Политика

Европски парламент : Руската пропаганда е главен извор на дезинформации

Европратениците очекуваат дека ЕУ треба да ги поддржи земјите од Западен Балкан да ги обезбедат своите изборни процеси од малициозни пропагандни активности.

БРИСЕЛ – Европски пратеници предупредуваат дека главен извор на дезинформации во Европа е пропагандната кампања на Русија, но, исто така, Кина, Иран и Северна Кореја. Европскиот парламент остро ги осуди сè поагресивните активности на Русија, Кина, Иран и Северна Кореја, „кои сакаат да ги нарушат темелите и принципите на европските демократии, како и суверенитетот на сите земји од источно партнерство“, се вели во соопштението.

Имајќи ги предвид неодамнешните напори на ЕУ да се спротивстави на непријателската пропаганда од „трети страни“ , европратениците ги повикуваа земјите-членки да размислат за развој на силна правна рамка на Унијата и на меѓународно ниво ,за борба против овие закани. Во резолуцијата донесена од 489 пратеници, ЕП сака да ја подигне свеста за руските пропагандни кампањи, бидејќи е „главниот извор на дезинформации во Европа“.

Земјите-членки се повикуваат да ги изменат изборните закони, кои ќе им овозможат проактивно да се спротивставуваат на заканите од ширење на дезинформации, сајбер-напади и кршење на слободата на изразување за време на гласањето.

Пратениците остро го осудуваат мешањето на трети страни во изборите и референдумите, а ЕУ треба да ги поддржи и земјите од Западен Балкан да ги заштитат своите изборни процеси од малициозни пропагандни активности, пренесува Танјуг.

Related posts

1 comment

DLM 11/10/2019 at 10:16

Како што полека ама незапирливо се руши светот на еуро-атлантистите, така тие сигурно се повеќе и повеќе стануваат агрсивни!
Иако е познато дека најдоброто оружје против пропагандата (лажните вести и дезинформации) и всушност единствено ефикасно е вистината и аргументирано информирање старата блудница ЕУропска и понатаму тера со валкана пропаганда и цензура.
По медиумите и интернет сервисите (портрали и се друго) забележлива е геноцидната пропаганда и цензурата, од страна на еуро-атлантистите и друг вид платеници како што се квисллиншките фарми со тролови, која е ставена на нај-јако, па така на форум каде инаку оставам свои размисли и сл. одлучиле да ми ја блокираат IP адресата, значи не да ме банираат или аргументирано разубедат и спротивстават на моите аргументи туку едноставно да ме замолчат!
Е па тоа “нече мочи ове ночи“, затоа што ниту сум единствен ниту вашите партали, форуми и сл се единствените, денес во светот на сеприсутна интернет поврзаност да применувате такви методи само ја покажува вашата немоч и крај!!!

Reply

Leave a Comment