Свет

Пет члена на американскиот Конгрес во изолација, двајца се ракувале со ТРАМП

Доналд Трамп

Пет члена на американскиот Конгрес од денес се во изолација, меѓу кои и двајца републиканци кои биле во контакт со американскиот претседател Доналд Трамп по изложувањето на вирусот Корона.

Конгресменот Мет Гец патувал со претседателски авион „Ер Форс“, со кој Трамп се враќал во Вашингтон, објавувајќи дека тој бил „во контакт со лице кое било позитивно на корона вирус“  11 дена предтоа.

– Иако конгресменот нема симптоми, тој остана дома и ние ги чекаме резултатите од неговиот тест – напиша неговиот тим на Твитер, додавајќи дека тој би бил во самоизолација 14 дена, пренесува порталот Индекс.

Друг републикански конгресмен, Даг Колинс, кој се состана со Трамп во петокот, изјави дека денес ќе остане во доброволна изолација иако немал никакви симптоми затоа што бил изложен на вирусот на крајот на февруари.

Колинс беше зад американскиот претседател во петокот за време на официјалната посета на американскиот центар за контрола и превенција на болести во Атланта, и се ракуваше со Трамп за време на тоа патување.

Двајца конгресмени беа изложени на вирус за време на големата конференција на конзервативците ЦПАК, одржана на 26-29 февруари во близина на Вашингтон.

Related posts

Leave a Comment