Македонија

ВмРО-ДПСНЕ : СЕНДВИЧИ ЈАДЕМЕ СЕВЕРНА СТОО

На денешниот собир,протест,митинг или што и да беше на ВмРО ДПСНЕ ,лидерот на партијата која го бетонираше проектот Северна проектиран од Зоран Заев,Христијан Мицкоски, побара истрага за доскорешниот премиер, лидерот на СДССМ, Зоран Заев за злоупотреба на службена положба, итна реформа на Советот за реформи во правосудството и ревизија на работата на врховните судии и нивните одлуки.

Мицкоски пред Судот во обраќањето пред насобраните граѓани рече дека протестираат оти неправдата станала неподнослива. Тој вели дека аудио материјалот, кој пред некој ден беше објавен на прес конференција на ВмРО-ДПСНЕ, покажува дека мафија владее со секоја власт која треба да биде независна.

Тој говореше за се и сешто, само не за криминалната антиуставна промена на името на нашата држава, тиранската платформа и штетниот договор со Бугарија. Очигледно тие горливи прашања Мицкоски како што неодамна спомена ќе ги остави за некои идни генерации македонци кои нема да бидат како сегашните лоботомирани ДПСНЕ-ОВЦИ и СДССМ-ОВЦИ, туку ќе бидат вистински патриоти.Неизоставен дел од денешниот собир беше веќе неизбежниот поделба ритуален обред на конзумација на сендвичи.

СЕНДВИЧИ ЈАДЕМЕ СЕВЕРНА СТОО !!!

Related posts

Leave a Comment