Свет

(ВИДЕО)ЛУКАШЕНКО : Дали коронавирусната инфекција е рачно создадена?Размислете убаво!

Со оваа психоза, сега практично ја запревме економијата на целиот свет. Руската Федерација, која во многу погледи наликува на нас и ние на нив, малтене практично живееме во истите услови, исто така го намали производството. Гледате што се случува во економијата.

Кога Трамп во САД, што критикував денес,  прогласи вонредна состојба  … отворено ќе кажам дека според мене ова е екстремна кусогледост и глупост на американското раководство. Но, Трамп кој се занимаваше со Бизнисот брзо се преориентира и  многу ми се допадна неговата последна изјава. Тој рече: „Ако полека не се вратиме во претпријатијата и не започнеме со работа, многу повеќе Американци ќе умрат без работа отколку од коронавирусот“.

Сега разбирате зошто не ги затворив претпријатијата. Главниот советник на администрацијата е присутен и може да потврди дека ни е советувано да ги затвориме границите , да ги затвориме сите претпријатија и да ставиме се под карантин и тогаш ја донесов тешката одлука. Ова ќе го сториме кога ќе биде потребно. Не разбирам зошто би ги затвориле претпријатијата.

А за вирусот веќе реков. Имаме вирус секоја пролет и сега тука имаме некој коронавирус. Два месеци,  лично ја анализирав стапката на смртност во Белорусија. Јас ги споредив јануари и февруари од 2018 и 2019 година со 2020 година.

Имаме општо намалување на стапката на смртност за 15 проценти . А од воспаление на белите дробови и коронавирус, кај насникој не починал за два месеци.

Па, зошто тогаш се затвараме и правиме врева? Кога ќе заврши ова со коронавирусот, не само вирусот, туку и психозата, имам многу интересни работи кои треба да ви ги раскажам . Многу! А вие размислете за две прашања.

Прашање 1: Дали коронавирусната инфекција е рачно создадена или случајно се создава во воздухот? На кого му требаше овој вирус? “

Второто прашање:  Сè уште нема да одговориме на него. Кажете ми, во светот, почнувајќи од моите колеги политичари па надолу и други, дали се обидоа да ја искористат оваа вирусна болест и психоза за своите цели и интереси? Размислете за прашањата. На кого му треба ова за да го искористи? Кој објави дека ова воена работа? Жолтите елеци треба да се отстранат од улицата. Кај некои, причините се изборите, кај некои нешто друго.

Сите нешто мотаат, завиткуваат, си играат со оган. Ќе разговараме на оваа тема кога се ова ќе заврши “, ја заклучува својата изјава, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Тој е претседател на земјата што има најголем број болнички кревети на 1.000 жители во светот и кој покрај се реши тотално да го игнорира коронавирусот. Предлогот на претседателот Лукашенко да размислиме за сè не е за  отфрлување.

Извор Логично.ком

Related posts

Leave a Comment