Свет

Берлускони испрати писмо со благодарност до Путин за неговата помош во борбата против коронавирусот во Италија

Берлускони испрати писмо со благодарност до Путин за неговата помош во борбата против коронавирусот во Италија

„Благодарам од дното на нашите срца, ова нема да го заборавиме“, се вели во пораката.

Официјални претставници на поранешниот премиер на Италија, сега европски пратеник, изјавија дека Силвио Берлускони испратил писмо со благодарност до рускиот претседател Владимир Путин за неговата помош во борбата против пандемијата.

„Во понеделникот Берлускони испрати писмо до Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин, во кое му се заблагодари на еден пријател и на целиот руски народ за помошта што и ја дава Русија на нашата земја во овој драматичен момент. Берлускони го смета овој гест како вистинска жртва направена во име на пријателството и љубовта кон Италија и Италијанците “.

Да се потсетиме, пред една недела за време на телефонскиот разговор помеѓу Путин и италијанскиот премиер Џузепе Конте, беше договорено Русија да и ја обезбеди потребната помош на италијанската држава во борбата против коронавирусот. Од вечерта на 22 март до утрото на 25 март, во Италија пристигнале 15 авиони, кои донеле околу 100 руски воени вирусолози и специјалци на Министерството за одбрана од областа на епидемиологијата, осум медицински екипи за борба против коронавирусот, како и опрема за дијагностицирање и дезинфекција. Руските воени експерти пристигнаа во средата во градот Бергамо, еден од најтешко погодените од епидемијата, каде ќе помогнат во борбата против коронавирусот.

Related posts

Leave a Comment