Македонија

Македонка вратена од САД : Нѐ затвopија во шупа што не е ниту исчистена, се cpaмам од цела држава, од сите вас …

Фотографија на Hristina Petrushevska.

Да започнам со тоа дека во рок од 12 часа поминав 3 различни аеродроми во 3 различни земји и континенти БЕСПРЕКОРНО со највисоко ниво на хигена, заштина и грижа! Влеговме во нашата држава или задруга како сакате наречете ја, за мене нема разлика и тука започнува нашиот кошмар кој сеуште трае!

Влегувањето започна до недоличен, понижувачки однос од страна на граничните службеници за кои сум сигурна дека немаат ни 1/3 од моето образование. Не затворија во собичка/шупа која не е исчистена, а камо ли дезинфицирана, заедно со уште 30тина патници од кои повеќе од половина оваа пандемија ја немаат сфатено сериозно. Резултатите од таквото однесување видете го на сликите!!! Џабе ми е што сум заштитена како космонаут кога 90% од опружувањето е обратно и нема каде раце да се измијат.

И покрај повеќе од 5 часа поминати во вакви МИЗЕРНИ услови, ние сеуште сме затворени во автобус и чекаме инструкции каде ќе не носат!!! Од наши контакти дознаваме дека веројатно ќе одиме за Охрид кое патување ќе трае мин. 6 часа од Деве Баир, а ако уште малку го почекаме полицискиот конвој, можеби нема ни до Понеделник да одиме до тоалет и измиеме раце!!!! Кој ќе преземе одговорност за целата оваа голгота и неорганизираност, за она што здрави и прави ќе се разболеме од се што постои? Влада на Република Северна Македонија Никола Димитров – Nikola Dimitrov Венко Филипче Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë

Се срамам од цела држава, се срамам од сите вас функционери кои треба да работите за нас а не да си ја префрлате одговорноста, се срамам што до вчера верував дека како држава сте спремни да организирате транспорт на еден автобус!!! Во овој автобус не постојат оние пакетчиња со храна кои ги видов на неколку слики деновиве, ниту пак епидемиолог кој треба нели да ги провери сите патници и дистанцира сомнителните!

Ние самите(5 патници) со наши инструкции до конзулатите во САД и совети од конзулатот во Бугарија, успеавме да организираме враќање САМИ без апсолутно никаква помош од ваша страна, а вие цела држава не можете да спроведете еден државен карантин??? Да не продолжувам со дополнителни објаснувања како нашите конзулати не се информирани за ништо од ваша страна и како одлуката за патување преку Софија кон Македонија донесена на 22 март, ние самите ја дознаваме од наш познаник на 29 март кој на свој ризик тргнува на пат! Планиравте ли некогаш да не известите дека оваа опција за враќање од САД постои? Секој ден бев на телефон со сите конзулати и никој не можеше да ни ја посочи отворената рута и ни препорачуваа да останеме таму кај што сме! А не прашавте ли дали имаме каде да престојуваме и како?

ЗАСРАМЕТЕ СЕ ГОСПОДА! И ова нека ви биде кратко и јасно образложение зошто сите млади бегаат од овде за подобра иднина и подобар систем!

И да, никој од нас не живее во САД и нема престој, сите од нас беа заминати на службени патувања кои носат приход во оваа држава! И за жал, од сопствената држава одбиени за враќање назад. Ќе беше многу полесно со регуларните летови да можевме да се вратиме назад како што сите држави на сопствените државјани им овозможуваат, а не да затварате аеродоми и после да мислите како ќе не вратите назад со измислени прекуокеански хуманитарни летови за кои сигурна сум дека немате капацитет да ги спроведете!

Забрането е од моја страна да не вбројувате во фамозните бројки на граѓани кои сте ги вратиле назад! САМИ се вративме со посебна благодарност до Г-динот Александар Панев од конзулатот во Бугарија. Овој човек нека ви послужи како пример за професионалност, грижа и посветеност. Човек со срце на кому вечно ќе му бидеме благодарни!

Related posts

Leave a Comment