Свет

Лекарите бараат од Велика Британија да престане да го малтретира Џулијан Асанж

Повеќе од 100 лекари ја обвинија Велика Британија за оневозможување на потребната здравствена заштита за затворениот основач на Викиликс, Џулијан Асанж и дека дозволиле третман за кој претставник на ООН рече дека се граничи со тортура.

Лекарите побараа од Лондон да престане со „психолошката тортура и медицинско запоставување на Асанж … пред да биде предоцна“.

„Ако Асанж умре во британски затвор, што е можност на која предупредува специјалниот претставник на ООН , ќе биде затоа што тој всушност бил измачуван до смрт“, објави групата лекари за Асанж во писмото до медицинскиот весник „Лансет“.

ООН: Отворено непочитување на правата и интегритетот на Асанж

Асанж (48) треба да биде сослушан за екстрадиција следната недела откако американската влада го обвини за заговор заедно со поранешниот  американски разузнавач Челси Менинг поради објавување на класифициран материјал во 2010 година.

Во ноември, Нилс Мелцер, известувачот за тортура на ООН, рече дека британската влада покажала „отворено непочитување на правата и интегритетот на Асанж“, игнорирајќи ги неговите совети и советите од лекарите кои го посетиле Асанж во лондонскиот затвор.

Мелцер истакна дека Асанж, кој живеел во еквадорската амбасада во Лондон седум години пред неговото апсење во 2019 година, ги има „сите симптоми типични за долгорочно изложување на психолошка тортура“.

Смртна казна или 170 години затвор

Таткото на Асанж за БиБиСи изрази загриженост дека неговиот син би можел да добие смртна казна доколку биде екстрадиран во САД. Тој е исто така загрижен за неговото здравје затоа што, како што рече, тој е „постојано анксиозен“.

Иако Асанж најверојатно нема да добие смртна казна, обвиненијата против него поврзани со кршење на законот за шпионажа и истекување на информации може да резултираат со казна затвор од 170 години, пренесува Би-Би-Си.

Related posts

Leave a Comment