Македонија

РОДИНА МАКЕДОНИЈА: ТРИ ГОДИНИ ОД ТРИТЕ НЕ, НЕ ЗА НАТО, НЕ ЗА ЕУ И НЕ ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР!

На 30 септември 2018 година, македонската нација ја искористи единствената можна опција, да го бојкотира референдумот и да отвори мала врата во евроатлантската депонија, за народ кој се буди и кој не сака повеќе да живее како роб во сопствената земја, да излезе и да почне да живее слободно, по македонски.

За потребите на однадвор конструираниот Етноцид за самобришење на македонската нација, дојдоа сите негови креатори, Терезеа Меј, Себастијан Курц, Ангела Меркел, Столтенберг, поддршка од Макрон, комплет целата демонкратска евроатлантска буламента.
Карактеристично за оваа „елита“ е што со векови прави обиди да го избрише македонскиот народ од неговата етничка територија.

Во конструктот учествуваше позицијата, но и опозицијата, исто така слуги на гореспоменатите, кои до 12:00 се думаа дали фекалиите, како што ги нарекоа слободарските Македонци, ќе успеат да го поразат монструозното сценарио.

Референдумот го пратеше и стандардниот систем на изборен евроатлански инженеринг, беа уфрлени 130 000 ливчиња.

Македонската нација рече НЕ за ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, НЕ ЗА НАТО И НЕ ЗА ЕУ!

Референдумите во демократскиот свет се ЗАДОЛЖЕНИЕ за сите чинителите во општествено политичкиот живот.

Не постои меѓународна организација, сојуз, сила која е над народната волја!
Затоа и влезот на фиктивната Северна во НАТО е влез на непостоечка држава, која со себе го влече целото на неколку пати рециклирано политичко ѓубре со себе.

За Родина Македонија како суверенистичка, народна партија, Референдумите се самата суштина на демократија.
Ние се подигнавме токму од погазениот народ, народ кој тргна да си ја врати Република Македонија!

Час поскоро да го направиме тоа!
Придружете ни се!

Related posts

Leave a Comment