Свет

Земан : ЕУ е водена од сиви бирократски нули

Exclusive: Zeman told Kisk he didn't know history - World - News

Чешкиот претседател Милош Земан ја обвини Европската унија дека не успеала да ја спречи пандемијата на корона вирус затоа шти на почетокот критиките од Брисел стигаше критика за земјите кои ги затвораа границите како мерка против епидемијата.

„ЕУ затаи во борбата со епидемијата на вирусот корона, бидејќи претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајзен, постојано го критикуваше затворањето на границите. Драго ми е што чешката влада ги затвори границите. Отворањето на границите би значело експлозија на епидемијата“, рече претседателот Земан во ТВ-интервју за чешкиот таблоид Блеск.

Чешкиот претседател оцени дека епидемијата на вирусот Корона ќе ја ослабне ЕУ бидејќи апсолутно затаила, а особено ЕК.

„Секако ќе ја ослабне ЕУ затоа што оваа пандемија покажа дека Унијата не е во состојба да координира акција. И очигледно, ќе дојде до потрага за причините, каде што постојано се залагам за став дека решавачкиот фактор во успехот во политиката се  политичарите. Или имате посебни харизматични личности, како што на пр. беа основачите татковци на ЕУ, или сиви нули кои стигнаа таму за возврат на услуга “, рече Земан.

Претседателот на Чешката Република рече дека сега кога пандемијата дојде како кризен тест во кој треба да се покаже кој може а кој не, на ционалните држави успеаја а ЕУ затаи.

„Ајде да се обидеме да го промениме однесувањето. ЕУ нема никаков пандемски план, нека го направи“, рече чешкиот претседател, иако здравствените и пандемиските планови спаѓаат во надлежност на националните земји-членки, а не на ЕУ.

Милош Земан апелираше дека по оваа пандемија, Европа да настојува  ЕУ да ја водат како луѓе што биле основачите татковци, а не сиви бирократски нули какви што гледа денес во Брисел.

Чешкиот претседател, кој од почетокот на епиемијата се повлече во летниот претседателски замок, Лани, во близина на Прага, пред ова интервју им се обрати само еднаш на чесите, воглавном да критикува, наместо да фали, да се извини за грешките и да се обиде да се обедини, различно од тоа што тоа го прави премиерот Андреј Бабиш кој се извинува за грешките .

Денес, со поинаков тон, Претседателот ја пофали Владата за мерките што ги презема и им се заблагодари на граѓаните што биле дисциплинирани, додека повторно не пропушти да ја критикува опозицијата, која премиерот Бабиш ја пофали, сепак, затоа што ги поддржа мерките на Владата и пакетот за економска помош.

Чешката влада им даде на претставниците на опозицијата три функции во националниот кризен штаб.

“Претседателот не треба да биде сезнајко. Јас сум лаик како епидемиолог, но затоа постојано се консултирам со експерти. Кога е војна некој мора да командува. Кога станува збор за борба против епидемија, логично е дека образованиот епидемиолог ќе ја води борбата”, рече претседателот Земан.

Related posts

Leave a Comment