупцијата да бидат уценувани, за да бидат посервилни, поконструктивни и покооперативни. Сосема друго прашањето е’, дали ние како држава воопшто некогаш сме биле иземени од корупција и криминал?

Исклучително важен е моментот е што сите дискутанти се бодрат со епитетот„шампиони“, како вели Г-динот Кенеди Масоти, „ние сите сме шампиони“, „Р. Македонија е шампион“. Посебно одзвонува во ушите кога ги најавува учесниците на Панел дискусијата, односно своите соговорници. При тоа, само на двајца од учесниците, на министерот Венко Филипче му се обраќа со зборовите Ваша Екселенцијо (посебна задача за оние кои сметаат дека знаат се’, и кои навиваат за овој или оној, небаре на трибини се наоѓаат, да истражат чиј Амбасадор е министерот Филипче, и за што?!), понатаму со Ваша Екселенцијо и се обраќа и на на Првата дама на Р. Македонија. Која, како вели Г-динот е исклучително квалитетна личност, односно покрај тоа што присуствувала на Самитот во Најроби и е’ Универзитетски професор – стоматолог, сепак најзначаен нејзин атрибут, е атрибутот за родова еднаквост, како и правата на адолесцентните деца – посебно девојчињата. И таа, според модераторот е највидливиот шампион во Р. Македонија, една од стоте „шампиони“ во спроведувањето на Агендата.

Текот на дискусијата е така конципиран, модераторот да им поставува серија прашање на секој од дискутантите одделно, а тие реферираат секој во својот домен, согласно Акцискиот план од Најроби што реализирал, што е на праг да се реализира, а што останало не завршено. Односно кои законски и подзаконски акти се во пишана верзија – изготвени, а кои веќе се на сила изгласани во законодавниот дом. Дискусијата започна, со прашања упатени до министерката Шапхаска и со право, ако се има во предвид дека министерството кое таа го предводи МТСП, е одередено како орган од Управата, кој ќе се грижи за извршување на одредбите од Истанбулстака Конвенција, која всушност е иструмен за практична реализација на целта со реден број 5 од Агендата 2030, Агендата за оддржливиот раст и развој (унапредување на правата на жената).

Министерката на МТСП – Јагода Шапхаска, кажа дека согласно начелата од Самитот во Најроби, но и Истанбулската Конвенција како рамка, министерство и владата од која е дел, даваат се’ од себе во зачувување на човековите права и слободи (само уште отворено да кажеше, за чии слободи и права толку жилаво се бори, ќе беше убаво…….?!) Односно дека од Самитот во Најроби до денес, како Влада на Р. Македонија направиле сериозни исчекори. Меѓу главните постигнувања ја издвои борбата против дискриминацијата со што се издвојувала победата во името на сите граѓани и на еднаквоста. Усвоениот Закон бил согласно ЕУ директивите и меѓународните стандарди, кој пак овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација.

Во насока на исполнување на заложбите од Самитот во Најроби, како мошне значаен го посочи Законот за превенција и заштита од насилство врз жените (кои жени по „род“ или по „пол“?). Закон кој ги дефинира сите видови родово базирано и сите останати видови насилство врз жените (кои жени по „род“ или по „пол“?). Што се однесува пак на родовата еднаквост во Р. Македонија, потенцираше дека при крај била нацрт – верзијата на Законот за еднакви можности, за кој добиле покана да присуствуваат на сесија на Венецијанската комисија. На која, како што нагласи директно ќе преговараат за она што ќе биде вградено во законското решение, во смисла на трите нови родови механизми што се предвидени.

 

Станува збор за законско решение преку кое треба да биде регулирана родовата еднаквост од најрана возраст. Министерството веќе изготвило Стратегија за родова еднаквост за период од 2021 – 2026 година, со која се предвидуваат активности кои се однесуваат на сузбивање на стереотипите и предрасудите итн, односно заложбата на МТСП е посветено да се работи на воспоставување на родовата еднаквост на едно повисоко ниво во нашата држава. Впрочем, мото на Владата од која е дел, е нели „едно општество за сите“, концепт кој ги направил лидер во регионот. Министерката потенцираше дека подигањето на свеста за родовата еднаквост во општеството треба да започне од најрана возраст. Во таа насока изготвена е и новата Концепција за образование која ќе овозможи вклучување на родовата перспектива во обука на наставниците, реализирање на наставни содржини без родови стереотипи, пристап кој е родово сензитивен и повикува на критички однос кон родовата нееднаквост.

Министерката Шапхаска изрази особена благодарност до невладината организација ХЕРА и нејзиниот претставник, без чија помош ниту толку брзо, ниту толку квалитетно министерството ќе ја изготвело Концепцијата, во нели корелација со МОН и БРО. Посебно била горда, што најпрво ја реализирале основата, она на кое се темелеше Самитот во Најроби, а тоа е значењето на здравството – со ацент врз сексуалното и репродуктивното здравје. Законско решение со кој се регулираат репродуктивните права на жената т.е. правото на абортус и во поодмината бременост, односно кога ќе посака жената, таа да може слободно да одлучи, дали и кога ќе абортира.

Заедно со министерот Филиче потенцираат дека двете министерства го дале својот максум и дека со здружени сили сите изготвиле ново современо законско решение за прекин на бременоста.
Министерот Филипче пак, во рамките на тоа што тој сработил, но и министерството кое го предводи, се пофали со Законот за прекин на бременоста, велејќи дека станува збор за модерен европски закон, во кој волјата на жената е на прво место. Понатаму потенцираше, дека благодарение на првичните проекти со УНФПА е остварено преполовување на перинаталната, неонаталната и раната неонатална смртност кај новороденчињата, истакна и дека е направен напредок во програмите за превенција од ХИВ и дека се воведени нови терапии.

Првата дама пак на Р. Македонија, Елизабета Ѓорѓиевска, истакна дека глобална цел на СЗО кон која треба да се стремиме, е потребните услуги за сексуално и репродуктивно здравје да му бидат достапни секому, во смисла на време и место и тоа без финансиски импликации. Но потенцираше, дека за заштита на човековите права и слободи, треба да се работи и на промена на менталитетот. Велејќи – „поразувачки е фактот дека, иако географски припаѓаме на Европа, ги негуваме европските вредности, кај нас се случуваат кршења на човековите права. Присутно е родово базирано насилство, малолетнички бракови и други штетни навики. Тоа е недозволиво и неприфатливо. Затоа покрај законските решенија мора интензивно да работиме на промена на менталитетот и свеста на граѓаните. За жал, во одредени случаи поради традиционалалистичкиот пристап постои опасност да ги загрозиме основните човекови права и слободи, но и животите на нашите граѓани“.

На крај сите дискутанти се осврнаа на очекувањата од Форумот за генерациска еднаквост во Париз во јуни – јули годинава, но продискутираа и за предизвиците во кои треба да се инвестира за понатамошно унапредување на родовата еднаквост, негувањето и проширувањето на успешните превентивни програми за репродуктивно здравје на жените и девојките во Р.М, со вклучено усогласувањето со меѓународните и со европските практики. Со посебно акцентирање на напредокот кон остварување на Целите за оддржлив раст и развој на ООН. За да би можело да се овозможат сексуално и репродуктивно здравје, како и права за сите до 2030 година (Агенда 2030). Акциските коалиции пак, на Форумот за родова еднаквост се платформа која што содржи шест теми со повеќе од 90 партнери кои се приклучија на коалицијата во февруари 2021 година, за солидарно да се обединат околу основните принципи: благосостојба, родова еднаквост и глобален просперитет. Сите дискутанти се сложија дека сите овие заложби се возможни благодарејќи на новото партнерство на владите, граѓанското општество, ООН и приватниот сектор за промовирање на правата на сите жени и девојки. Претставниците од УНФПА пак очекуваат, оваа платформа во наредните пет години, да донесе конкретни трансформативни промени за жените и девојките низ целиот свет.

Само по себе се поставува прашањето, што е УНФПА? Накратко, УНФПА е агенција за сексуално и репродуктивно здравје на ООН. Односно, таа официјално се именува како Фонд за население на ООН. Од таму и кованицата човечки ресурси, односно таа е Фонд задолжен за човекот како суровина, не заборавајте ние за нив сме само број. Организација која е создадена далечната 1969 година, на самиот крајот на Сексуалната револуција. Се формира истата година кога Генералното собрание на ООН го усвои следново: „родителите да имаат ексклузивно право слободно и одговорно да го одредуваат бројот и растојанието на нивните деца“. УНФПА се залага за реализација на репродуктивните права за сите и го поддржува пристапот до широк спектар на услуги за сексуално и репродуктивно здравје – вклучувајќи доброволно планирање на семејството, здравствена заштита на мајките и сеопфатно сексуално образование.

Во 2018 година, УНФПА започна со тенденцијата да постигне три трансформативни резултати, амбиции кои ветуваат дека ќе го променат светот за секој маж, жена и младо лице. А тие се: 1. Завршување на неисполнетата потреба за планирање семејство, 2. Да се стави крај на мајчината смрт, доколку тоа може да се спречи и 3. Прекинување на родово заснованото насилство и штетните практики. Реализацијата на 17 целите од Агендата 2030 за оддржлив раст и развој, но и останатите потцели кои ги допретцизираат претходниве, за кои светот во 2015 година презеде невидена одговорност, во глобала се’ зависи од работата на УНФПА, Фондот за население при ООН.
Што е Истанбулската Конвенција, која е нејзината улога и зошто толкаво значење и се придава?

Истанбулската Конвенција е всушност правен механизам за реализација на целта со реден број 5 од Агендата 2030, таа е Конвенција на Советот на Европа за превенција и борба против насилството врз жената и семејното насилство, која е усвоена во Истанбул на 7 април 2011, а Р. Македонија истата ја потпиша на 8 јули 2011 година. Истата е на сила од 1 август 2014 година, услов беше да ја ратификуваат 8 од 10 земји членки на Советот на Европа. Денес е ратификувана во 48 држави во светот и плус цела ЕУ со се земјите аспиранти. Правен заштитник на Конвенцијата е Генералниот секретар на Советот на Европа.

Собранието на Р. Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на 22 декември 2017 година. Конвенцијата се темели на принципот на „де јуре“ и „де факто“ еднаквост меѓу мажите и жените. Според Конвенцијата насилството врз жените е манифестација на историската нееднаквост во односот на моќ меѓу двата пола, што довело до доминација на мажите и дискриминација на жените. Структурното насилство врз жените било родово базирано насилство. Од рамноправност меѓу половите стигнавме до родова еднаквост! Односно она што не успеа да се постигне со рамноправноста меѓу „мажот“ и „жената“ по пол, сега ќе се корегира со еднаквоста помеѓу „мажот“ и „жената“ по род! Самата конвенција со себе носи одредени ризици.

Суштината на Конвенцијата е богатата понуда на низа дефиниции за поимите како што се: „насилство врз жените“, „домашно насилство“, „род“, „родово засновано насилство“ и „жени“. Конвенцијата ја промовира т.н. родовата перспектива (gender perspective), која суштински го менува значењето на поимите „маж“ и „жена“, исто така се воведува и контроверзната дефиниција за „родот“ како општествен конструкт, независен од биолошката – половата реалност, и истиот ќе може да се менува според волјата на поединецот. Како и поимот „родов идентитет“, различен од поимите „пол“ и „род“ (член 3-4), од Конвенцијата.

Самата Конвенција повлекува со себе измени на повеќе Закони: – Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, – Закон за еднакви можности помеѓу мажите и жените, – Закон за спречување и заштита од дискриминација, – Закон за семејство, – Закон за заштита на децата и уште редица други, сепак да не заборавиме дека целата оваа операција повлекува со себе и финансиски импликации.
Ајде да видиме што до сега е реализирано во контекст на Истанбулската Конвенција, надвор од она што министрите го реферираа на хибридната Панел дискусија. Во 2011 година е донесен Заеднички протокол за постапување во случај на семејно насилство, кој што не е од правно – обврзувачки карактер, а во кој во целост се разработува постапувањето по пријава на случај на семејно насилство, за секој орган одделно (МТСП, МВР, МЗ и Невладините организации).

Формирано е и активно Национално координативно тело против семејно насилство, кое треба да прерасне и да се трансформира во Национално координативно тело против родово засновано насилство. Со одлука на Владата, формирана е Група за еднакви можности на „жените“ и „мажите“. За да се има систем за заштита од насилство, потребно било да се имаат 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку 5 кризни центри, како и отворање на повеќе од 20 центри за советување во кризни ситуации и превенции. А тоа со себе повлекува обука на персонал кој ќе работи со нив, како и едукација на судиите и јавните обвинители кои треба да го препознаат и соодветно да го казнат родовото насилство. Во соработка со УНДП формирани се засега 3 центри за упатување на жртвите од сексуално насилство, и тоа еден на УК ГАК во Скопје и по еден центар во болниците во Куманово и Тетово.

-ПРОДОЛЖУВА-

Атина Белески

Related posts

Leave a Comment