Регион

Вандализирана новопоставената статуа на Александар Македонски во Атина

Новоизградената статуа на  Александар Велики во центарот на Атина беше вандализирана од непознати лица, најверојатно во вторникот вечерта, објавија медиумите.

Вандалите насликале слогани на црниот пиедестал на статуата која се наоѓа на аголот на улиците Амалија и Василилис Олгас.

Статуата, извајана од истакнатиот грчки уметник Јанис Папас (1913-2005), е висока 3,5 метри и долга 3,8 метри и е поставена на 17 април. Таа била донирана од скулпторот на општина Атина.

Извор : Катимерини

Related posts

Leave a Comment