По повод 119 годишнината од смртта на македонскиот великан и револуционер Гоце Делчев, делегација на политичката партија Родина Македонија полоши свежо цвеќе на неговиот гроб во црквата Св.Спас во Скопје.
Со зборовите Вечна ти слава Даскале и едно минутно молчење, делегацијата му оддаде почит на еден од најголемите херои во Македонската историја.