Актуелно

Симовски: Штом ќе бидат објавени резултатите од пописот ќе бидам нападнат!, Партијата Родина Македонија, за нас пописот е нелигитимен(ВИДЕО)

Симовски: Подготовките за пописот на 1 април 2021 не престанале, се чека  само законот за попис | МКД.мк

Како наближува датумот за објавување на податоците од пописот, одржан во септември лани, така се вжештуваат реакциите од партиите и јавноста околу нивната веродостојност. Следната недела ќе се добие целосната слика за етничката бројност во државата, а веќе почнаа партиските лицитации за тоа колкава треба да биде застапеноста на одредени малцинства за да ги признаат резултатите. На сето ова се надоврза и директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, кој изјави дека по објавувањето на резултатите ќе биде прогласен за државен непријател.

Како и да е, резултатите од пописот на населението во 2021, како што информираше првиот човек на ДЗС, ќе бидат објавени на 30 март. Тој објасни дека е свесен дека, како и за повеќето работи во државава, така и за пописните резултати ќе се крене голема прашина.

„Во оваа држава секоја изјава веднаш се дочекува со напади и коментари. Затоа и сметам дека штом ќе бидат објавени резултатите од пописот, ќе бидам нападнат. Но, да почекаме и да се стрпиме до 30 март, па потоа ќе може да дискутираме“, изјави за весникот ВЕЧЕР, Симовски.
Неговата изјава дека ќе биде државен непријател, но дека ДЗС не е џубокс за исполнување на желби, туку треба да направи реална фотографија за населението, предизвика остар коментар од поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Благица Новковска.

„Апостол Симовски дал изјава дека еден месец по објавувањето на пописните резултати ќе бил државен непријател број еден?! Повторно ги потценува Македонците. Додека постои векот и светот Македонците не треба да го заборават неговото име. И не биле џубокс да исполнуваат желби?! Тој не е џубокс, а ниту тие околу него туку се прескапо платени алатки за демонтирање на статистичкиот систем граден од многу генерации на статистичари“, напиша Новковска на Фејсбук.
Таа додаде дека голем број лица не се попишани, како и добар дел од домаќинствата.

„За оние кои разбираат статистика и можат да направат анализи и проценки, не се попишани повеќе од 350.000 лица – државјани, а и повеќе од 100.000 домаќинства фалат. Пописот беше турбо собирање на единствени матични броеви и дупло попишување, посочи Новковска на Фејсбук.
Големи сомневања околу веродостојноста на пописот изразија повеќе партии. Според министерот за локална самоуправа и претседател на ЛДП, Горан Милески, нејасно е зошто дури седум месеци беа потребни да се обработат податоците, иако пописот се реализираше електронски. Тој упати критика дека пописот стана политичка наместо статистичка операција. Пратеникот и претседател на Демократски сојуз, Павле Трајанов, се сомнева дека Симовски со својата изјава дека ќе биде прогласен непријател, најавува дека ќе има податоци кои не се вклопуваат во реалната состојба во државата. Тој додаде дека е можно да има реакции од сите етнички заедници и тоа да предизвика поларизација во општеството и стабилната меѓуетничка состојба во државата да се наруши.

И од опозициската партија Родина Македонија предупредија на манипулации со пописните резултати, а членовите на претседателството на партијата во телевизиски настап посочија дека имало допишување на лица кои го бојкотирале пописот. Пописот е дел хибридната војна против Македонија и Македонскиот народ, а целта е федерализација на Македонија.Ние остро ќе се спротиставиме на оваа режирана фарса на сите можни начини.

Видео од изјавите на Родина Македонија околу пописот:

 

 

Дел од партиите со етнички предзнак веќе лицитираа со „веродостојната“ процентуалната застапеност. ДУИ јасно ставија до знаење дека нема да ги признаат резултатите ако Албанците се под 20 отсто. Ромите очекуваат да се покаже дека се 4 отсто. Турците најавија дека нема да ги прифатат бројките доколу бидат под 7 отсто од вкупното население.

Related posts

Leave a Comment

error: Content is protected !!