Фудбал

ИСПИШАНА ИСТОРИЈА : МАКЕДОНИЈА НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ

Македонската фудбалска репрезенатција вечерва напиша историја. Со победата во Тбилиси над селекцијата на Грузија, Македонија за прв пат ќе игра на Европско првенство. Со еден гол во 56. минута по одлична акција, македонската репрезентација успеа да оствари голем триумф кој ја носи селекцијата кон Европското првенство кое ќе се одржи идната година.

Македонија лошо го почна натпреварот, односно Грузија имаше иницијатива со два добри обиди. Меѓутоа како одминуваше времето, нашата репрезентација се ослободуваше од притисикот, еднаш се закани преку Пандев, но не реализираше.

Македонија имаше шанси и за 0:2 преку Елмас, но не ги искористи. На крајот одбраната ја заврши работата, и Македонија ја оствари најголемата победа во историјата на фудбалот.

На Европско првенство ќе игра со Австрија, Украина и Холандија во Букурешт и во Амстердам.

Related posts

Leave a Comment