Религија

Грчката Православна Црква : Јогата е неспоива со православната вера

Greek Orthodox Church Declares Coronavirus Not Transmitted by ...

Грчката црква ја критикуваше практиката на јога во борбата против стресот поради коронавирусот, оценувајќи дека јогата е „целосно некомпатибилна“ со православната вера.

„Јогата е апсолутно неспоива со нашата православна вера и нема никакво место во животот на христијаните“, соопшти Синодот на грчката православна црква.

Јогата е „основно поглавје на Хундизмот… не е вид на физичко вежбање“, додаде Синодот, прецизирајќи дека одлучи да интервенира откако повеќе медиуми препорачаа јога за борба против стресот за време на пандемија на коронавирус.

За време на изолацијата, која постепено се укинува од 4 мај, грчката православна црква е критикувана за инсистирање на тоа дека коронавирусот не се шири низ причестувањето.

Related posts

Leave a Comment