Свет

Претседателот на Боливија, Ево Моралес , си поднесе оставка

Ево Моралес

Претседателот на Боливија, Ево Моралес , си поднесе оставка, пренесува BBC.

Претходно, командантот на вооружените сили на Боливија, Вилијамс Калиман, го замоли Моралес да го стори тоа за да помогне во обезбедувањето стабилност во државата.

„Откако го анализиравме внатрешниот конфликт во земјата, го замоливме претседателот да се откаже од неговиот мандат за претседател, со цел да се врати мирот и да се одржи стабилноста во корист на Боливија“, рече Калиман пред новинарите.

Протестите и немирите во Боливија започнаа по изборите кон крајот на октомври, на кои победи Ево Моралес, а во немирите досега загинаа три лица, а повеќе од 300 беа повредени.

Организацијата на американските држави (ОАС) соопшти дека ревизијата утврдила дека имало нерегуларности на изборите, а порано денеска, Моралес се согласи да се одржат нови избори и да се заменат членовите на изборната комисија.

Related posts

Leave a Comment