Македонија

Кандидатот за градоначалник на Скопје од Родина Македонија порачува: Ако го добијам мандатот, ќе ги укинам ковид-фашистичките мерки на територијата на главниот град!

Скопје отсекогаш бил антифашистички, слободарски град!
Скопјани во 1941та година се кренаа против фашизмот на Адолф Хитлер, а денес се креваат против ковид-фашизмот кој ги сегрегира граѓаните на граѓани од прв и втор ред. Сведоци сме и на суптилни закани од работодавците кон своите вработени за присилна вакцинација, заканувајќи им се дека доколку не ја примат вакцината против ковид, ќе добијат отказ.
Скопје наликува на голем концентрационен логор, каде што на граѓаните кои ја одбиваат вакцината им се ограничува слободата на движењето.
Доколку ја добијам довербата на граѓаните на Скопје, една од првите работи кои ќе ги направам, е укинување на фашистичките мерки на територијата на главниот град на Република Македонија.
Слободата е од Бога дадена и никој нема право да ви ја одзема!, напиша на својата фејсбук страна, кандидатот за градоначалник на главниот град.

Related posts

Leave a Comment