АктуелноМакедонија

Весна Бендевска : Па нели е бре срамно што утре финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку јавниот сервис – МРТВ?

 

Поранешната пратеничка и  поранешен висок партиски функционер во владеачката СДСМ на својот ФБ профил го изрази својот револт поради немањето тв пренос од натпреварите на нашиот ракометен шампион на фајнал форот во Келн.Таа во својот статус напиша :

 

Па нели е бре срамно што утре финалето на ЛШ во ракомет нема да се пренесува преку јавниот сервис – МРТВ? Кога „дојде животот“ за сите, прво бевме ‘ослободени’ од 190 денари за РДТ. Каков „успех“! По некое време бевме принудени на приватниците да им плаќаме по 100-150 денари повеќе за тв и интернет-услуги!!! „Ни ќар- ни зијан!“ – за нас, ама и тоа како ЌАР за приватниците како Роби-Телекабел! Наместо во државно, во приватно ќесе да придонесуваме! И сега – немаме можност преку ТВ да гледаме врвен ракомет каде учествува нашиот државен првак?! Па, дали е ова нормално, бре??!

 

 

Related posts

Leave a Comment