Политика

ЗА ПАРТИЈАТА РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ОТВОРАЊЕТО ,,КУЛТУРЕН ЦЕНТАР” ВО БИТОЛА НА СОРАБОТНИЦИТЕ НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ Е ФАШИСТИЧКИ ЧИН

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА ИЛИЈАНА ЈОТОВА В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО ОТВОРАТ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА СОРАБОТНИКОТ НА ФАШИСТИТЕ, ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

Пред да ја дадеме наша рекација, би сакале да дадеме еден увид во тоа кој е Ванчо Михајлов?

По 19-мајскиот преврат и забраната на ВМРО (1934) бил тајно пренесен во Турција (официјално емигрирал), а оттаму заминал во Полска (1938). За време на Втората светска војна престојувал во Загреб, кај Анте Павелиќ како негов специјален гостин и соработувал со германските воени служби. По доаѓањето на Германците во Загреб Михајлов се преселува во Виена каде живее како специјален гостин на Нацистите. Пред крајот на војната, со поддршка на Германците, дошол во Македонија, Скопје, септември 1944, со задача да формира квислиншка Независна Држава Македонија, но не нашол на поддршка.

Родина Македонија прашува, зошто во 2022 година, високи официјални лица на Бугарија, заедно со членови на УЧК, односно ДУИ и статисти Македонци од Владата на „Нивната земја“ би отварале културен центар во Битола, кој ќе носи име на соработник на фашистите, „Ванчо Михајлов“?

Дали коалицијата на фашистичка Бугарија и Балистите, нивниот план за голема Албанија и Санстефанска Бугарија, односно поделба на Македонија од Втората Светска Војна, под менторство на Германија е повторно на сила?
Дали фашизмот е повторно повампирен во Европа, на Балканот?
Дали Нирнберг не ја завршил до крај работата, па фашистите преживеале и повторно денес маршираат од Донбас до Егејот?.

Секако!
Како инаку да го протолкуваме сѐ ова што се случува на македонскиот народ?
Газењето врз волјата од референдумите, насилната промена на име со шарени револуции и хибридни војни, непроцесирање на хашки случаи за злостор против човештвото, убиство на деца за време на православни празници, континуирани напади врз суверенитетот на Македонија од страна на терористички организации од делот на Косово управуван од западните сили, изживуваае врз македонската историја, достотинство, се појави на фашизам.

Германските пари и служби повторно вршат дејствија против независна и суверена Македонија!

Сакаме да упатиме јасна и недвосмиселна порака!

Оваквата појава на фашизам на македонска земја каде е извршен злостор токму од фашистите, нѐ носи повторно пред портите на нова војна!

Родина Македонија има завет пред предците дека нема да ги предадеме нашите светли антифашистички идеали!

Некои од изјавите на Ванчо Михајлов:
” Македонија без Блгарска нација огин да ја гори”.
” И какво имаме ние от така наричаните Македонци, само проблеми с Грците и Србите…порано или по касно ште морам да ги свестим че се Блгари, ако ли не искат, Блгарија е д’лжна с тенкове и лагери да им освежи паметта.”

(Слика: Пристигнување на германските војски во Македонија)

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/

БУГАРСКИОТ ПРЕМИЕР КИРИЛ ПЕТКОВ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА БУГАРИЈА ИЛИЈАНА ЈОТОВА В САБОТА ВО БИТОЛА ЌЕ ГО ОТВОРАТ КУЛТУРНИОТ ЦЕНТАР НА СОРАБОТНИКОТ НА ФАШИСТИТЕ, ВАНЧО МИХАЈЛОВ!

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!