Колумни

Атеистичката космологиjа е само уште една , нова , религиjа

 

 

  Фред Хоил , , кумот , на  ,, Биг Бенг,, претпоставувал дека раѓањето на  тоа што денес го нарекуваме Универзум , се случил како резултат на грандиозна експлозиjа во една точка ,со многу помала димензиjа од атом. Многуброjните документарни филмови , облагородени, со скапи спец. ефекти ( како аудио , така и визуелни ) , постоjано го збунуваат разумот на консументите  со термини кои се вон човековите поимања на Светот , а чив дел сме и самите. Тие , ( скапите документарци )  тврдат ; Вселената настанала од една точка со висока густина , едновремено и насекаде?! Првото прашање на здравиот интелект кон авторите на Дискавери или сродните телевизиски канали е ; – А што било до тоа , во каква средина живеела ,,густата точката,, пред да експлодира , од каде ,, точката ,, се материjализирала и каква е неjзината природа? Тоа прво прашање е обременато со голем броj на прашања – зародиши , кои се недокучиви за човековата логика , избаждарена  адекватно концептот за причинско – последователни односи. Одговори на тие прашања нема , но затоа елитниот клуб на математичарите ги одобрува овие збунувачки филмски продукти на класичното образование ( чиви што жртви сме сите ние в куп земени ) , оправдуваjќи jа нивната автентичност и правдоподобност со математички урамнениjа , кои ги разбираат само неколку стотина припадници на тоj супер- елитен клуб, низ целиот Свет.
За среќа (,, На ќорото пиле Бог гнездо му вие,, ) постои и , народна, космологиjа коjа го обjаснува ,, раѓањето ,, во рамки разбирливи , без ниту една равенка со умопомрачителна комплексност:
          – ,, Да се обидеме да разбереме што се случувало во мугрите пред Вселената да се роди. Претставете си  соба со вообичаен ентериер. Сега , дозволете , да започнеме со загревање на таа просториjа. До 200 стапени по Целзиус. Веќе под 100 Ц ( Целзиусови степени ) , разбирливо , ниту еден човек не може да преживее. Jа зголемуваме температурата до 525 Ц.- точката на Драjпер – каде што сите обjекти светат со темно- црвена боjа , но , дозволете , температурата е подигната до 5.500 Ц. – коjа е температурата на површината на Сонцето.
При такви температури материjата суштествува во четвртата своjа состоjба . Не е во тврда , ниту течна или гасовита состоjба , туку во плазма. Тоа е состоjба во коjа електроните излетуваат од своите привични орбити околу jадрата на атомот и молекулите се претвораат во jони. Имено од таа плазма се состои и телото на Сонцето.
Ако продолжиме со зголемување до сто милиjарди степени , а таква била претпоставената  тампература неколку  секунди после тоа што е ,, канонизирано ,, од класичната наука како ,, Биг Бенг,,. И тогаш во собата ќе почнат да се случуваат чудни работи ( ако и ова досега не беше доволно чудно ): сега , не само што електроните се откинаа од jадрото , како при плазмената состоjба , но и самите jадра се распаднале на протони и неутрони , а протоните се, раситнале , на кваркови и гљуони. Наjпосле ,, собата ,, се наполни со кварк- гљуонова плазма…
 И од ова место – натака , никоj не знае што понатаму ќе се случи , доколку станува збор за  случаен процес коj е предвижуван од внатрешниот неконтролиран хаос. Една од можностите секако дека била ; изчезнување на кварк- гљуоновата првобитна чорба заради нелеп настан , случен во било коj дел во рамката на Универзумот, коj секоjа секунда станувал пообемен за 300.000 километри во сите правци и насоки. Само акумулирана сила со голема густина , предвижувана од друга сила – гравитациjа , jа натерало плазмата во експанзиjа , постепено стинеjќи . Од наjфините , наjмали честици , Некоj или Нешто, со алат и фат , недостапен за нашите jувелири или талентирани оператори , почнал да го гради  ландшафтот на Универзумот , единствениот перпетум – мобиле прихрануван од самиот себе…
Но сепак , крунскиот доказ за сушествувањето на некоj вид ,, универзална матрица на природата ,, и неговата материjалност во видливиот за нас дел од Вселената …, значи ; во еден Универзум коj е во со-живот со останатите   себеподобни, а се разликуваат според можноста за перцепциjа со нашите сетила , на истите, … дава самата класична наука ( коjа се jавува како главен ,, спонзор ,, на атеистичкиот приод кон Вселената и неjзиниот постанок ).
Таа не учи , а животното искуство потврдува : Енергиjата , коjа jа експлоатираме во немерливи количества ежедневно , колку и да е невидлива , се раѓа во недрата на материjата . Нафтата , jагленот , водата … потоа  ,сончевата енергиjа -потекнува од плазмата , а таа е  ,само ,четвртата агрегатна состоjба на материjата, ветарот – ако е тоj син на воздушните маси ; тогаш и неговата енергиjа носи материjална суштина. За , делењето на атомот , и силата коjа се ослободува при тоа – исто така се е познато.
   Тогаш , ако ,, Големиот Прасок ,, е ослободување на колосално количество енергиjа , способна да jа расфрла првобитната материjа од висока густина , со брзина од 300.000 км.ч.  и  ( како што тврди современата космологиjа ) е вездеприсутна веќе 13.500.000.000. години , коj е материjалниот архетип , способен на таков подвиг???
Неговата персонификациjа во човеко-подобни ликови само jа олеснува комуникациjата  со универзалната матрица на природата. Негирањето  материjалната суштина на етерот и енергиjата распослана во него , претставува неискористување на чулата  и полно отсуство на логичко размислување.  Атеистичката  космологиjа е само уште една , нова , религиjа . Синтагмата :  ,,Универзумот е случаен сплет на околности,, –  му го покажува  ,, местото ,, на човекот во анти-хуманиот систем на општествени и социjални односи. ,, Нема Бог , не постои ништо после Смртта , нема други Светови ! Роб се раѓаш , роб умираш ! Секоjа помисла за Духот и Душата се ,, надгласани ,, од Разумот и живеат во тивок апархеjд, скриени како во дупка ископана од самур. Т. е. ,, Невозможно е да скокниш повисоко од главата,, – велат во феудалните општества.
И покраj , атеистичката безбожност , сепак тоа е уште една религиjа , можеби и наjсурова во споредба со неjзините директни конкурентки. Тие барем предлагаат : Раj , после Смртта , ако добро се владееш. А Адептите на атеизамот не нудат ништо , дури ни тогаш . Но затоа ветува : – Ништавило , темнина и небитнина , како во време животот – така и понатаму.
Зоран Курљан

 

Related posts

Leave a Comment