Македонија Политика Реакции

РОДИНА МАКЕДОНИЈА: ЗАБРАНАТА ЗА ПРЕЛЕТ НА АВИОНОТ НА РУСКИОТ МИНИСТЕР ЛАВРОВ Е СРАМНА!

ЗА ПОЛИТИЧКАТА ПАРТИЈА РОДИНА МАКЕДОНИЈА, ПРОТЕРУВАЊЕТО НА РУСКИТЕ  ДИПЛОМАТИ Е АНТИМАКЕДОНСКИ ЧИН! - СЛОБОДЕН СВЕТ

По вчерашната одлука на МНР да не дозволи прелет на авионот на Министерот за надворешни работи на Русија, со реакција се јави политичката партија Родина Македонија.

Срамна е одлуката на МНР, односно испоставата на УЧК, да не дозволи прелет на авионот на Министерот за надворешни работи на Русија, почитуваниот Сергеј Лавров за официјална средба во трета земја!

Срамен е и молкот на двете евроатлантистички партии СДС на нивната земја и ДПМНЕ на нивниот народ, кои се само декор на оваквата политика, која е антинародна, антимакедонска.

За жал и добар дел од нашиот народ дреме во двете идеолошки умрени евроатлантски системски партии ДПMНЕ и СДС и се дел од оваа срамна политика, која Македонија веќе скапо ја чини.

Цените на енергенсите, вештачкото ѓубриво, храната, неизвезеното земјоделско производство, уништени енергетски капацитети, хидро потенцијал е пред се ПОСЛЕДИЦА на погрешните политики токму на оваа влада, инсталирана преку изборен менаџмент и шарени револуции, уценети политичари, итн…

Родина Македонија го осудува овој антинароден и антимакедонски чин од страна на МНР, односно испоставата на УЧК и јавно се извинува на Русија и рускиот народ поради постапките на таканаречената Влада на „Северна“!!, се вели во соопштението на официјалната интернет страна на Родина Македонија.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!