Свет

Ердоган го нарекува “преселувањето” на Ерменците во 1915 година како “најразумна акција” од страна на Турција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган оваа недела го продолжи своето долгогодишно негирање на злосторствата извршени врз ерменскиот народ за време на почетокот на Првата светска војна.

Сепак, турскиот претседател  направи  чекор понатаму оваа година со оправдување на депортацијата на ерменскиот народ и нивниот последователен геноцид на патот кон Сириската пустината.

Ердоган рече: “Преместувањето на ерменските банди и нивните поддржувачи, кои го масакрираа муслиманскиот народ, вклучувајќи ги и жените и децата, во источна Анатолија, беше најразумната акција што можеше да се преземе во тој период”. Тој додаде дека “вратите од нашите архиви се широко отворени за сите кои ја бараат вистината “.

Оправдувањето на турскиот претседател го имитира истиот одговор на Младо Турците, кој се обидуваа да ги прикажат Ерменците во тоа време како насилни отпадници што ја предадоа Турција.

Она што стана познато како “ерменски геноцид” резултираше со смрт на околу 1,5 милиони луѓе, заедно со масовната емиграција на останатите Ерменци во земји како Сирија, Либан, Палестина и Ирак.

Многу од потомците на убиените за време на геноцидот од 1915 година сè уште може да се најдат во регионот на Блискиот Исток, при што Сирија и Либан можат да се пофалат со големи ерменски заедници.

Освен смртта на 1,5 милиони Ерменци, Отоманската Империја изврши депортација и геноцид на околу 750.000-1.000.000 Асирци (Сејфо-геноцид) и Грци.

Турција не признава геноцид, но признава дека голем број Ерменци, Асирци и Грци биле насилно раселени во 1915 година.

Related posts