Македонија

Писмо од група Македонски интелектуалци: Историјата на Македонскиот народ и сето она што го дефинира Македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии.

Група интелектуалци во отворено писмо најостро реагираат на негаторската политика на бугарската влада.

Историчарот Михајло Миновски како еден од потписниците на писмото вели дека Македонија треба да ги прекине преговорите, бидејки е политички наивно да се верува дека ова или било која следна бугарска влада би се откажала од зацртаните интереси.

Миновски е дециден дека со Бугарија немаме заедничка историја, дека заедничката историска комисија со Бугарија во суштина е политичка бидејки вели тој во науката не се преговара за историското минато, кое е предмет на проучување на секоја од историографиите пооделно.

Не загружува што се зборува за споделена историја и историски личности, што е неприфатливо за науката. Личностите или припагаат на една нација или на друга, вели Михајло Миновски-историчар.

Според Миновски никој не може да го оспорува континуитетот на и развојот на македонскиот јазик, кој е потврден и во легвистичката и во светската наука и кој има континуитет во старословенскиот јазик, а првата кодификација е направена уште од Мисирков.

Според македонскиот копретседавач со заедничката комисија, со Бугарија Ѓоргиев историскиот спор треба да продолжи да се дебатира на академско ниво и може и понатаму да остане нерешен, но тој не треба да влијае на политичките односи меѓу двете земји.

Комисијата ќе се состане повторно на почетокот на декември, но историчарите од двете земји имаат различно толкување на она што се нарекува заедничка историја, која за Софија до 1944 била само историја на бугарскиот народ , што е неприфатлово за нас .

Related posts

Leave a Comment