Свет

Венецуелските власти спречија уште еден обид за државен удар !

Министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригез, рече дека заговорниците планирале да ги искористат депоата за муниција и воениот аеродром во Каракас

 

 

 

 

Властите на Венецуела  спречија уште еден обид за потготвување државен удар, изјави во средата министерот за комуникации и информации, Хорхе Родригез.

“Имаме видеоснимки кои служат како доказ дека оружјето и парите биле префрлени [со цел да се изведе државен удар]”, рече Родригез на прес-конференцијата што ја емитува телевизискиот канал Телесур.

Родригез рече дека заговорниците планирале да ги искористат депоата за муниција и воениот аеродром во Каракас, а потоа да го ослободат поранешниот министер за одбрана, Раул Бадуел, од затвор. Во 2009 година, Бадуел беше осуден на затвор поради корупција. Конспираторите планирале да го прогласат Бадуел како претседател на Венецуела.

На 23 јануари, претседателот на националното собрание на Венецуела Хуан Гуаидо се прогласи себеси за в.д.  претседател. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро го окфалификува како обид за државен удар и најави прекин на дипломатските односи со САД. На 28 јануари, САД наметнаа санкции врз  венецуелската нафтна компанија во државна сопственост ПДВСА.

Гуаидо беше признат како привремен претседател од страна на земјите од групата Лима (освен Мексико), како и од Албанија, Грузија, САД и Организацијата на американските држави. Неколку земји од ЕУ излегоа со поддршка за парламентот на Венецуела и изразија надеж за нови избори за решавање на кризата. Мадуро беше поддржан од Русија, Белорусија, Боливија, Иран, Кина, Куба, Никарагва, Ел Салавадор, Сирија и Турција.

Related posts

Leave a Comment