Македонија

Двајца странци во Скопје со симптоми на корона

 

Две лица, странски државјани, едното од Австралија и другото од Сингапур, сместени во хотел во Скопје, ги информирале здравствените власти во земјава дека веќе три дена имаат симптоми на настинка. Во процедура е утврдувањето дали станува збор за корона вирус или не, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Епидемиолози веќе разговараат со нив, земени им се брисеви и пратени се на изработка. За неколку часа ќе знаеме и ќе преземеме соодветни мерки. Се прати каде биле претходно. Дошле и двајцата од Келн. Сите чекори ќе се прават согласно резултатите од тестирањето. Не излегле од соба неколку дена, во изолација се. Има јасно ореден алгоритам, се евалуираат се гледаат сите контакти кои потенцијално заболените ги имале со други лица. Мал е ризикот да се пренесе заболувањето ако имале близок контакт со некој кратко време. Ќе се направи детална анализа каде биле и каде циркулирале и колку време поминувале. Согласно тоа, ќе се постапи и за местото каде што се сместени и за местата каде што се движеле – информира министерот.

Тој информира дека има нов предлог за продолжување на забраната за одржување масовни собири спортски натпревари до 13 март.

– Оваа мерка е резултат на тоа што бројот на заболени лица во Европа постојано се зголемува, утрово бројката е 4.250 заболени лица. Во нашиот регион нови пациенти има во Словенија и во република Српска двајца. Италија ги затвори сите училишта и универзитет. Утрово имавме разговор и со мобилните оператори, кои излегоа во пресрет и има ново решение – сите странци да бидат известени што треба да преземат ако им се јават симптоми на болеста – додаде Филипче.

Прашан за состојбата со сезонскиот грип, тој рече дека се очекува оваа недела да се намали бројот на заболени.

– Утрово на Инфективната клиника имаше 30 пациенти кои се лечат од грип. Но, како  растат температурите, очекуваме дека бројот на заболени ќе опаѓа – рече министерот.

Related posts

Leave a Comment