Свет

ЕВРОПСКИ ШАМАР ЗА ЕРДОГАН : Вратете ги мигрантите од грчката граница!

Реџеп Таип Ердоган

 

Турција мора да ги отстрани мигрантите од границата со Грција, истакна Урсула фон дер Лајзен, претседателка на Европската комисија, пред денешниот најавен разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Пронаоѓање решение за оваа ситуација бара попуштање на притисокот на границата“, рече Лајен на прес-конференција.

Таа рече дека е неопходно да се осигура остварувањето на правото на азил, но и дека веднаш треба да им се даде помош на обете држави, Турција и Грција, кога станува збор за миграцијата, особено за најмладите, оние заробени на грчките острови кои сакаат да се преселат во Европа.

Related posts

Leave a Comment