Свет

Италијанскиот сенат одлучува дали ќе има судење на Салвини за киднапирање мигранти

EPA-EFE / ETTORE FERRARI

Италијанскиот Сенат денес одлучува дали да дозволи да му се суди на поранешниот десничарски министер за внатрешни работи Матео Салвини .

Ако дозволи, на Салвини ќе му се суди за наводно киднапирање мигранти на бродот за спасување крај брегот на Сицилија минатата година.

Салвини, кој и самиот е сенатор, бара да му се укине имунитетот и да се појави на суд, затоа што тоа е рамно на одбрана на Италија од илегалните мигранти, кои се виновни за криминал и кражба на работните места од Италијанците, пренесува АП.

Предлог-законот се очекува да добие поддршка во Сенатот од гласовите на екстремно десничарската лига на Салвини и сојузниците во опозицијата.

Ако биде суден, Салвини може да се соочи со затворска казна од шест месеци до 15 години,затоа што не дозволи мигрантите да се симнат од хуманитарен брод додека беше министер за внатрешни работи минатиот август.

Во судскиот документ се вели дека судот во градот Палермо, Сицилија, го замолил парламентот да го овласти да ја продолжи истрагата против Салвини за киднапирање на 107 мигранти на шпанскиот хуманитарен брод „Отворени раце“.

„Салвини без валидна причина го отфрли барањето на капетанот за симнување од бродот , намерно загрозувајќи ги личните слободи на мигрантите“, се вели во документот.

Мигрантите биле на бродот со денови додека обвинителството не наредило заплена на бродот и евакуација на луѓето.

14 месеци како министер за внатрешни работи, Салвини постојано ги спречуваше мигрантите да влегуваат во Италија и ги спречуваше активностите на спасувачките бродови, заканувајќи им се со казни на хуманитарни организации обидувајќи се да ги натера другите европски држави да ги прифатат мигрантите.

Related posts

Leave a Comment