Регион

Бугарите се вооружуваат со нови Ф-16 борбени авиони

Бугарија очекува САД да испорачаат осум нови борбени авиони Ф-16 во вредност од повеќе од една милијарда евра, објави Министерството за одбрана.

 

 

Стејт департментот ја одобри продажбата на борбени авиони на бугарската војска, објави во понеделникот Пентагон.

Бугарија, членка на НАТО и на Европската унија, сака да го замени застарениот советски авион МИГ-29 и да се вооружи по стандардите на НАТО.

Купувањето на такво оружје ќе биде најголема аквизиција за оваа балканска земја од падот на комунизмот, објави Ројтерс.

Бугарското Министерство за одбрана објави дека договорот за купување треба да заврши во наредните две недели.

– САД треба да достават нацрт-предлог до бугарската влада во рок од две недели. Очекуваме цената на осум борбени авиони да изнесува 1,2 милијарди долари (малку повеќе од една милијарда евра), се вели во соопштението на министерството.

Првичната цена што Бугарите се подготвени да ја платат за американските борбени авиони изнесува околу 1,8 милијарди лева (1,04 милијарди долари), но бугарскиот парламент даде зелено светло за министерството за одбрана да ја надмине планираната сума.

Related posts

Leave a Comment