Македонија

Првата отстапка на владата на Заев кон идниот грчки премиер Мицотакис-,,Македонија вечна‘‘ замина во историјата

 

Лидерот на грчката опозициска партија Нова Демократија,Мицотакис, кој е најсериозен кандидат за премиерското место во Атина на престојните предвремени парламентарни избори во Грција,очиглено внесува страв кај преставниците на владата на СДСМ.Тој уште не седнат на тронот  во Атина успеа да издејствува македонската влада да го смени позатиот слоган Македонија вечна кој долги години се користи за промоција на туризмот во нашата држава и вон неа.

Промената е направена на  официјалниот сајт на државната агенција  за промоција на туризмот, токму онака како што бараше грчката опозиција. Од агенцијата велат дека  со вакавата промена ке се усогласат и текстовите, кои се уште го содржат стариот термин.

Пред неколку дена  Нова демократија на Мицотакис се пожали дека Скопје  не го почитува преспанскиот договор и го користи старото име во привлекување на странските туристи.  Одогворт на македонската агенција беше дека процесот на целосно ребрендирање на туристичката понуда за нашата земја  е во тек, но дека за тоа е потребно време и процедури.

Related posts

Leave a Comment