Македонија

Кулминација на фашизмот: Кандидатката за градоначалник на општина Центар од Родина, Силва Јовановска, спречена да ја презентира својата програма пред другите кандидати поради немање потврда за вакцинација

На вчерашната презентација на изборните програми на кандидатите за градоначалници за општина Центар во организација на НВО-Инфоцентар, на кандидатот од Родина Македонија не му било дозволено присуство поради немање потврда за вакцинација.

По претходна покана, добиена од невладината организација Инфоцентар која е финансирана од Усаид, Сорос, амбасадата на САД и која на својата веб страна агресивно промовира и поттикнува вакцинација против ковид, кандидатката за градоначалник за општина Центар од редовите на партијата Родина, се упатила кон хотел Солун каде што требало да се одржи настанот, но таму била спречена да учествува поради немањето сертификат за ковид имунизација.

Ова е уште еден доказ за сегрегацијата во општеството по примерот на нацистичка Германија од втората светска војна, кога на евреите им беше забрането слободното движење и учество во општествениот живот.

Related posts

Leave a Comment