Македонија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА ВО ПОСЕТА НА РУСКИОТ АМБАСАДОР: РУСИЈА И РУСКИОТ НАРОД СЕ ПРИРОДЕН СТРАТЕШКИ СОЈУЗНИК, НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ

Денес, 22 Март 2022, делегација составена од членови на Претседателството на Родина Македонија, Зоран Јованчев, Никола Чоневски и Владимир Трјаковски остварија средба со рускиот амбасадор во Република Македонија – Н.Е. Сергеј Баздникин.

На средбата се предаде Прогласот од Собирот пред Руска амбасада, одржан на 12 март 2022 година, адресиран до Неговата Екселенција г. Владимир Владимирович Путин, Претседател на Руската Федерација и Неговата Екселенција г. Михаил Владимирович Мишустин, Претседател на Владата на Руската Федерација.

Искажана е голема благодарност од руската страна за јавната поддршка на македонскиот народ кон Русија и рускиот народ за специјалната операција денацификација и демилитаризација на Украина.

Како делегација го претставивме и проблемот од евентуалните реципрочни санкции од страна на Руската Федерација кон Република Македонија, во кои ќе бидат погодени работниот македонски народ, земјоделците, но не и елитите кои се дел од глобалната западна русофобија. Искажан е ставот дека токму кај тој работен народ е изразена поддршката кон Русија.

Разменивме мислења за состојбите во Украина, глобалните процеси, како и состојбите на Западен Балкан.

Ги објаснивме процесите околу промена на името, кое се случи во идентични услови со тие на Мајдан во Украина.

Го повторивме ставот на Родина Македонија, дека за нас Македонците, Русија и рускиот народ се природен стратешки сојузник, со кого треба да градиме односи на многу повисоко ниво од досегашното.

Историјата покажа дека процесите на меѓусебното помагање назименично одеа од Македонија кон Русија и од Русија кон Македонија, во зависност на кого му е потребна таа помош.

Отворивме и прашања во делот на јавното информирање за вистината, за случувањата во и околу Русија, Украина, во услови кога се раширени дезинформациите и лажните вести.

Средбата траеше еден час и заврши во пријатна и пријателска атмосфера.

Бидете дел од политичката партија „Родина Македонија“

http://rodina.org.mk/pristapnica/

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!