Свет

„Постојат многу докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан“

EPA-EFE / CHRIS KLEPONIS / POOL

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави денес дека има многу докази дека коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан, а не од блискиот пазар.

„Постојат многу докази дека се започна таму. Од почетокот зборуваме дека вирусот потекнува од Вухан“, рече Помпео за АБЦ.

Сепак, тој не кажа директно дали смета дека вирусот е намерно пуштен.

Помпео додаде дека нема причина да се сомнева во ставот на американското разузнавање дека короната не е создадена од луѓето и дека вирусот не е генетски модифициран.

Тој рече дека кинеската страна не дозволува пристап до информации од значење и дека ова не е прв пат светот да биде изложен на вируси заради, како што рече, „пропусти во работењето на кинеските лаборатории“.

Related posts

Leave a Comment