Македонија

Атак врз слободата на медиумите – Фејсбук по барање на македонските служби ги брише објавите на СЛОБОДЕН СВЕТ

 

Социјалната мрежа Фејсбук во рок од една недела на три пати без никакво образложение ја блокира фб страницата на Слободен Свет од можност за објавување на своите постови на овој социјален медиум.

Побаравме одговор од ФБ за овие цензурирања но не добивме повратен одговор.Во меѓувреме десетина објави на Слободен Свет беа избришани од фб групите.

Познавачите на проблематиката околу регулацијата на медиумскиот простор ни укажаа дека ниту еден социјален медиум не постапува со рестриктивни мерки спрема своите корисници доколку службите за безбедност од одредена држава не побараат да се санкционира некој корисник или медиум.

Претходно на исто или слично цензурирање се жалеа порталот Коложег Инфо,Ливрински Блог како и многу други приватни фб корисници кои пишуваат критички кон власта.

Дали Македонија влегува во информативен мрак од Орвеловски карактер и дали власта поплука врз сето она што го говореше за слободата на говорот додека беше во опозиција останува да видиме.

Related posts

Leave a Comment