Свет

Министерот за внатрешни работи на Велика Британија го потпиша барањето за екстрадиција на Асанж

Расправата за екстрадиција ќе започне в петок

 

 

Британскиот министер за внатрешни работи, Саид Џавид, во четвртокот изјави дека го потпишал барањето на САД за екстрадиција за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, но истакна дека конечната одлука ќе биде таа на судот.

“Имаме легитимно барање за екстрадиција, па го потпишав, но конечната одлука сега е кај судовите”, изјави Џавид за Би-Би-Си-радио.

Расправата за екстрадиција ќе започне в петок.

На 11 јуни, Министерството за правда на САД ги потврди информациите дека поднело формално барање до Обединетото Кралство за екстрадиција на Асанж.

Асанж го основа порталот Викиликс во 2006 година за да објавува доверливи информации за активностите на голем број влади, вклучувајќи ја и таа на САД. По обвиненијата за сексуално вознемирување кое беше поднесено против него во Шведска во 2012 година, Асанж побара засолниште во лондонската амбасада во Еквадор за да избегне екстрадиција. Случајот со силување беше отфрлен во 2017 година, но Обединетото Кралство продолжи да инсистира на тоа дека Асанж ќе биде уапсен поради неговото непојавување на судот во Лондон.

Основачот на Викиликс беше уапсен од лондонската  полициј на 11 април, откако претседателот на Еквадор, Ленин Морено, го објави повлекувањето на неговиот азил.

На 1 мај лондонскиот суд го осуди Асанж на 50 недели затвор за кршење на условите за неговата кауција во 2012 година.

Ако биде екстрадиран во САД, Асанж може да се соочи со 175-годишен затворски рок за компјутерско хакирање.

 

Related posts

Leave a Comment